Здраво на сите, Ве молам за помош. Ми фалат следните сликички од Стариот албум животинско царство 50,58,61,71,96,110,150,161,162,182,233,240,242 и 250. Може да се трампаме или да ги откупам. Однапред Ви благодарам. Тел за контакт 075/224-851 Ми фалат следните сликички од Стариот албум животинско царство 50,58,61,71,96,110,150,161,162,182,233,240,242 и 250. Може да се трампаме или да ги откупам.
Pobarajte ja na Facebook grupata Zivotinsko carstvo - razmena na slikicki, taka najbrzo ke gi soberete slikickite sto vi falat
Фала баш да кажам на пријателка им фалат уште малку а немаат дупли за размена, јас собрав и никако да одам да си земам ранче
Дали може некој да ми објасни од кога е започнат новиот албум и каков е тој јуниор посебни слики се некој или?
Па речиси една година како го има „јуниор“. Помал формат е,а внатре не знам дали и која е разликата. Во основа би требало да е ист. Чоколатцата на вкус и изглед се исти, само што на новите пишува „јуниор“. Има разлика во сликичките,горе во аголот,кај едните е како заоблено,а кај другите права линија. Ние се откажавме од собирање.Иако сигурно за 3 албуми имаме сликички
Јас сакам да се обидам но незнам новиот кога е излезен да не заврши и оп нови слики со старите ништо сигурно не важат за сите албуми.
^Новиот „јуниор“ албум е излезен пред речиси една година. Го има сигурно во Тинекс маркетите и продавниците на Краш. Верувам и во другите поголеми маркети. @k.frosina убаво провери си ги сликичките, навидум се исти, но има разлика горе во аголот каде што е бројчето. Сликичките не важат за сите албуми. Башка се за стариот, башка за новиот албум.
во рамстор маркети имам видено, во делот кај што има книги... Или прашај некој касиер... И ние го собираме, ама бидејќи бебе не јаде животинско, а мама реши да прави рестрикција на благо, паузираме
Да ти кажам јас пред месец, месец и нешто купив од новиот албум. По маркетиве се уште се продаваа чоколатца од стариот по мн. ниска цена за да им се дотрошат...сега како што гледам веќе секаде се од новите чоколада. Јуниор албумот има различни сликички само некои се повторуваат и во новиот албум на животинско и се под друг број, али пишува дека можеш да ги искористиш и наведено ти е во албумот која сликичка од јуниор албумот можеш да ја искористиш. А сликите од стариот албум се сменети...за новиот не можеш да ги користиш.
Офф леле а вчера баш свекор ми вика абе некаде се 10 ден некаде поскапи што значи јас имам од старите сликички и како да ги препознаам кој се старите може замарам али па незнам.
Кај знакот(логото) КРАШ има сребрено знакче НОВО. Јас ги земам паковани 4 + 2 сликички гратис од КАМ најчесто.