1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животни правила

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LusySkyDiamonds, 5 ноември 2013.

  1. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Изгледа дека на некои луѓе им оди навистина добро во животот. Секогаш знаат што треба да кажат и што точно да направат. Сите ги сакаат-одлични се на работното место, а и приватно се им е наредено. Среќни се (голем дел од времето), имаат време за се и секого и секогаш знаат што е приоритет.
    Има нешто што тие знаат, а ние не?Може ли и ние да научиме нешто од нив? Одговорот дефинитивно е да. Ги знаат животните правила...

    Станува збор за вашиот живот. Колку можете да го подобрите, што преземате за да бидете посмирени, поисполнети, едноставно посреќни? За вас самите, а и за оние околу вас :)
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Инаку се лажеш ако мислиш дека може да се живее животот по некои правила, и не зависи се од тебе туку многу нешта зависат од околина. Дека сите се срекни не ви рекла, само тее така ти се чини бидејки ја гледаш само нивната маска а не вистинското лице. Ева јас сум типичен пример на девојка која изгледа среќна, ништо не ми недостига во животот, имам живот каков може само да се посака.
    А мислиш дека мене ништо не ми фали? Мислиш дека јас незнам дека „ме сакаат“ поради корист а не заради мене. Да сето тоа го знам и поради тоа на улица изгледам среќна, но длабоко во себе сум несреќна.
    Јас би ти порачала да не се секираш поради тоа, нека постои 1 особа но нека те сака заради тебе а не заради тоа што го имаш или заради тоа што си ти. И, батали ги тие животни правила од книги, кои не функционираат. Пошти се низ вртлогот на животот со отворено срце, и јасни мисли и верувај ми се ке биде ок.
     
  3. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Темава ја наметнав чисто повеќе како личен код за подобро живеење, да си го олесниме животот давајќи си една на друга некои животни совети на која било тема, кои кај некоја од нас се покажале како успешни. Без разлика дали станува збор за љубов, работа или здравје. Едноставно како да бидеме посреќни, поуспешни, поздрави.
    Да речеме, сега прво што ми паѓа на памет е темата (не мора да биде точно, само мислење):
    Мисли за себе!Повеќето од нас сакаме да се вклопиме во толпата, да сме признати. Сите сакаме да припаѓаме некаде...или на пример продолжи понатаму, не се враќај на нешто (погрешно) од минатато, ...или биди фин/а, љубезна со луѓето, така некои опти теми кои можат да не направат подобри луѓе за себе и луѓето околу нас :) Не знам дали сум појасна :)
     
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Животни правила НЕМА, едноставно не постои некое правило или формула за среќа. Најважно е истрајноста и решителноста на чекањето да се случи тоа што треба да се случи. Често ние самите сме виновни што се откажуваме и сме скептични за многу работи, а да и не сме доволно амбициозни да се пробиваме напред, и после крив ни е овај ,онај . Никој не е роден под посебно небо и звезди, сите сме под ист свод , само што не секој умее да ги искористи состојките кои му ги дава животот и судбината за да креира свое дело-односно среќен живот :)
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Aко си роден ксметлија,све ке ти биде рамно во животот..животно правило :!:
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  6. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    И јас мислам дека нема животни правила. Да точно е дека на некои луѓе им оди се и љубов и работа и имаат многу пријатели. Но, сепак мислам дека тоа се должи на успешна проценка на одредена ситуација, прилагодливост во истата и избрирање на вистинскиот чекор.
    Зошто мислам вака? Еве еден пример колку пати сме си поставиле некое правило, сме си рекле
    јас во живото никогаш нема да....или пак мое правило е секогаш да .... ама сфаќаме дека во некои ситуации неможеме да ги наметнеме истите правила и се побиваме сами себе ! ( Пример за оваа ми е една моја другарка со нејзините правила и упорно го гледа ова и неможе да свати дека животните ситуации не се задачи по математика па да ги решиме според правило)
    Мој став е за да бидеме посреќни , посмирени , поисполнети да го следиме текот на нештата и да постапуваме како ни се чини дека е разумно во моментот без одредени правила и сл :D
     
