Како оди собирањето на Јуниор албумот ? Знам дека и таму се 250 слики, ама ме интересира дали се купува тој ? Дали и за него има гратис +2 сликички, кој се ретки, кодовите се користат ли? И кој се наградите ?
Различен ли е тој Јуниор албум од обичен? Немам купено албум па да знам каков да барам? И има ли посебни чоколатца за во тој јуниор или истите се?
Одиш на горе лево мени, размена и размени ги сликичките. Имаш стрелки лево десно си вртиш и ти дава понудени на тие што им требаат твоите сликички. Си скролаш и си бираш сликичка, селектираш подоле и твоја која сакаш да ја размениш и одиш доле на испрати. Толку е, чекаш да профатат или одбијат Ако не ти е јасно прашај друго.
Имав подзабораено дека ланското летото земав албум, и сега пак почнав да си купвам и да берам после скоро година пауза пошто скроз изумив. Да присоберам дупли и ќе клам ако има некој од БитоЉ да се менваме. Џокерот важно знам кај го чувам, то е најважно. Ми се падна во првиот месец, чудно како го немам загинато. А онлајн еден албум веќе собрав, сега вториот. 141/250 сликички имам засега, користам ап за бележење за ко ќе сум надвор да знам шо дирек да дам на другарка ми ако нема, а јас имам. Високо препорачувам.
Можете ли да се уклучите на дигиталниот? Јас не можам денеска, дали прават нешто со страната кој знае..
Некој да ме просветли како фунционира дигиталниот албум на животинско? До сеа ги читав правилата на igraoni.ca и ништо не укапирав. Го собирам дома обичниот албум, ама не сум приметила кодови до сега. Поврзани се со обичниов албум или како?
Ахам. Еве внесов и сега ми дава дека имам вкупно 12 од 250 сликички, и 12 дупликати. Како сите ми се дупликати? Сори, сакам да влезам у шема