Бидејќи има повеќе пакети и тој што е заинтересиран и конкретно за што е ќе си праша и ќе му објаснам подетално инаку не ми е никаков проблем да објаснам и овде. Позз
Се работи за ГРАВЕ животно осигурување,компанија која постои 191година досега. Осигурување на живот можат да склучат лица со навршени 15 години до 65 години живот,траењето на осигурувањето може да биде од 10 до 40 години. Може да се осигурате од 250е до 3000е годишно, на една или две рати. Пр: Доколку се осигурате на 1000е годишна премија на 20год,во вашиот конкретен случај со нашиот бонус и пресметана индексација,сте вложиле 20000е а ќе добиете околу 32000е во случај на доживување. Во случај на смрт во договорот имате назначено наследник и без разлика дали настанала смртта првата,петта или 20тата година наследникот ја добива премијата од 20000е, во случај на насилна смрт добива дупло. Осигурани сте од 20 тешки болести и доколку сте родител вашите деца се осигурани од 12 тешки болести.Постои само еден услов за да може да направите полиса а тоа е да сте ЗДРАВ/ЗДРАВА.
Фала за исцрпниот одговор.. Под здрава што се подразбира? И дали се дава изјава дека сме здрави или треба и преглед да поминеме? Никој не е 100% здрав денес..
Да сте немале во животот некое потешко заболување ...од наведените .. а доколку сте имале се наведува,исто така и матичен лекар се наведува. За поголема годишна премија потребен е и лекарски преглед
Здраво ми треба совет Компанијата каде што работам ме има приватно осигурано , е сега треба да се правам операција , па сакам да го знам каков е целиот процес/исплата/оштета и сл?
Здраво Justicija. Маж ми работи како лиценциран осигурителен брокер и соработува со сите компании во Македонија. Така да, доколку на кој било му треба некоја информација или некој совет, слободно пишете тука, во приватна порака или директно на неговиот број 075434010 Ѓоко. Што се однесува до твоето прашање, најпрвин треба да ми кажеш дали осигурувањето што ти го плаќа компанијата е животно осигурување или пак приватно здравствено осигурување и каков вид на операција треба да правиш. Како и да е, првин треба да се види покритието и постапката во условите на осигурувањето. Контактирајте ме за што и да ви треба во врска со секаков вид на осигурување, ќе споделам се што треба Поздрав
Најпрвин треба да се провери дали според договорот, компанијата за осигурување ја покрива операцијата што треба да ја правиш. Ако да, имаш две опции. Да пријавиш во осигурителната компанија дека треба да правиш операција, и они да ти кажат дали ќе треба ти да си платиш па после да те рефундираат или пак само да отидеш во болницата и они да покријат се одма. Ова зависи од договорот што го склучила твојата компанија со осигурителната компанија. Точната постапка ја пишува во условите на договорот. Како и да е, чувај ги сите документи и од прегледите што ги правиш.
Само трошоците околу операцијата ми ги покрива осигурувањето ? Нема ништо плус ? Инаку сите вработени сме осигурани на 180000 денари ..
Ако на работа имате само приватно здравствено осигурување, тогаш само ќе ти ја покријат операцијата. За нешто плус треба да имате колективно осигурување од повреди или животно осигурување, каде што доколку се деси некоја повреда 24/7, се исплаќа отштета за повредата и болничко лекување.
Здраво. Имам животно осигурување на Кроација, еве веќе тече 4тата година, ми поминаа првите три кои се најкритични. Но веќе извесно време слушам лоши работи за оваа осигурителна компанија, како не само што не исплаќала камата туку на крај враќале и помалку од вложените пари. Ме интересира дали некој има искуство со Кроација, дали се ова само гласини или знае некој навистина такви примери каде осигурениците не го добиле она што им е загарантирано со полисата?
здраво ако сте заинтересирани за полиса за животно осигурување контактирајте ме, ќе ви објаснам што како
Ме интересира според вас на која осигурителна куќа би им ја дале довербата за животно осигурување, мислам дека кај нас во моментов има 5, па во размислување сум преку која да одам. Сите имаат повеќе пакети и услуги, јас би земала животно со добивка за некоја средна сума и среден пакет по можност ако има здравствено осигурување.
Предлпжете некое животно осигурување, преку која компанија? И дали инвестирале преку инвестициски фондови?
Заинтересирана сум за животно осигурување на мм. Досега не бил осигуруван, а има 35 ме интересира какви се пакетите и што се се нуди и што добива? Па ако има некој/а што се занимава со ова нека пише
Јас имам од Кроација и гледам дека немаат препишано никаква добивка во последните 2 години, ниту дека има евиденција на вложување. Какво е искуствоо со запирање на плаќање и промена на договор со Кроација?