  7. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Никогаш не се откажувај.
    Најголемо животно правило е дека животот е борба, ама од друга страна пак и судбината игра голема улога .Познавм луге кои не мрднале ни со малиот прст а се и е дадено на послужавник.Но исто има и такви кои макотрпно работеле за да бидат она што се денес .
    Само едно не ми јасно во последно време.
    Зошто лошите луге имаат се ... :!: а добрите речиси ништо. :( Која е тајната на успехот? :roll:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Посвети го животот кон некоја одредена цел и стреми се да ја оствариш. Тука се разбира нема точни или погрешни одговори, бидејќи станува збор за личен избор. Еве на пример јас до 2010 мојата цел беше само работата и ништо друго не ме интересираше освен како да направам пари. И немав никого, бев многу осамена, сите мои пријателки си се омажија или барем имаа долги врски, а јас само патував од едно на друго место.Решив да се смирам и да пуштам корени на едно место. Сега сум во Македонија, имам прекрасен сопруг и планираме проширување, на ова го посветувам мојот живот. Работата ми е на 2 место. Не заработувам многу, но сум многу посреќна од порано.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Јас верувам во судбината која Бог ни ја одредил, што значи што сакаш прави ако нешто се случило така требало да биде. Денес можеш да бидеш на врвот ама утре на дно и обратно.
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Има луѓе што ќе ти останат пријатели засекогаш, а има и луѓе кои ќе ти останат лекција засекогаш…

    Животот е клацкалица, кога е многу добро станува многу лошо…

    Оној што многу зборува, често претрпува неуспех…

    Живеј додека си Жив…

    Кој доаѓа пред време е на време, кој доаѓа на време касни, а кој касни многу ксани…

    Скромните и светите луѓе се како оризот-колку повеќе растат, толку повеќе остануваат долу, зошто ако се издигнат можат лесно да се скршат…

    Тоа се некои од животните правила кои треба да се почитуваат. Мојата баба секогаш пред спиење ми ги читаше наместо приказни или успиванки.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Напротив, лошите немаат ништо во споредба со добрите.
    За добрите луѓе мислиш дека е така зошто тие се скромни и мудри.
    Значи не си мудар ако си со пура во рака и облека од версаче, а да не размислуваш со својот мозок.
    И лошите луѓе завршуваат скршени, т.е банкрот ги фатило, изгубиле фамилија од алчноста, и многу други лоши работи од алчноста.
    Ги кажав правилата за убав живот погоре.
    П.С
    Вие се лажете што кажувате нема правила...
    Почитувајте го правилото за зборување, тој што многу зборува често претрпува неуспех ;)
     
  12. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Mислев на духовоното и материјалното богатство.
    Ретки се луѓето што истовремено се богати и духовно и материјално.
    Посебно во денешно време богати се лошите луѓе, за кои човечките чувстава не претставуваат ништо.
    Тие си ги гледаат сопствените интереси и не им е гајле ама баш за ништо.
    На патот до трупањето материјално богатство често пати максимално ги искористуваат сиромашните.
    Страдаат невини личности, итн.

    Прочитав некаде дека светот не страда од лошите луѓе , туку од добрите, затоа што им дозволуваат на лошите да ги искористуваат.
    Ми се допагаат животните правила на баба ти :!:посебно она за зборувањето, но и најмудрите зборови сепак некој треба да ги каже
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Не мислев за тоа. Ако тресеш глупости онака за колку да се правиш важен, за тоа мислев. А, ако се кажуваат мудри мисли кои ќе ве натераат да го вклучите мозокот, тогаш со тоа се возвишувате. :)
     
  14. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Девојки, во темава сакав повеќе да зборуваме давајќи конкретни правила од ваше лично искуство со пример ако може. Ниту една од вас до сега не ја сфати како што треба. папилон Папи беше најблиску, но не се конкретни... :clap: Кажувајте правила што мислите дека функционираат како што имам јас погоре наведено во моите претходни постови. ;)
     
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    После долги филозофирања мислам дека знам! 8)

    Добрите луѓе се среќни и задоволни од тоа што го имаат, така? :?:
    А, лошите алчни. Па, ако сте среќни и задоволни со тоа што го имате, нели со среќа доаѓаат пари, љубов, деца и тн. Лошите секогаш завршуваат неславно од алчноста. :!:

    Блиску сум сега?
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Не ми се верува дека стварно имаш 13год. :o Премногу зрело размислуваш за твои години. :)

    Он топик.
    Јас мислам дека за да успееш треба да се придржуваш до едно единствено правило. Живеј за себе и само за себе. Се што правиш, прави за себе си. Звучи себично, да. :!: Но ке те заштити од многу страдање.. од искуство ви кажувам. Оние што го практикуваат ова, многу посрекни се од оние што постојано им угодуваат на останатите кои на крајот ни фала нема да ви речат.
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Не е првпат што некој вака размислува за мене.
    Тајната е читање на книги. Ме прави да размислувам и осмислувам, што ќе биде понатаму.
    И се сложувам со твоето мислење. Би требало така да се однесуваме со повеќето...
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Сум дошла до многу заклучоци и правила но на крај остана само едно - дека правила нема.
     
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Храбрите ги следи среќа

    Не го љути тој што го молиш

    Ако се дави некој -бутни го
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.104
    Пол:
    Женски
    Ние сами си ја пишуваме книгата ка животот :)