Форумџика на годината

Животни искуства, лекции, совети до помладите

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Martka, 13 март 2024.

  1. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.711
    Допаѓања:
    181.448
    Пол:
    Женски
    1. На никој (шо не ти е близок) не му е толку важно шо прајш/мислиш и дефинитивно дур одиш по улица не те гледат само тебе. Опушти се. Башка, некои работи ни сметат само кај луѓе кои не ни се омилени. Истите работи кај некој близок ги прогледваме низ прсти. Шо сакам да кажам е, сериозно, опушти се. На никој не му е вистина гајле. Ако некој збора just to hate on you - не дозволвај да те спречи да си your authentic self пошто ако бевте блиски за истите работи за кои се стегаш и ти прокоментирале - ќе ти прогледа низ прсти. Глеј само биди фер, а дали капата не е модерна или фустанот е кич према некој - who cares really? Или о-не, моменталната коса не ти оди со лицето, како да не расти коса. Башка, ако не пробаш како седи нешто нема никогаш ни да знајш дали е за тебе или не. Поголема храброст е потребна за да бидиш your authentic self. И така.
     
    На Raven22, MarigoldA, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.711
    Допаѓања:
    181.448
    Пол:
    Женски
    2. Плачењето е пола здравје. Плачи. Држење во себе не значи дека си "силна", а ако плачиш дека си "слаба". Плачењето е многу убав метод за вадење на силни чувства без да чуваш во себе (и во своите органи). Ко ќе велат дека стресот убива се мисли на то дека чуваме емоции во себе, дека не плачиме, не збораме и така стресот (вистина) полека не убива. Плус сигурно имате забележано дека после плачење личиме поубај. Јас сакам да вервам дека е до то шо сме се ослободиле од товар.
     
    На sino.o.oka, Panda00, Medea. и 13 други им се допаѓа ова.
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    10.076
    Пол:
    Женски
    Некои работи кои многу тежат само со солзи можат да се искажат или исчистат .Барем јас во моментот плачам и многу болка излезе од мене.
     
    На Panda00, Ѕвездена и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. SapphireHaze

    SapphireHaze Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2025
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Никогаш не давајте мислења или совети доколку тоа не е побарано од вас.
     
    На Panda00, Амаја, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  5. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    7.531
    Најголема глупост е да се грижиш за човек кому не му е гајле за тебе,ниту те прашува како си.
    После две црвени знаменца во врска,третото да ти биде просветлување и да бегаш подалеку од тој човек.
    Никогаш не помагај никому ако истиот не ти побара помош.
    Секогаш ставај се на прво место со децата ,а сите други кога ке имаш време и можности.
    Не го губи времето на луѓе кои не те почитуваат на било каков начин.
    Еднаш изгубена доверба или скршена врска не се залепува и не е иста.
     
    На Panda00, Raven22, Bozica1980 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.528
    Допаѓања:
    60.746
    Пол:
    Женски
    1. Не секој има добри намери - обрнувај внимание на делата повеќе отколку на зборовите.
    2. Не можиш да му помогниш некому или да го "спасиш" ако не сака да му е помогнато.
    3. Луѓето ретко се менуваат, особено на подобро. Тоа што ти личи дека некој е сменат е обично она што секогаш го имал во себе само сега ги има потребните услови да го истакни тоа.
    4. Квалитет > квантитет. Не можиш да си пријател со сите. Подобро е да имаш неколку вистински отколку сто лажни пријатели. Тој што е пријател со сите најверојатно е лицемер.
    5. Не. Поставувај. На. Пиедестал. Други. Луѓе! I can't stress this enough. Не вреди да се стресираш, плачиш, нервираш за други луѓе. Никој (освен можеби сопственото дете) не треба да го ставаш пред себе. Ако некој ти прави стресови заслужува да му ја покажиш вратата.
    6. For my fellow women: ништо од вас не треба да жртвувате за маж. Вистинскиот маж нема да го бара тоа од вас.
    7. Ако некој се понаша ко г*мно со тебе, тоа зборува за каква личност е таа, не ти.
    8. Инвестирај во себе: образование, курсеви, хобија, јазик, возачка дозвола. Ништо од ова не е за џабе, туку само можи да ти користи.
    9. Труди се да се храниш поздраво и да имаш физичка активност.
    10. Среќата не е нешто што се постигнува. Таа се гради од секојдневни моменти и одлуки. Кога ќе научиш да ги цениш малите нешта, тоа ти го гради мајндсетот за сѐ друго.
    11. Патувај! Колку што можиш, каде што можиш. Парите инвестирани во авантури, искуства не се залудо потрошени пари. Парите секогаш се враќаат. Не знам дали некој на смртна постела рекол дека му е мило што си штедел пари цел живот, но многу се каат дека не направиле сѐ што сакале.
    12. Зборувајќи за пари, секогаш имај свои пари кои ги зараборуваш без разлика колку е богато твоето семејство. Немој директно да зависиш од никого ако си здрава и права личност.
     
