Убави се, висина колку една лист А4 формат. Друштвените игри се истите што ги добиваш со собран прв и втор дел од албумот. Така да ако веќе сакаш нешто што ќе им задржи внимание подобро лавот и пандата - лепенки земи ги. Еве ги сите плишани А еве ги и лепенките
Фала ти многу. Супер цела колекција си направила. За друштвените игри само не те разбрав, како даваат, кој прв и втор дел да се собере? И албумот цел ако го пополниш, само листот од позади го праќаш и што се добива?
Види на последната страна кај што се триаголничињата. Албумот е поделен во 3 дела. За првиот и вториот дел има друштвени игри , за третиот ранец со пакет производи. Инаку да, само листот ама подобро однеси го директно во краш.
Како се добиваат овие плишани играчки за награда, синко за нг сака дедо мраз да му донесе крокодил и баш ми се допаѓа. Или ако имате видено во продавница, ве молам пишете ми, се ближи нова година
Играчките се добиваат со регистрирање на кодовите кои се наоѓаат на задната страна на сликичките. Со собран доволно број кодови си бираш играчка
онлајн собираш албум, и за собран онлајн албум ти испраќаат по пошта ирачка или друштвена игра. Небитно, завршува ова онлајн собирање на 31.12. Немаш време да се вклучиш
Имам еден златник на дигиталниот албум. Ако не го искористам до нова година ќе ми пропадне или ќе имам можност подоцна да го искористам?
Физичкиот? Важи, нема ограничување. Баш пред некој ден бевме да подигнеме награди, ист таков ни дадоа.
Женски, за онлајн албумот ми фали само уште сликичка бр. 245 и никако да најдам некој да ја сменам. Ако ја има некоја да се смениме, корисничко име ми е ROSSONSK, имам 359 дупликати
Нарачав награда со златници и ја нема да ми стаса на домашна адреса веќе подолго време. Неможам ниту да најдам нешто како доказ на профил или на маил дека сум ја нарачала. Како да најдам да проверам? Не се ни сеќавам коа точно играчка беше
И јас исто нарачав одамна и ја нема. Другарка ги земала наградите од албумот од таму и кажале дека стојат во системот дека се нарачани. Немало залиха на играчките,па штом добиеле ќе ги прателе. Колку е вистина не знам
Јас пред години нарачав и ја нема, па на следно одење (собравме албум треба да го носам), ќе ја побарам. Исто направив пред неколку години. Отидов со собран албум и си ја побарав и играчката од електронскиот. Ме најдоа на некоја листа со маилот и ми ја дадоа одма.