Колку што видов темава до сега не е отворена, а се надевам ќе биде посетена. Ако сака некој да се менува со сликички од Животинско царство нека пише. Поздравче. Еве мене кои ми фалат-9,15,18,21,22,24,25,27,29,31,45,46,47,52,59,60,62,65,70,73,76,77,78,79,83,84,85,86,87,90,92,94,95, 100,102,106,107,112,113,114,115,122,124,130,131,132,134,136,138,142,150,152,157,160,164,162, 166,168,172,173,176,181,184,186,190,192,193,196,200,202,204,205,206,208,212,214,216, 220,226,230,234,236,240,238,241,242,244,248,249,250
АААА па многу ти фалат имате уште многу јадење чоколадо. Ние само ги јадеме чоколадите а сликичињата ги лепиме на рака па во канта
Јас како помала ги собирав и го собрав целиот албум. И ми дадоа куферче од картон наполнето со производи на краш и една сликовница . Се сеќавам дека ми во последните ми фалеше кравата и камилата. Сега не знам какви се албумите и наградите, а брат ми нема изразено желба да собира.
Кога бев малецка го собирав албумот со сликички. Најмногу се радував кога татко ми ќе се вратеше од работа со неколку чоколатца во рака а некој половина час по него и мајка ми со полна рака чоколатца. Ентузијазам по цела куќа. Љубопитно и внимателно ги отварав а уште по внимателно ги лепев сликичките и доколку некоја сликичка ми беше искривена веднаш се трескав од земја па мајка ми со нејзините фикс идеи некако ги преправаше. За жал незнам каде е албумот Интересна работа како и да е... Трошок за родителите а слатко задоволство и хоби за деца
Јас го собрав животинско царство од 1993та и тоа пред 2-3 години, откако најдов финта. Добив пакет производи на краш, детска радост бре неможев чоколади да се изјадам. Го добив на подарок новиот албум од 2008ма, но немам ниедно сликиче. Како и да е пакетот е многу скромен, мајка ми ко дете ми го има собрано и стариот албум не знам која година и вика кога пратија краш прав пакет голем, а сега мини пакетче. Да не должам еве ја финтата. Животинско царство 1993 http://www.slikicki.com/mak/collections ... rstvo-1993 Животинско царство 2008 http://www.slikicki.com/mak/collections ... rstvo-2008 Се зачленив и се разменував со неколку луѓе и си ги добив сите сликички. Јас нив им пратив што им фалат а тие мене. Мислам дека може и 10тина сликички да ти фалат, Краш го признава, но убаво распрашајте се. Но јас го пратив со сите бројчиња, комплет собран Уф колку бев среќна кога ми беа залепени сите бројчиња
Кога бев помала собирав, и ми дадоа пакет со производи од Краш и плус едно огромно картонско чоколадо кое сеуште го чувам
Супер ти текна со темава .На нас ни фалат уш те отприлика 20 но треба да проверам кои па ке пишам , а ке проверам и дали имам некои од вашите сликички
Од овие што ти фалат ги имам 18,24,27,60,79,90,92,160,181,192,202,206,214,236 а на мене ми фалат Ч 11,17,26,29,55,72,73,105,106,107,110,118,123,126,131,183,190,197,198,208,213,234,243,246 имас некои ос овие за смена
Животинско царство албумот кое речиси секое дете го има собирано , па дури и моите родители. Се сеќавам дека кога бев мала само вакви чоколадца јадев и одма ќе одев да ја залепам сликичката , а пак доколку не била право залепена сум плачела, сум рикала и татко ми ќе земеше ќе ја одлепеше и повторно убаво ќе ја залепеше. А пак кога ќе немав што да правам секогаш беше до мене албумот за да го бојам.Кога го собрав цел некако го пративме и ми стигна голем многу голем пакет со разни благи работи и + уште еден албум кој остана за сестра ми , али некако не беше она тогаш заинтересирана за животинско, повеќе за Барби и сега така си седи дома празен албумот.
Kako мала собирав секакви сликички са албуми а баба ми за да ме израдува секогаш ми купуваше по 10 кесички со смоки winks.
Ајде да ја активираме темава. Албумот почнав да го собирам минатото лето. Ова лето сакам да ми биде целосно пополнет. Пред месец дена ми фалеа околу 170 сликички, а сега, после размените преку spletkomat.com уште 20тина. И сакам да го комплетирам албумот додека сум во Македонија, сакам малиот да си го има, од едукативни причини. Ако има заинтересирани за размена, пишете во темава, да ја активираме и да се разменуваме. Имам доста дупликати. Ќе пишам кои ги имам, а кои ми фалат ако се јават заинтересирани. Може?
Annath, нам ни фалат многу, ама да си појдам дома ќе пишам дупликати, може ќе се потрефи некоја. Инаку во Тинекс даваат 4 чоколади со 4 сликички гратис (64 ден се).
Еве да се пријавам и јас дека почнавме да собираме. На почеток сме на собирањето и имаме само 11 сликички во албумот. Ако се појават дупли ќе пријавам!
Еве јас да си кажам. Ни фалат уште 12 сликички, и тоа 52 76 78 82 114 132 133 160 163 164 203 224. И плус уште 205 (не е за мене, ама се разменувам со моите за неа). Дупликати ми се: 2 5 8 9 10 12 14 16 18 19 20 22 23 24 25 26 29 31 34 35 37 39 43 44 45 46 51 57 60 61 62 66 68 73 74 80 85 86 87 89 93 95 101 107 113 116 120 121 123 130 135 137 139 143 145 148 151 154 156 167 168 170 173 179 180 181 182 183 185 187 190 193 195 199 201 206 218 219 220 233 235 240 243 245. Ајде кој е заинтересиран нека пише
Сликички Животинско царство Иако моето бебе сеуште нема годинка па повеќе пишувам во темите за бебиња, извесно време како почнавме да подјадуваме чоколадо животинско царство па јас како добра мама си купив албум да и собирам сликички. Оваа тема мислам дека е добра за сите ние кои собираме сликички, па може да правиме размена и слично. Собирате сликички?
Сликички Животинско царство Не собирам сликички ама и како дете а и сега ужувам јадејки ги овие чоколадца.Сеуште кога одам со мајка ми да пазарувам најчесто во веро на каса кога стоиме ми зима по некое вакво животинско царство во знак секавање на времето кога сум била дете.
^^Деновиве треба да ми стигнат и последните две сликички и ќе можам да се пофалам со пополнет албум. Конечно. Ти благодарам за понудата. Ако има некој заинтересиран, кажете да ги пишам дуплите што ми останаа, па да ви ги пратам на тие што ви требаат