    На Panda00, Raven22, Burevesnik и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.802
    Допаѓања:
    187.724
    Пол:
    Женски
    Парите не го расипуваат човекот, туку го вадат на виделина неговото вистинско лице. Тој веројатно бил расипан и претходно, само кога се стекнал со одредено богатство, почнал ги покажува своите вистински бои.
     
    На GirlLove, FlirtBerry, Panda00 и 15 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.711
    Допаѓања:
    181.448
    Пол:
    Женски
    3. Промената е дел од човештвото и од искуството и од нормалното искуство. Недостаток на промена е нешто шо треба да не плаши, а не имањето на промена да не плаши. Луѓе се менуваат, се оддалечуваме зошто се менуваме и ни се менва светогледот и то не е грев. Некогаш треба да идентификуваме дали та промена ни прија или не, и дали та промена во партнерот пример е промена преку која можиме да поминиме или не. И следователно на то - да постапиме соодветно. Кога велам дали е то промена шо ни прија или не, мислам баш на нас. Цело време се менваме, и некогаш сами пробваме да „предизвикаме“ промена. Пример поздрава навика. И та поздрава навика влијај на нашиот животен стил. И тој животен стил влијај на нашиот светоглед. И тој светлоглед влијај на нашата личност. И то е н о р м а л н о. Секогаш гледај да се надградуваш себеси, зошто со знаење, искуство и дисциплина се менваш. А, промената е клучна во човечковото искуство. Некогаш ќе згрешиме, некогаш е точната одлука/ промена. И то се учи најдобро низ искуство и низ грешки.

    4. Шо ме носи до новата точка, најдобро е учење на туѓи грешки, ама најдобро се памти на своите. Ако не можиш да научиш на туѓа грешка, тогаш биди спремен да ги сносиш последиците од својата грешка.

    5. Ако имаш glow up после бивш партнер - не се враќај на тој партнер пак. Има причина зошто зрачиш позитивно и среќно после тој раскин, и со враќање назад се враќаш во позицијата која беше претходно. Ако ситуација Х прај да се осеќам мизерно и на штрек цело време во високо анксиозна состојба - јас после тоа ќе личам преродено кога ќе се „ослободам“. Свесно враќање на та ситуација е „учење на своја грешка“.

    6. Ние немаме контрола врз другите луѓе, ни врз нивните постапки, ни врз нивните чувства. И колку побрзо го разбериме то - полесно ќе ни биди. Тука мислам на, апсолутно е валидно одредена постапка да ме повреди, апсолутно е валидно ако та врска сакам да ја одржувам да го искомуницирам со особата шо ме повреди. Ама не можам да очекувам дека зошто јас сум фер, дека и особата ќе биди фер. Не можам да речам дека зошто јас го сакам, дека и тој мора да ме сака. Ништо не мора. Па ни ова. Валидни се чувствата наши, и валидно е то дека некогаш сме повредени и имаме право да го искомуницираме то и да видиме дали можи да има напредок/ промена. Ама не можи да сметаме дека та промена ни следува само зошто напрајвме ние напор. Не можи да сметаме дека та промена ни следува зошто сметаме дека особата не сака, само зошто ние ја сакаме. Некогаш едноставно мора да заминиш и тоето. Немаме контрола врз туѓите постапки, не можиме на ги условиме. Немаме контрола ни врз туѓите чувства. Ако другата страна едноставно неќи да вложи труд кој сметаме дека го заслужуваме - run girl.
     
