1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животни за емоционална поддршка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 12 август 2020.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Јас и самата имам кажано, во карантин цветав и главна причина за то беше оти никогаш не бев сама, башка шо и самотијата ама не осаменоста ме хранат. Сепак тука сите сме различни. И дур беа темите за животни пред недела дена, онака гледав од кој аспект зборавме за милениците и стигнав до заклучок дека темава е спот он да промуабетиме подетално. За влијанието кое го имаат животните врз човекот забележал дури и Фројд и носел својот миленик Јофи на терапевтските сесии со себе за да олесни комуникација на луѓето, да направи да се чувствуваат подобро и слично.

    Има три вида животни за поддршка:
    • Животни за емоционална поддршка - и тука буквално секој миленик влегва, секое животно кое влева среќа во животот. 'Мерика имаат дозволи од терапевт да ги носат ваквите животни со себе и во простори каде не смејат животни ама е ограничено на тоа да не загрозва јавноста и пример не можи да е змија. Ако е неофицијално, тогаш дури и змија можи да биди животно за поддршка.
    • Сервис кучиња - ова се кучиња кои помагаат на луѓе со инвалидитет. Специјално се тренирани да го олеснуваат животот на својот сопственик и генерално му даваат можност да има пристап до простори во кои не би имал пристап инаку.
    • Терапевтски миленици - исто така најчесто кучиња, ама не мора, се користат при психотерапевтски сесии, во болници за поддршка на болни, домови за деца, домови за стари луѓе и слично. Имаат за цел да се социјализираат со луѓето и да прават да се осеќаат среќно.

    Зошто и насловот е за животни за емоционална поддршка е зошто мислам дека е најизводливо кај нас. До сега немам сретнато човек со "официјален" миленик кај нас, ама секој миленик е миленик за емоционална поддршка, шо би го направил официјален е да можи да се изнесва во објекти кои се исклучиво за луѓе. Така да "муабетот" е поќе за милениците шо ги имаме дома и како ни го менуваат животот и како ни влијаат на истиот. Подетално за ефекти и кога помагаат животни за емоционална поддршка имам тука.

    Исто така ако има нешто вакво кај нас, ве молам пренасочете ме пошто не сум информирана сакам да прочитам и апдејтирам текстот. Ако не, еве екстра прашање: Дали мислите дека треба да имаме вакви животни: за емоционална поддршка, сервис кучиња и терапевтски миленици?

    • Како вашиот миленик ви го смена животот емоционално?
    • Дали сметате дека карантинот го поминавте полесно со миленик, и зошто да/ не?
    • Ако долго време чувате миленици, дали можите да си го замислите животот без миленик?

    Ќе одговорам прво за себе нормално, ич неќам кога гледам нафрлани прашања без да одговори и тој шо поставува.

    Емоционално сметам дека животните ми се голема поддршка. Некогаш не мислам дека ќе бев кај шо сум без нив. Ако сум нервозна се шо треба е да земам една мачка и дур ме гушка и преди да ми напрај денот. Или кога шетаме со Пес и прај глупости по пат, како секое куче. Или пак кога земам едно од малите мачиња шо ми е најдиво и го дивам поќе и буквално ме тераат сите овие ситуации на смеење и ми е подобро, ладам глава и после сум спремна да продолжам да функционирам.

    Во карантин ќе побудалев во поглед должина и организираност на ден ако не беа тие. Пошто кога си цело време слободен, најлесно е да немаш рутини. Со животните имав рутини. Прошетки, хранење, ужинки, вежбање, учење команди, играње. Се то е добро за нив, ама не бев свесна колку е добро за мене. Пошто денот ми добиваше структура. И денот веќе долго ми има структура.

    И не мислам дека можам животот да го замислам без миленик. Предолго време сум со различни миленици и сакам кога се грижам за нешто макар тоа било риба.

    1597168364877.jpeg 1597168483482.jpeg 1597168540897.jpeg

    И то е то, ме интересира шо имате да кажите за темава, ептен по ќеф ми е.
     
