Квизот само еднаш може да се игра или секој ден? Со колку сликички се освојува 1 златник? Треба цел албум да се пополни? И што ако почнам сега да собирам во дигиталниот ,а тој трае до 31.12, нема да ми важи после тоа? Те цитирав тебе,ама кој знае нека каже
Првите два дела се друштвени игри к стварно се супер. Моето дете ги обожава, плуссе учат споредби со картите и стратегии. Трка и бркотница е со коцки ама има и враќање назад и скокање полиња и слично и плус факти за животни учење.
Квизот се игра еднаш само. Златник се добива кога ќе се пополни целиот албум. Па ако почнеш сега да собираш, до крајот на годината гледај да го завршиш. Ако имаш дупли, брзо оди разменувањето...
ете @iloveyou29 одговорила. Инаку брзо оди собирањето дека за секој код добиваш по две исти сликички.
Женски уште две ми фалат на дигиталниот никако неможам да се разменам. 226 и 244, некоја да не има код? Би Ви била прееблагодарна. l:
Стасаа сите плишани мечиња преку карго, и според мене ќе ги подредам по убавина. 1. Алигаторот 2.Жирафата 3.Галебот 4.Лавот 5.Пандата (најнеубава) Ама морам да признаам, плишот е преубав на сите.
Со 2 соберени албуми се добива една играчка,така? Ти 10 албуми собра за да ги добиеш сите? Колку чоколади изедовте ?
Многу Купував ептен , по 4-5 паковања неделно, со тие што се 2 сликички гратис. Лавот ми е од минатата година, оваа година ги земав овие 4 ( т.е. оваа пола година) . Плус се менував за кодови, и се наполнија 2 златника така
Ние четвртиот дигитален го полниме, а на другиот ни фалат уште 20 сликички. Имаме земено две награди една лавчето со лепенки, ништо посебно и се зезнав што не си го чував тој златник. Другата е играта Опстанок таа е навистина интересна и барем искористена салам. Сега сакам да собереме втор златник за да земеме од плишаниве, но како тргнало дур собереме мож и да ги снема тие. Гледам алигаторот повеќе не е достапен.
Тие лепенките ич не чинеле, арно што прочитав еднаш на групата, и среќа што не земав.Ако сакаш да го нарачаш алигаторот, нема потреба да го нарачуваш сега ако е потрошено, ќе си ги чуваш златниците, и кога ќе има ќе го нарачаш.
Достапен е сега, се надевам дека ќе успеете да соберете. Дали и книжниот албум важи до крај на годината и дали некој ја има нарачано играта "Опстанак најјачих" да ми каже што е всушност играта?
Книжниот не е до нова год. Јас се јавив во краш, ми кажаа дека немаат инфо до кога ќе биде ама сигурно уште 1-2 год. Тука членка пиша дека е до 2024г (@Dikinzi) мислам беше
А има ли рок и дигиталниот до кога да се пополни? И откако ќе пополнам еден дигитален,автоматски ли се префрлаат сликички ако имаш дупли и се пополнува друг дигитален?
Пишува во правилата до 31.12.2020 Ние од пред недела,две купивме албум и сеуште не сум почнала да внесувам кодови во дигиталниот зошто не сум сигурна дали ќе ми ги важат после 31.12, ако не го пополнам до тогаш. Им пишав на Краш на фб немале инфо