    Последна измена: 21 октомври 2025
    На Panda00, Purpleheart, Aleks.mar и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Felix Anima

    Felix Anima Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2025
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Мојата лекција е за сите оние кои не знаат да кажат „не“. Тоа ми беше една од најважните животни вештини, а истовремено и една од најтешките која уште ја учам и ја работам на себе.

    Твојата вредност не зависи од тоа колку често велиш „да“. Разбери дека „не“ е граница, не навреда.
    Кога велиш „не“ на нешто што не ти одговара, ти велиш „да“ на себе, на твоето време, здравје, мир.
     
    На Panda00, Trexane, Raven22 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. lorenn

    lorenn Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2025
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    455
    Сфатив дека многу е важно правиот извор на информации да се избира внимателно.
     
    На Panda00, FlirtBerry и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  11. Ѕвездена

    Ѕвездена Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2025
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    IMG_20251109_120931.jpg
    IMG_20251109_121001.jpg
    IMG_20251109_121033.jpg
    IMG_20251109_121124.jpg
    IMG_20251109_121152.jpg
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    829
    Пол:
    Женски
    1. Вежбај, пази на исхрана, шминкај се и дотерувај се за себе, затоа што ТИ така сакаш, за ТИ да се осеќаш добро во својата кожа, за да бидеш најдобра верзија од себе. Не за да му се допаднеш на симпатијата, не затоа што ќе ти речат другите.

    2. Имај свој денар, не зависи од никого. Нека се и малку пари, битно твои да си се.

    3. Менталното здравје е подеднакво битно како и физичкото. Не го запоставувај, грижи се за себе. Психотерапијата не е табу, психотерапија НЕ посетуваат само психички болните. Посети стручно лице, побарај помош кога осеќаш дека ти е потребна и кога не можеш сам да се справиш со своите проблеми.

    4. Сакај си ги и почитувај ги родителите, они ти мислат добро. Ама, за сопствениот живот одлучуваш само ТИ.

    5. Поминувај повеќе време со баба ти и дедо ти, јавувај им се почесто, нема да се вечно тука. Боли кога ќе си заминат и кога ќе сфатиш дека не си го искористил доволно времето со нив.

    6. Не си лош човек, лош пријател или лош партнер, ако кажеш НЕ. Ако не ти се иде на таа журка, не иди, ако не си во можност да направиш услуга некому, немој да се осеќаш лошо поради тоа. Исто така, немој да им се лутиш на твоите пријатели кога нешто не можат или не сакаат. Научи да поставиш граници, како и да ги почитуваш туѓите граници.

    7. Научи да разграничиш меѓу другари, познаници, колеги, соученици, комшии.. Не ти се сите пријатели и нема потреба сите да знаат сѐ за тебе.

    8. Немој да очекуваш премногу од луѓето, ќе се разочараш.

    9. Немој да остануваш таму каде што не си среќна, каде што не те почитуваат и каде што те третираат лошо, само затоа што се плашиш да не останеш сама. Нема да останеш сама, ќе си пронајдеш твои луѓе што ќе ти одговараат, ќе си пронајдеш и љубов. Ако те гуши средината, смени ја.

    10. Некогаш ние самите сме токсичниот партнер. Забораваме дека и машките имаат чувства, и они може да се повредени, и нив може да им биде тешко. Извини му се кога знаеш дека си згрешила, ислушај го кога некоја твоја постапка го повредила и потруди се да го поправиш тоа. Со терање инает, со бегање, игнорирање, викање, ништо не се постигнува. За една врска да опстои, најбитна е комуникацијата и обостран труд.

    11. Некој може да биде најдобриот и најубавиот човек на светот, да ги поседува сите квалитети, а сепак да НЕ е правиот партнер за тебе. Ни ти, ни он, не сте лоши луѓе само затоа што не сте успеале. Некои луѓе, едноставно се само на поминување во нашиот живот, не се тука за да останат. Доаѓаат за нешто да нѐ научат, како и ние нив. Затоа, не барај да остане некој по секоја цена.