    На Seli20 и candy.cane им се допаѓа ова.
  2. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да се има ваква установа кај нас, каде децата кои имаат анксиозност, послабо се развиени, деца со аутизам и те како ќе им помогнат животните во нивниот развој.
    Ова кај нас го нема, затоа што се оптоварени со други НЕ побитни работи, а треба да се обрне внимание на ова. Премногу млади има кај нас кои се во депресија, па и не само млади и повозрасни каде самотијата ги убива полека и може да дојде до фатален крај.
    Докажано е дека во постари години кога ќе се изгуби еден партнер, си земаат маче, куче или било кое животниче или птица, за да не паднат во депресија.
     
    На edna_malecka, candy.cane, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Одлична тема.
    Јас неодамна дознав за service animals преку една емисија. Се работеше за кучиња кои се тренирани да им помогнат на сопствениците кога ќе добијат напад, паничен, епилептичен и сл. Кучињата го препознаваа тоа и веднаш им носеа лекови. Само не знам во која категорија спаѓаат овие миленици, можеби во терапевтски миленици. На некој начин им го спасуваат животот.

    Би било убаво истото да се имплементира и кај нас. Но, еден од проблемите кои ја попречуваат реализацијата е тоа што не сме запознаени со овој вид миленици и многу луѓе не ги знаат придобивките од чувањето миленик. Не знам како е со другите психолози, но мојот психолог ми препорача да си земам миленик за да ми помогне со анксиозноста. Доколку ова не е пракса, би требало да им се предложува на пациентите да си вдомат миленик.

    Јас дефинитивно сум за вакви миленици. Чувам мачка и не би можела да се замислам без неа. Со самото тоа што ќе ја видам насабајле денот ми почнува убаво, дури го сакам и нејзиното досадно мјаукање :D Ќе ми скокне в скут и ќе почне да преди, нема подобра терапија од тоа, па и кога ме масира со шепчињата ме прави најсреќна на свет. Ми помогна многу во карантинов, дури и за прошетка ја земам некогаш, како кученце е :inlove:
    Било кое и да е животното тоа придонесува за емоционалната и психолошка состојба на сопственикот. Помагаат на начини на кои што ниту еден терапевт не може.

    11.jpg
     
    На Luminary, candy.cane, SnowWhite8 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Ќе да спаѓаат и овие во service animals ако се со еден сопственик зошто нели му помагаат во секојдневието за да можат подобро да функционираат. И затоа имаат тренинг, овие вторите терапевтските, кај шо читав, пишеше дека мора да бидат посоцијални и дека покрај сопственикот, ги учат кон сите да се отворени и да се социјализираат и затоа одат на терапии со разни луѓе и во установи, додека service dogs се концентрирани на еден чоек и да му помагаат на тој еден чоек. А тие за емоционална поддршка буквално само шо постојат шо се вели се, али не е на одмет и да имат мал тренинг како шо опиша. :D

    Јас во блиска иднина. :D
     
    На candy.cane и f.girl им се допаѓа ова.
  5. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    [​IMG]

