1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животни на улица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EarthFire, 19 октомври 2017.

  1. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Не ми се зборува за невладините кои се бават со животни - мислам дека нема поента.

    Ми се зборува за тоа дека, Македонскава држава таква каква што е, е негрижлива према човекот, па камоли спрема животните.

    Три пати во две недели починува коњ на улица. Нека ми простат Ромите кои се навредија кога Ирена Ристиќ ги нарече цигани, и тргнаа да ја тужат експресно за тоа, а ништо не направија да го сменат својот примитивен начин на живот, да се загрижат за своите деца кои дишат лепак и ги користат во мрежата на просјачка мафија, иако милионски суми се истурија во земјава за нив од Европа. Да не зборувам, како брутално се однесуваат спрема животните. Јас овие глетки не можам веќе да ги поднесувам, ми се распарчува срцето.

    Не можам да ги разберам луѓето кои ги напуштаат милениците. Секој ден гледам напуштено милениче на улица. Не можам да ги разберам тие луѓе кои земаат дома куче, како нов член на семејството, и после година-две го напуштаат на улица. Го земаш дома, го тренираш, т.е. му го скротуваш животинскиот инстинкт, и после го напушташ, кога е неспособно да се грижи за себе, да не зборувам колку страда тоа животно.
    Дали некогаш ќе се направи регистер на сопственици на кучиња, да се знае кое куче чие е, и да се потпише секој сопственик за своите права и обврски спрема миленикот?

    Не можам да ги разберам тие кои ги малтретираат кучињата за борби.
    Има неколку места низ Македонија, каде што фрлаат живи и повредени кучиња, со стотици.

    И згора на се ова што го прави ЧОВЕКОТ спрема ЖИВОТНОТО, постојат луѓе кои агресивно и фанатично исфрлаат бес спрема животните.
    И на крај, не можам да ги разберам тие мајки кои им ствараат страв на децата од животни, со нивното урлање секој пат кога детето ќе се доближи до некое животно.

    Односот на луѓето кон животните во Македонија е УЖАСЕН.
    Има ли некој во државава кој сака сериозно, низ закони, да го уреди ова?



    22528394_10155877792124726_8618067266016523309_n.jpg

    Не се снаоѓам околу темиве, ако има слична тема, спојте го само коментаров......
     
    На Bebac, SummerGirl, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Најпрво оние што ги расплодуваат се виновни. Што секој се дрзнува да ја спари кучката, и мислат дека се профитира со одгледување кучиња. Строга контрола, дозвола за расплод на кучки под регистрирана одгледувачница која оди по одредени правила од кинолошкиот сојуз или расниот клуб, прашалници за пополнување на секој иден сопственик, потпишување договор при купување миленик и микрочипирање. Миленикот да може да се врати кај одгледувачот во секое време, а не да менува стотици сопственици без одгледувачот да знае за тоа.

    Второ, строги закони за миленик на поводник, поводникот не смее да биде подолг од 1 метар на јавни места, строга казна за миленици кои шетаат без поводник и сопственик во близина, маска на кучиња со историја на агресија кон други луѓе или кучиња.

    Трето, стационари каде се вработени професионални лица, не волонтери кои ќе се прават професионалци. Еутаназија на улични животни со сериозни здравствени проблеми или сериозна агресија, општ медицински третман на здравите улични животни плус стелиризација/кастрација на зрелите. Повторно договори, формулари за секој сопственик кој ќе сака да вдоми и плус симболична цена за вдомениот миленик.
     
    На Queen8 и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    За жал, ништо од ова не функционира. Улични кучиња на секој чекор, напаѓаат и касаат, невакцинирани, лаат по цела ноќ и создаваат бука, а службите молчат, и покрај пријавите и поплаките од граѓаните. Едноставно не се спремни соодветно да одговорат.
     
  4. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.109
    Пол:
    Женски
    Кај мене во населба ги има еден тон. Лаат нонстоп, трчаат по тебе, касаат...Не се издржува. А надлежните ништо не преземаат. Ама има и безобразен народ. Чува кучиња некое време и после ги шутка надвор. Идиотизам.
     
  6. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    1.142
    Убава тема и за мене доста осетлива.
    Јас ги обожавам животните, едно шугаво маче да сретнам на улица ќе му речам "мац", ќе му фрлам да јаде нешто.
    Чуствувам голема емпатија кон секое животно што страда на било кој начин. Овие што изгореа во пожарите во Сибир и Австралија ги исплакав. Животничиња си живеат свој живот во шума и страдаат така гадно.
    Секојдневно гледам срцепарателни слики на фб, таков жал и истовремено презир осеќам кога ќе видам животинче му ја разнеле муцката со петарда, му ставиле петарда во анус, го касапеле со секира, измачувањето изгладнувањето на коњите итн... Која агонија, кое страдање. Посакувам кармата да ги стигне сите тоа што го прават. Дури и оние глутници бесни кучиња не се криви што се така, пак е резултат на човечки фактор.
    Интересно, во западниве држави не можеш да видиш куче скитник, напротив и да сакаш да чуваш милениче ќе си платиш и солиден данок. Дури и како што гледам Германци доста вдомувааг улични кучиња од Мк. Само кај нас никој не се замара, луѓе умираат ко од шала од нефункционално здравство на пример, па некој ќе се засекира за некое си куче...
    Од самите луѓе како поединци има таква неодговорност, се пари кучево, не се замара за тоа, и уште кога ќе ги роди ги зима ги фрла кученцата некаде да умрат. Која мизерија, незнам што е пострашно. Па земи стерилизирај таму, најди некој начин.

    Многу ми е жал што се луѓето такви монструми.
     
    На Bebac и темјанушка им се допаѓа ова.
  7. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Кога ќе видам животно на улица срцето ми се крши едноставно,многу ми се жалосно кога е напуштено со тажни очиња :u:
     
    На Bebac и темјанушка им се допаѓа ова.
  8. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
  9. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Кога ќе видам животно на улица малку како да се плашам ама ако тоа самото дојде накај мене го галам му зборам "душа сонце кај си ти ајде ајде дојди со мене" ако одам некаде го терам друштво да ми прави.
    Ако имам му давам нешто да си касне.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    прво помислувам дали се гладни или жедни