    12. Научи да простиш, научи да продолжиш понатаму без да си гневна на минатото. За себе, за сопствениот мир. Животот е премногу краток за да живееме со омраза и бес. Прости ѝ на таа особа што ти згрешила, не мора да ѝ се вратиш, ама прости ѝ и терај си напред со животот.

    13. Испробувај нови работи. Никогаш не е касно да се пронајдеме во нешто ново. Се случува да сфатиш дека повеќе не те влече струката што ја имаш завршено, па почнуваш да учиш или работиш нешто скроз трето, и тоа е сосем во ред. Ако ти се пружи шанса за странство, искористи ја. И да не се пронајдеш таму, не е ништо страшно, секогаш имаш каде да се вратиш.

    14. Не чекај секогаш на другите луѓе. Не е табу, не е срамота и не е чудно да седнеш сам на кафе, ручек, шетање, шопинг, кино.. Не пропуштај активности и настани што те прават среќна само затоа што немаш со кој да идеш или твоето друштво не слуша таква музика, не може да дојде или како год. Мене ми било многу глупо да отидам негде без друштво, ама сум го скршила мразот и сега немам гајле. Едино не сум собрала храброст за да патувам сама, ама и тоа ќе биде, што да не. Добро е за менталното здравје да поминуваш квалитетно време со себе, затоа што човек што не е среќен самиот со себе, нема да биде среќен ни во друштво. А, и на сите ни треба некогаш време за себе, каде што ни годи да сме сами.

    15. За крај, да се надоврзам на тоа што го напишала @theowndemon погоре. Плачењето е здраво, не е срамота и не си слаб/а ако плачеш. Тоа си се емоции кои некогаш не можат да бидат искажани со зборови и бараат да ги извадиш од тебе, да не ги потиснуваш. Плачи, пишувај дневник, разговарај со близок, како год ти е полесно да се изразиш, само не се затварај во себе, никако! Би додала и дека нема глупа или невалидна причина за плачење. Ако нешто те повредило, те повредило и во ред е да се чувствуваш тажно, во ред е да ја изразиш тагата на свој начин. Само затоа што можда на друг му е потешко или има поголема мака од твојата, не значи дека ти немаш право да си тажен. Секоја планина со својата тежина, на секој неговото му е најтешко.
     
    На eliesaab, MarigoldA, Aleks.mar и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Ivanija

    Ivanija Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2025
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Zivej ti kako sakas,a ne kako ocekuvaat roditelite,rodninite!
     
    На GirlLove, eliesaab, Eunoia и 2 други им се допаѓа ова.
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.103
    Допаѓања:
    69.931
    1. Грижи се за себе, своето здравје и имај корисни навики. Вежбај, движи се, јади колку си гладна и не прејадувај никогаш.

    2. Следи си го емоционалното здравје. Пишувај си ги мислите, плачи кога чувствуваш потреба, не прекутувај ако од тоа ти зависи самодовербата и почитта од околината.

    3. Не се плаши од никој и ништо. Сите се само луѓе. Некои со повеќе пари и моќ, ама ти имаш толкава желба да живееш и се да ти оди од рака, самата енергија ќе прави другите и да не се согласуваат, да те почитуваат затоа што си смела.

    4. Соработувај со други и барај помош. Пријателства вистински постојат, но исто така постојат и обострани граници. Не сфаќај несогласувања и различни мислења како крај на пријателство, туку како можност за нешто ново.

    5. Не брзај да веруваш. Колку и да се чини некој погоден, почекај, дај време. Може ќе остане така, може не.

    6. Инвестирај во образование, формално и неформално. Јазици, курсеви по рандом вештини, па дури и такви кои навидум не се поврзани со тоа што го работиш. Сите искуства ќе те формираат и отвараат врати понатака.

    7. Во 20тите живеј надвор од државата. Искуси нови работи, запознавај луѓе, патувај. Многу ќе ти се рашири кругосветот.

    8. Читај и тоа многу. Не се фокусирај на еден жанр, иако и тоа е во ред во одредена мера. Учи од искуствата на други луѓе, впивај го знаењето.

    9. Биди благодарна за секој ден.
     
