Животинска фарма (Џорџ Орвел)

Дискусија во 'Книги' започната од Antigonna, 7 јануари 2013.

  1. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Моментално ја читам книгава и многу ми се допаѓа,ме фасцинира тоа како преку животните се покажани човечките особини.
     
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Мајка ми рече дека и се допаѓала.Сега и ја купив за 8ми март.
     
  3. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    1.036
    Пол:
    Женски
    Иако самата книга е настаната како критика на Октомвриската револуција, болшевиците и сталинизмот во пост-комунистичката светска сцена претставува фантастична алегориска сатира за едно труло тоталитаристичко општество владеено од брутална диктатура, настанато како резултат на револуцијата каде сите се борат за добробитта на сите, а на крајот малкумина избрани владеат со железна рака под плаштот на теророт. Дава реален пресек на една диктатура со сета нејзина хиерархија. Опис во кој можеме да препознаеме и некои современи општества, маскирани под превезот на демократијата.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    39.339
    ^По малку и нашето,нели?..Особено прасињата се намножија и се се' поамбициозни.
     
  5. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    1.155
    До ден денес ништо не е сменето, не се осеќате како да живеете и вие во Животинската фарма?