1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живи „статуи“ (Living statues)

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од FortuneTeller.xD, 17 октомври 2011.

  1. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Терминот „жива статуа“ (анг. Living statue), се однесува на пантомимичар, преправен како статуа, со помош на шминка. И не е само шминката она што ги прави атрактивни, овие уметници, имаат и јаки нерви, стоеќи во една позиција дури и по неколку часа, за потоа да ги изненадат набљудувачите со некое нагло движење, предизвикувајќи разни реакции.
    Овие атракции во форма на статуи веќе не се новост по улиците на европските метрополи, ги има многу, и ги има во секакви изданија.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Што мислите вие за нив? Ги сметате како форма на уметноста, или се само уште една обична глупост, која може да ви предизвика многу непријатности?
    Сте имале ли искуство со нив? Каква била вашата реакција?


    Разгледував наоколу, не видов ваква тема. Ако е дупла, не поттикнува дискусија и слично, ондак канта.
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    поефтино ќе не коштаа вакви да стаевме во центар, ем плата луѓево ќе зимаа изигравајќи статуи, ем толку милиони ќе заштедевме :rofl:
    Aбре тоа ти е.... за нареден пат да знаеме :lol:

    OH топик интересни се, навистина, добар начин да се заработи некој денар, а да не е просење :)
    Jас имам видено вакво нешто, ама цел намачкан со бело, интересни се, ама и по малце језиви :)
     
    На Hipster, mims-89, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Баш интересно :D :rofl: :rofl: инаку ги сметам за форма на уметноста или дел од уметноста,пред се бидејки со самата шминка многу автентично ја претставуваат скулптурата, секоја чест што можат да издржат така долго време.Според мене не е глупост, не би можела да предизвика непријатности, напротив, човек и да ги забележи, нема да помисли дека не се скулптури, поради автентичноста.Знам за ова, но, немам искуство, знам што зборам :D интересно е и што набљудувачот е испровоциран за да открие дали се скулптури или не, со самото тоа да покаже интерес, а доколку покаже интерес, тогаш тие успеале во својата цел :lol: освен глумење на скулптура :D
     
    На Miss-Independent му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Морам да си го кажам искуството со една ваква "статуа".
    Бевме во Виена на ескурзија и не оставија сами да се шетаме.Арно ама јас и неколку другарки залутавме,и неможевме да се снајдеме да се вратиме кај автобусите.
    Веќе мрак падна,и ние такви изгубени се трудиме да го пронајдеме патот,и јас ја забележав статуата и приметив нели дека е човек.Има слушано и порано за нив,па најверојатно затоа и го препознав.
    И и викам на другарка ми Еј види, и ја си се замајав со нешто друго,мислејќи дека и она ќе сфати што е работата.
    И сеа нејзе не и било јасно што ми било мене интересно у статуата па сум и рекла ЕЈ види,и и се приближила убаво.И сеа се свртува другарка ми со грб тргнувајќи да си иде, уште не запознаена со ситуацијата,и овој човекот-статуа ја фаќа за рамо ја погалува.Леле кога врисна :D :D .
    Абе се извади од памет,и одма го најдовме патот после :D .
    Со тоа што не ми збореше уште неколу саати пошто не сум и кажала дека е човек.
    :rofl:

    Иначе и јас ги сметам за уметност.Епа навистина е уметност да се замаскираш така,толку вешто и притоа и да глумиш така добро.Па мене би ми било потешко тоа да го изглумам,така мирна да седам да не се мрдам,него ли да глумам улога у некоја претстава.
    Секоја почит стварно.
    :bow:
     
    На LittlePinky и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Мене една ваква од памет ме извади летово во Грција |(
    Јас така занесена во вечерната прошетка не ни ја приметив, си грицкам крофни, а она оп! - со тоа ружата ми замавна пред очи! |(
    Интересни се, ги имам гледано и низ други градови во Европа и стварно се креативни. А и не е лесно секој ден да се мачкаш, да се шминкаш, а после цел ден на плоштад да дремеш во неколку пози и да се укочиш.
    Инаку прво нешто на кое ми текна кога ја прочитав темава беше една сцена од Eurotrip :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=lX2nUP1015M
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Имаше ова лето во Грција во Паралиа, еден човек избоен цел со сребрена металик боја. И најпрво мислев дека е статуа но го фатив кога трепна :devil: Многу интересни се и точно е дека треба и за тоа талент, да стоиш во една позиција по неколку саати не е лесно :wasntme:
     
  7. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    И јас имам сретнато една во Паралиа, девојка цела во бело, фустан и лицето прекриено со боја. И цело време стоеше мирна освен кога некој ке и оставеше пари во кутија, па се поклонуваше. :)
     

    Прикачени фајлови:

  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Да уметност е, ама пак кога ги гледам како дремат по цел ден во иста положба мене ми е жал. Стварно ми е жал, некои прават движења ги забавуваат минувачите, а некои здрвени цел ден, како питачи ми се.
    Дури кога ќе видам некои им оставиле 2-3 парички а цел ден дреме.
    Навистина алал да им е на тие што ќе се решат со ова да заработуваат. Јас со црвци во газето ни 10 минути во исто место нема да издржам.
    А ги има насекаде низ Европа, најчесто летно време низ излетничките места прават забава.
    А посебно во Барселона ги имаше на 10 метри и изгледаа интересно, но така со здрвени фацулиња ептен тажнички ми изгледаат, не знам дали стварно се тажни или јас така ги доживувам.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Во последно време се многу почести, ги има скоро секаде, во будва се сликавме се дечко ми, двајца беа, маж и жена, сензација на вечерта! Интересно и иновативно нешто.
    пред 4-5 години имаше најмногу во Шпанија, јас бо барселона имам видено 15 на шопинг улицата. Беа од најразлични воздрасти и најразлични маски: Џинови, духови, џуџиња, волшебници абе што ти душа сака.
    Сметам дека е уметност, една другарка која студира глума ми кажа дека на нив им требало по 4-5 саати само да се спремат, нашминкаат,облечат, да ја спремат точката. и плус со саат стојат, кои скаменети, кој пак приредуваат мали точки!
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Океј се, си нашле луѓето начин за заработка. Само прашање е колку навистина од тоа заработуваат...
    Да седиш со саати во една иста положба, на една нога, со рака испружена или свиткана или со глава искривена е стварно уметност и моќ. Едноставно не може секој. Но, дали се исплаќа?!
    Цел ден изиграваш пред еден куп луѓе, ги забавуваш, а колку од нив ќе ти фрлат паричка? Ни 50%!
    Сепак, секоја им чест за храброста!
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас па мислам дека ова не е уметност.
    Ова е способност. Стоењето во место со саати е трпение, вежба и напор.
    Да се пикнеш цел во бронзена боја, и тоа не е уметност.
    Не го може секој, зошто треба вежбање. А не сите имаат време да вежбаат стоење со саати.

    Да кажеш да танцуваат, да глумат нешто, да творат, да создадат уметност....

    Маката ги натерала на ова, зошто мора од нешто да се живее.
    Интересни се за гледање, ама само, и под услов само кога изгледаат оригинално. Сум сретнала многу и повеќето делуваат страшно аматерски, се движат без врска, се глупираат и не се доволно маскирани.
     
  12. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Немам видено во живо ама што сум погледнала некои видеа интересни ми се овие живи статуи :)

    И да,треба многу вежбање за да можеш да стоиш во една положба неколку саата...алал нека им е :clap:
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Во Шпанија на најпозната улица за шетање ,,Ла Рамбла,, бев изненадена од живи статуи. До тогаш во живо не бев ја видела таа уникатност.
    Не го сметам тоа за уметност туку современ начин на просење. Дознав дека за да бидеш на Рамбла жива статуа прво треба да имаш одобрение (ваљда од нивна општина) а како второ има одредени зададени теми кои ќе се вклопат во целата архитектура. Не може било кој или туку така да оди и да биде жива статуа. Примамливо е многу на таа улица да бидеш жива статуа затоа што секојдневно поминуваат стотици туристи и ги доживуваат како атракција. Тие луѓе буквално живеат од паричките што ќе им ги фрлат туристите.
    Е тоа ми е ок, што е осмислено. Значи државата дозволува просење (секаде по светот има беда, бездомници...) ама на културен начин. (за разлика од кај нас :x )
    Не стојат мирно цел ден, туку на одредено време што знам пола сат - сат менуваат поза али таа маска им е само за тој ден, за утре нова маска.
     
  14. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Какво трпение :| :clap: :clap: Интересни се :) Браво :)
    Немам видено некој ваков кај нас...во секој случај...супер се :lol:
     
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Интересни се :D Во секој случај секоја чест за луѓето што можат да издржат да го прават тоа,и секоја чест за толку професионалната шминка ;)
    Иначе имам стретнато вакво нешто и кај нас во Македонија,во Стара Скопска Чаршија мислам дека беше.Човекот(Актерот) беше облечен се во бело и стоеше на едно како камен од кај знам шо беше,и беше осветлен.Интересно изгледаше :D
     
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Па тука се мисли на 2 типа. Едниот се оние по улиците на Рим кои кога одев просто им се воодушевував како стојат така без да мрднат буквално и ги набљудував долго време, не можеш да приметиш дека тоа е живо суштество, човек. Ова е тешка и невидена способност. А вториот тип ми се во Мадам Тисо, восочни фигури кои изгледаат како вистинските луѓе, вау! Не сум била ама гледав слики кај една што беше и прекрасно е, буквално тешко се приметува е сеа зависи кај кои како, ама воглавно вистинска уметност.
     
  17. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.095
    Пол:
    Женски
    Интересни се,за ова треба талент и издржливост. Немам видено во живо,но баш би сакала. :)
     
  18. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Интересни се.
     
  19. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Го делам истото мислење. :)
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Страшни се.. Минатото лето во Аспровалта еден ме извади од памет