    На Dust, Eunoia, mira.mira и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    1.469
    Пол:
    Женски
    ау немој те молам. Родотелите не ти кажуваат ти како да живееш или да живееш како што тие сакаат туку преку воспитно советување те изведуваат на прав пат. Од тоа ЖИВЕЈ ТИ КАКО САКАШ луѓето завршуваат како коцкари алкохоличари дрогираши ку***лук абортуси затвори кражби неработници.... не може да се лумпува оти некој така сакал...

    Да не се разбереме погрешно ти ја сватив поентата на кажаното ама само сакам да додадам - живеј го твојот живот како што ти си одлучил но исклучиво по хуман здрав и човечки пат.
     
    На GirlLove, FlirtBerry, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    829
    Пол:
    Женски
    Зависи од родителите, не се сите родители исти, како што не се ни сите деца исти.
    Да, фала Богу дека не треба да бидеш сѐ ова што го наброја ти, ама мислам дека девојката на друго мислеше.
    Има родители кои сакаат на детето да му наметнат нивни ставови, нивни гледишта и мислат дека они се секогаш во право, дека знаат најдобро, само затоа што се нели, родители, повозрасни и поискусни.
    Има и такви кои вршат притисок детето да заврши одреден факултет, по секоја цена, иако можеби детето си има друга желба, ете не го влече у канцеларија да работи, сака занает да си има, пример.
    Има и родители кои иако децата им се возрасни и имаат апсолутно право на свој живот и избор што ќе прават со животот, они ги спречуваат во тоа, не им дозволуваат да се одделат од нив и да се осамостојат, под изговор, карикирам: ,,А, зашто да се селиш во друг град/држава, па тука си имаш сѐ, што ти фали, си имаш куќа на три спрата, дојдете тука да живеете со мажот/жената, мислиш таму во таа држава подобро е"
    А имаш и родители кои им набиваат кривица на децата зашто замисли, возрасни се и сакаат да се осамостојат ,,А кој ќе ме чува мене на старост? Ја за што те чував, вака ли ми враќаш?"
    Да се разбереме, не викам ни дека моите се вакви, ни дека се сите родители такви, исклучоци има секогаш. Јас само примери давам.
    Нормално дека си ги сакам и почитувам, нормално дека сум им благодарна за сѐ што правеле за мене, нормално дека имаат право да си кажат свое мислење и совет, никој тоа не го оспорува, апсолутно.
    Ама, исто така, јас сум веќе одамна полнолетна и возрасна особа, одамна помина времето кога имав 15 години. Апсолутно можам сама да си одлучувам за себе.
    Со моите сум поставила јасна граница, не сум дозволила да ми се мешаат ни за факултет, ни за работа, а ни за партнер, не дај Боже.
    Дури и да грешам со изборот, јас сум таа што ќе се сноси со последиците од таа грешка, јас ќе научам нешто од таа грешка, а ако го чуваш детето во стаклено ѕвонче, што ќе научи, што ќе види од животот? Ништо.
    Да, не ми е ни најмалку сеедно да живеам во друга држава, подалеку од дома, нормално дека ќе ми фалат моите, имам и јас емоции, не сум од камен.
    Ама, можеби во таа држава ми е среќата, можеби јас сум таму посреќна и позадоволна.
    А не е фер некому да му ја попречуваш среќата, затоа што ќе ти фали.
    Да, нормално дека треба да реагираш ако детето ти се заљуби во некоја пропалица, алкохоличар, коцкар, што и да е. Ама, ако партнерот на твоето дете е нормален, обичен човек, а ти се трудиш да ги разделиш само затоа што тој партнер не задоволува некои твои критериуми, пример нема факултет или не работи државно, е тоа е според мене апсурдно..
    Непопуларно мислење, ама не сме дојдени на овој свет да исполнуваме туѓи желби и амбиции.
    Ако јас решам да се иселам од Македонија за мое добро и за добро на моите деца утре, нема што било кој да ме спречува и да ми набива вина за тоа.
    Ако јас сакам да сум самостојна, сама да си најдам работа, без помош од никого, без врски и без партиска книшка, да работам нешто што мене ме влече и исполнува, нема што да ми се меша никој, па ни родителите.
    Ако јас сум се заљубила во тој човек кој нема факултет и сум заклучила дека ми одговара да живеам со него, не ми треба ничија потврда. Ти треба да го поминеш животот со твојот партнер, не твоите родители, не комшиите, не општеството.
    А со тоа мешање на родители без граници, премногу бракови и врски се распаднале.
    Ова се само примери за да доловам како ја разбрав членката погоре што сакаше да каже со тоа дека треба да живееме како ние сакаме, а не како другите сакаат/очекуваат.
    Според мене е апсурдно возрасна, здрава, права личност да не може самостојно да донесе одлука за себе, за својот живот.
    Сите имаме слободна воља, не дозволувајте други да ви го раководат животот.
     
