Животите на другите (The Lives Of Others) [2006]

Дискусија во 'Филмови' започната од boomsleng, 26 јуни 2012.

  1. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    668
    Убедливо најдобар филм кој сум го гледал во последниве 10 години
    Ремек дело
    Филм кој мора задолжително да се гледа
    Оригиналниот наслов на филмот на гермаски е Das Leben der Anderen
    Филмот обработува една доста деликатна, чуствителна тема а тоа е животот во поранешната Источна Германија за време на владеењето и функционирањето на комунистичкиот режим, сето тоа прикажано преку животот на еден писател, неговата љубовница, неговите пријатели кои се под тајна присмотра, следење на агентите на една од најозогласените тајни полиции Штази......... остатокот од приказната ви го препуштам вам.
    Филмот топло го препорачувам до сите љубители на квалитетни филмови, бидеќи филмот претставува врв во кинематографијата, РЕМЕК ДЕЛО а особено го препорачувам до оние кои се љубители на шпиунски филмови.
    Филмот 2006 година е добитник на оскар за најдобар филм од англиско неговорно подрачје
    Улогите во филмот ги толкуваат: Улрих Муе, Мартина Гедек, Себастијан Кох
    Режијата е на Флоријан Хенкел Фон Донерзмарк
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Ја би ја да освежам темава, за да потсетам на филмов :)
    Дефинитивно заслужен Оскар, филмов е навистина добар и задолжително е секој да го погледне. Дадов веќе еднаш опис во темата за Неамерикански филмови, ама повторно би го предложила и овде...за да не заборавите да го гледате :!: :D
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    4.848
    Може линк да ми дадете?
     
  4. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    668
  5. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    9.939
    Пол:
    Женски
    ‍Јас многу ја сакам и ја ценам германската кинематографија, овој филм го гледам како одговор на три години постариот Good Bye Lenin, a би можел да се споредува со мотиви во вечната класика Amadeus или пак noir-от Gilda.

    Истиот режисер имаше номинација за Оскар и за 2018 сo Never Look Away, тој филм е небаре уметнички глич во матриксот, една прекрасна приказна.
     
    Последна измена: 25 јули 2025
    На Camille84 и boomsleng им се допаѓа ова.
  6. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    839
    Пол:
    Женски
    Предобар филм, еден од најдобрите во 21 век. Глума, сценарио, автентичност. Ремек дело.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.