Како оди ова? Ако не е тајна со која осигурителна склучивте полиса? Дали имаат драстични разлики меѓу себе во понудите или нијанси им се во прашање? Дали има различни пакети каков ти одговара тебе, или опционо 2-3, или еден пакет фиксен за сите што е? и ако не е проблем, колку уплаќате на 6 месеци? По колку време, не дај боже минимум може да ви реализираат средства? Фала однапред Јаооо 100000 прашања ти пишав. Ак ти се пише ок, ак не- не мора
@Espadrila @sanjaeva Да почнам со ред. Ние сме осигурени во различни компании. Тогаш агентот така ни предложи. Мислам дека скоро и да нема никаква разлика меѓу компаниите. Јас сум во Кроација, мм е во Винер. Разликата беше тоа што во Кроација имат исплата за мајката за секое родено дете. Каматата за штедење беше иста. И никаде не е утврдена со клаузула. Само ја кажувааш најпесимистичната, мислам дека беше околу 5% од вкупната сума. Сум заборавила. Го плаќаме трета година веќе. Мислам дека имаат различни пакети , кај нас конктетно се работи за осигурување+штедење. Главниот акцент кај нас е на осигурувањето. Осигурен си од тешки болести како удари, рак,алцхајмер, повреди. Т.е за ова се доплаќаше некој 25е или по желба колку тебе ти одговара. А најниската стапка за штедење е 200е годишно. Можат да се плаќат наеднаш на годишно ниво, два пати во годината или секој месец. Ние избравме на 6месеци. Предноста е што при не дај боже на смрт на осигуреникот на семејството му се исплаќа дупла сума од сумата која требало да се заштеди за 10/20години. Најмал рок на течење на осигурувањето беше 10 год, а може да трае 25. Тоа го прават во зависност од возраста или по желба. Првите три години се критични за плаќање. После можеш да прекинеш и да ги оставиш парите да стојат. Ако престанеш со плаќање во првите три години парите пропаѓаат. После 7мата год може да се подигнат. Или сите заедно или месечно како плата/пензија. Може и јас сум сега нејасна. Ама ако имате прашања слободно. Тука сум.
Ќе се вмешам малце мислам дека првите 3 години мораш да ја платиш сумата што си ја платил во првата година.
Да не одам подалеку...еве ако имаш повреда, скршеница и ти исплатат некој износ (пр.10.000), дали за тој износ ти се намалува базичната акумулирана сума?
Да. А и понатаму. Потпишуваш договор. Мислам дека после третата може да се менува сумата. Ама не сум сигурна. Ќе треба да се растерам низ документите.
Не Сање. Но при тешки болести и исплата на одредена сума која била голема во најчест случај мислам дека се прекинува осигурувањето.
Да да после 3 година можеш колку сакаш да плаќаш. Работев во осигурителна компанија затоа горе доле ги знам работиве.
Имате ли осигурување на недвижнини (имот)? Ако имате, преку која компанија е? Која компанија кај нас нуди најповолни услови за осигурување на домот?
Само имајте предвид дека ако ви текне да го раскинете договорот предвреме, парите што ќе ви ги вратат се смешка. На пример, за уплаќање од 500евра, после 3 години дадени 1500, ќе ви вратат околу 500-600евра. Од тој аспект се катастрофа, а реално може да сакаш да го прекинеш штедењето од било која причина.
Спојлер: Приватното семејно здравствено осигурување е светски тренд кој пристигна во Македонија http://www.femina.mk/новости/занимл...е-е-светски-тренд-кој-пристигна-во-македонија Што мислите за ова? Дали на пример можете да се лечите во Систина бесплатно со осигурувањето? Се исплати ли? Познвате некој кој го користи?
Здраво се мислам за животно осигурување помеѓѕ Граве или Винер за мене и децата.Кое вие го имате и го препорачувате?Поздрав
Zdravo melani, Jas sega slucajno citav i vidov deka si pisala. Jas sorabotuvam so osiguritelno brokersko drustvo i ako sakas mozam se detalno da ti objasnam. Se zavisi od vozrast, vreme na stedenje itn. Pisi mi lp ako sakas. Pozdrav i imaj ubava vecer.
Добро би било, да има некој храброст јавно да сподели повеќе искуства околу оваа тема и да се одважи да каже што би било најповолно, односно кои компании би биле најсигурни. На пример, за животно осигурување и штедење како и осигурување на имот. Осигурувања што секој нормален човек треба да ги има во предвид и да се информира. Вака со лични и скриени пораки меѓу себе, очигледно е матна вода со осигурителниве компании во Македонија. Штета што на толку осигурителни компании како странски така и домашни да немаме барем 2-3 солидни на кои човек би можел да смета за да се заштити.
Доколкуе некој заинтересиран поопширно во врска со полисите за животно осигурување слободно може да ми се обрати во приватна порака.
А зошто не раскажеш тука за сите услови, а не во лп..? Или во лп мислиш дека ќе си најдеш жртва за процент? Хм