    КУЧИЊАТА МОЖАТ ДА ГО НАМАЛАТ РИЗИКОТ ОД ЕГЗЕМА КАЈ ДЕЦАТА И ДА ГИ НАМАЛАТ СИМПТОМИТЕ НА АСТМА.
    За кучињата најчесто се вели дека се "најдобар пријател на човекот", а две нови студии нагласуваат зошто оваа титула е толку добро заслужена. Научниците откриле дека изложеноста на кучиња за време на раниот живот може да заштити од егзема и да ги намали симптомите на астма во детството.
    Изложеноста на куче во рана фаза на раст на детето може да помогне да се заштитат од егзема и астма, велат истражувачите.
    Можеби изненадувачки, кучињата се најдобриот избор кога станува збор за домашни миленици во САД; речиси 54,4 милиони американски домаќинства поседуваат најмалку еден миленик- куче.
    Таа опашка и забавна весела, лојална природа може да биде причина за љубов кон вашиот пријател со четири нозе, но науката покажува дека има многу други причини да го негувате вашето куче.
    Една студија објавена од страна на Medical News Today, на пример, покажа дека децата во домаќинствата со куче имале помали стресни нивоа, додека други истражувања покажаа дека кучето може да ги зголеми нивоата на физичка активност на сопствениците.
    Истражувањата, исто така, ја поврзаа сопственоста на миленичиња со помал ризик од алергии и астма, особено кај децата. Две нови студии се надоврзуваат на ваквите истражувања, откако дознале дека изложеноста на кучиња во рана фаза може да помогне да се избегне егзема во детството и да се олеснат симптомите на астмата.
    Резултатите од студиите неодамна беа презентирани на годишниот научен собир на Американскиот колеџ за алергија, астма и имунологија (ACAAI), кој се одржа во Бостон, М.А.
    Пренаталната изложеност на кучиња го намалува ризикот од егзема
    Првата студија беше предводена од страна на членот ACAAI д-р Gagandeep Cheema, и таа истражуваше како изложеност на кучиња пред раѓањето влијаеше на ризикот од детска екцема.
    Егзема или атопичен дерматитис е состојба која се карактеризира со осип и делови со сува, иритирана кожа, најчесто на рацете, нозете и лицето, како и на внатрешноста на лактите и зад колената.
    Точните причини за егзема остануваат нејасни, но постои консензус дека состојбата може да настане кога имунолошкиот систем се преоптоварува како одговор на одредени алергени или иританти.
    За нивната студија, д-р Cheema и нејзиниот тим го проценувале изложувањето на кучиња на голем број бремени мајки. За целите на студијата, изложеноста на кучиња беше дефинирана како чување барем едно куче во куќата најмалку 1 час секој ден.
    Тие откриле дека децата кои се родени од мајки кои биле изложени на кучиња за време на бременоста имале помала веројатност да развијат егзема на возраст од 2 години, во споредба со децата родени од мајки кои не биле изложени на кучиња.
    Сепак, студијата откри дека до времето кога децата достигнале 10 години, заштитните ефекти на пренаталната изложеност на кучиња се намалија, што значи децата треба и да растат со кучиња.
    Бактерии од кучињата наспроти алергени
    Во втората студија, главниот автор д-р По-Јанг Цоу, кој исто така е член на ACAAI и тимот истражуваше како изложеноста на кучиња влијаела врз сериозноста на астмата кај децата со оваа состојба.
    Тимот ги евалуирал ефектите на два вида изложеност на кучиња: изложеност на протеинот што предизвикува алергиска реакција кај деца со алергија на кучиња и изложеност на одредени честички - како што се бактерии - кои може да ги носи кучето.
    Истражувачите откриле дека децата кои биле изложени на бактерии и други честички од куче доживеале намалување на симптомите на астма.
    Сепак, изложеноста на протеините на кучето се чини дека ги влошува симптомите на респираторната состојба.
    Потребни се дополнителни студии за да се потврди дали експозицијата на кучиња пред и по раѓањето може да помогне да се заштити од егзема и астма во детството. Но, во меѓувреме, имајте на ум дека вашиот четириножен пријател може еден ден да помогне да се трансформира исходот на детските алергии.
     
    На candy.cane и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш сум мечтаела за лабрадорче во дворче, ама условите се други.
    Јас откако знам за себе знам дека животните биле клучен дел во мојот живот.
    Терапевтската примена на домашните миленици е толку корисна и многу важна област во која може многу да се вложува.
    Цивка малово не можам да се допишам.
    Како и да е да скратам мојот живот не можам да го замислам без мало мило топченце што се плетка меѓу нозе, трчка и полно со љубов гледа во тебе и ти се радува, одам да го гушкам малото.
     
    На edna_malecka и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Сметам дека на секој човек му е потребен миленик, без разлика дали човекот има некои здравствени проблеми или инвалидитети. До сега не паметам ниту ден без милениче. Карантинот ми беше песна, недела дена пред велигден ми се родија 6 териерчиња, мислам дека и да не беше карантинот немаше да мрднам подалеку од двор. Само со нивното постоење животот го разубавуваат . Настрана од тоа се препаметни и интелегентни, го знаат името на секој во семејството и различно реагираат на тоа. А исто си го наат нивното име. Јас имам 3 кучиња и еден мачор. Кога и да довикувам по некое од нив си доаѓа она што ќе си го слушни името. А мачорот забележувам дека кога и да си дојдам дома ако не е тој вратен иди одма после мене по некои 5 мин. Прво мислев дека е случајност ама сватив дека чувствува нешто од далеку и иди одма по мене. :inlove::inlove::inlove::inlove:
     
    На edna_malecka и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Животните се љубов:l:
    Животните се среќа:l:
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.