Минатата година ми стаса за 3 месеца. Од оваа година,нарачав пред скоро месец дена, уште ништо. Ама ќе ги испратат кога тогаш.
Како се испраќа дигиталниот дека е пополнет за награда и каде? И за земање награда треба ск во краш (и за книжниот) или ја праќаат на адреса? И дали треба овие кодовите да се чуваат или не?
Откако ќе собереш доволно на дигиталниот, пример 2 златника, тогаш имаш опција за избор на подарок и ти се отвара формулар, пополнуваш. За ск се зимаат од краш на ул. Македонија, за другите градови мислам по пошта стигаат. За обичниот од ск зимаш директ у краш, а за др градови, ваљда го праќаш по пошта.
Од Велес сум, дигиталниот го нарачувам и стига преку пошта. Е сега се чека многу, ама и не ми се брза. А за книжниот нема шанса да пратам преку пошта. Здравје некогаш кога ќе можам ќе отидам до Скопје и директно ќе ја подигнам наградата. Ако има воопшто во Краш, пошто не носат често, и има ограничени количини.. И многу се жалат, ранците биле никакви, лити и лесно се кинеле. А внатре биле празни, и тие чоколада што ги ставале им минел рокот за кратко. Се на се, играва е скапа , а подарокот не вреди. Наполнив 3 албума, занимацијата беше интересна, ама џабе парите реално. Иако наполнив 3, немам ништо подигнато, немам време во Скопје да одам, ќе биде кога тогаш
Јас испоземав се, 5 плишани играчки, 2 чашки, 1 плишано ранче(ова пред 4 години) 3 обични ранци и душа им извадив. Ама јас се менував многу, па и мм го ангажирав. Иначе не се исплати.
Го имам лавот од минатата година, плишот е убав мек, а на изглед и не се лични многу. Сега ќе видам останатото што ќе стаса, ама за да ги извадиш парите, и да се радуваат децата арни се.