    Последна измена: 7 декември 2025
    На Aleks.mar, Ivanija, Buttermilk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.593
    Допаѓања:
    41.764
    Пол:
    Машки
    Лекции за сите млади кога бираат партнер:

    - Најдобриот показател за идно однесување е минатото однесување.

    - Луѓето ја откриваат својата вистинска природа преку нивните минати постапки.

    - Никој не е „специјален“ и не се менува со време. Минатите однесувања најчесто ќе се повторат и во иднина.

    - Начинот на кој некој се однесувал со другите во минатото, така ќе се однесува и со тебе.

    - Човечката природа тежнее кон воспоставени навики, било добри или лоши. Многу ретко истите се менуваат.

    - Кога започнаваш некој, разликувањето меѓу позитивните и негативните навики е клучно.

    - Навиките во однесувањето на една личност можат да го предвидат нејзиното идно однесување кон тебе.

    - Минатото однесување е сигурен показател за тоа како некој ќе се однесува и со тебе во иднина.

    - Ако некој има историја на негативни постапки, голема е веројатноста дека ќе ги повтори во иднина и со тебе.

    - Ако знаеш дека големи се шансите бродот да потоне, не се качуваш на него.
     
    На sino.o.oka, Mumoftwo30, Aleks.mar и 4 други им се допаѓа ова.
  18. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.908
    Пол:
    Женски
    - Примени нешто од тоа што ќе ти кажат родителите, сепак никој подобро не ти мисли од нив.

    - Не барај премногу пријатели, доволно ти е една ама вредна.

    - Не трошете многу време и пари по забави, излегувања, подобро одете некаде прошетајте низ светот. Тоа ќе ви остане.

    - Не трошете енергија за непотребни работи, муабети, кој што кажал за вас. Луѓето секако ќе најдат начин да те озборуваат кога гледаат дека нешто постигнуваш во животот. Гледај си напред.

    - Барајте партнер кој максимално ве почитува и духовно да ви е убаво со него, не гледајте низ материјалните вредности или парчето хартија.

    - Што побрзо гледајте да станете независни од родителите. Не дека они нема да ве поддржат или слично, ама кога си независен/а е многу поубаво за самиот себе.
     
    На Mumoftwo30, Billy Idol, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ivanija

    Ivanija Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2025
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Jas zboruvam za vozrasna licnost... A ne vo pubertet.... Izvini da sam gi slusala roditelite nikogas nema da sum uspesna kako sega... Do sega ke bev mazena bez nisto svoe steknato ke lupav glava kade e maz mi so edno 3 deca a ke nemav kade da se vratam
     
    На Aleks.mar и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.829
    Допаѓања:
    30.182
    Пол:
    Женски
    Еден совет од мене до младата публика
    - само заради тоа шо ти е родител не значи оти е во право. Само заради тоа шо ти е родител не значи дека ти го мисли доброто. Само заради тоа шо ти е родител, не значи дека треба да трпиш секакви срања. Ако нешто е добро за родителот, не значи оти е добро и за тебе. Избегнувај луѓе шо мислат "каква и да е мајка ти е, каков и да е татко ти е", тие луѓе не гледат подалеку од својот свет и не прифаќаат туѓи искуства и мислења. И последно, во ред е да не зборуваш со родител, ако тоа ти чини добро за самиот себе.
     
    На sleepingbeauty, Tanjamm, Gosh и 10 други им се допаѓа ова.