Здраво темава не е активна баш ама да си прашам дали некој има 243 и 249 сликичка ми треба само кодот да го пишам на дигиталниот албум само тие ми требаат за да го завршам албумот.
Сите плишани играчки се достапни во моментов. Јас имав два златника и сега ги искористив. И толку ќе биде не собираме повеќе.
Дајте некоја сликичка како изгледаат наградите од електронскиот. Дали вреди да собирам и таму Ги видов на страната ама незнам колкави се во живо
Собравме 2 дигитални и избравме награда. Да ја чекам на домашна адреса или треба да одиме во Краш да ја земеме?
Оди во Краш на ул. Македонија и побарај си ги. Ако си ги нарачала неодамна, уште не се стигнати. Ако се пред 1 месец, може да се дојдени.
Ако има некоја мајка реон Аеродром Тобако 2, јас немам многу дупли ама може ќе се најде нешто. После ќе сликам кои ги имам
Што е со плишаниве играчки ,зошто ги нема? Нарачана ми е уште во јуни, бев почеток на октомври во Краш на плоштад, вика за 1 недела ќе стигнат. Денес отидов ми вика нема. Викам добро може ли да запишете податоци да ми чувате? Ама не ,кога ќе стигнат за една недела јавете се Излегуваме и мали ми се врти мамо играчката? Толку чоколадца купени,едно мече да не може да земеме..
По многу време доцнат, 3-4 месеци сигурно од нарачување до пристигнување, минатата недела мене ми стигна играчката исто во јуни нарачана.