Јас стварно не знам шо сака да каже членот горе. Мн исфрустриран ми изгледа. Не беше фрката ние да се препукуваме тука и да се објаснуваме. Ако имаш инфомрација сподели со девојчето шо ќе си оди, ако не, лечи комплекси на друго место !
I vo Amerika i Kanada ke zeme isto penzija ni den da ne rabotele, ama znaeme nie ovde sto sme kolku zimaat. Pa nepieme nafta, voda pieme. Ne sme retardirani da rabotime, a na kraj isto penzija da zimame. Ako e taka nema ni na rabota da odime, site doma gobleni ke vezeme i op penziicka.
Prijatele, vo mkd duri i da rabotis nema da te sledi penzija, mozno e da ti recat za tebe nema. A eve sam kazuvas deka vo stranstvo (USA, Kanada, Avstralija) duri i da ne rabotis mozes da zemes penzija. Kolkava ne e bitno. Ke dojdes mkd i ke zivees ko gospod. Daj ne go tupi, ako imas neso korisno da spodelis, spodeli !
А вас тоа ли ви е примамливо во странските држави?Да седиш ко безрбтеник и да ти плаќа нешто минимално државата? Прашувам дека гледам сите тоа ко спомнувате ко приоритет некој во однос на Македонија.Мене ми доаѓа тоа како вид на социјална помош.
Разговорот замина во сосем друг правец... мене не ми беше тоа поентата. Фрката беше дека таму системот функционира и има сигурност ( правна, социјална, економска).
дали е вистина дека навечер во Австралија било забрането да се оди пеш? морало исклучливо со кола бидејќи имало човекојадци?
сакаш да ти кажам колку " минимално земаат " , заедно земаат вкупно 3000$ , дедо ми работел 33 години а зема исто колку и баба! Инаку лечење фрустрации на друго место ! Зш после ко ке ви се возврати мн плачете
@JonyBravo зависи ако имаш таму фамилија дечиња внуци на старо тешко дека ќе се вратиш, моите роднини многу сакаат да се вратат ама ете деца, внуци ..
Тоа е во ред.. али во тој случај, дури и да имаш мала пензија ( не знам зошто стигнавме до делот пензија, али веќе тераме разговор за тоа шо е ептен спротивно со насловот на темата) ќе има кој да те гледа и да те издржува, со кој да живееш и слично. Ако не нешто друго, солидарност за пензионерите ваљда уште постои.
Лично немам некое добро мислење за земјата. Мислам секако настрана од тоа дека имаат пари и дека е супер од економски аспект, не знам дали би можела да живеам таму лично. Многу жешка клима, си сакам снегче си ја сакам Европата. Во секој случај каде-каде подобро од тука! Значи ако ми е последен избор и таму би отишла иако не ме бендисва многу животот таму. Ова со животот таму го спомнувам бидејќи имам прва брачеда таму што се мажи. Живее во Аделаида. И доаѓаат овде на 5 години можеби цело семејство и општо кажуваат дека таму многу се работи, а нема нешто посебно да се прави. Тетка ми беше таму ми велеше во 9 сатот сите спиеја темници на секаде јас како будала дремев во дворот умирав од досада. И тоа стара жена. Сега не мора да значи.. Плус тие од македонските заедници се (да не навредам некој) сељаци. Не само со музиките и забавите- бугарки и некои бош фолк пејачки од тука никој што не ги знаеме ние а таму демек хит се.. И во однесувањето се многу..... Не ме бендисва мене лично. Not my cup of tea. Ама пак ќе повторам- дефинитивно сигурно подобра опција од тука да се остани! Со среќа нека ти е преселбата, се надевам ќе се вклопите добро.
Сега има директ лет од Дубаи за Мелбурн, Сиднеј, Аделаид, Перт, не се оди веќе во Сингапур. За топлото, па во Скопје е многу потопло летото него тука, таму кога ќе се вжешти асфалтот, зградите пекол на земјата, тука преку ден е топло ама навечер од морскиот/океанскиот ветер се освежува, се спие без клима, во Скопје тоа ми беше невозможно, плус кај да живееш во било кој град во Австралија за 15 минути си на плажа. Системот е еден од најдобрите во светот после Шведска, лекувањето е беспари, школувањето до средно исто, државата нуди поволни кредити за факултетите кои треба да се отплатуваат од кога ќе се вработиш. Државата дава на секој што не заработува над 300.000 во годината по 400 долари од дете помош (200 долари на две недели) еднократна помош од 7500 кога ќе се роди бебе, помош од 2500 за самохрани мајки. Ако си невработен ќе земаш 1500 од државата (ово само ако си државјанин или на постојана виза) тие се доволно да преживееш меѓутоа не можеш на пример да земеш кредит за куќа ако не си вработен,за кола да купиш што е неопходна нема да можеш да купиш пример нова, со истите пари што ќе плаќаш кирија ќе си отплатуваш куќа. Работник во фабрика зема сатница од најмалку 23-25 долара, се работи 8 саата смена и ако има можност за прекувремено првите три саата се плаќаат за саат, саат ипол (time and a half) после тоа дупла дневница, ако работиш сабота, недела дупла дневница, празници тродупла. Законот е дека измеќу една и друга смена мора да има најмалку 12 часа растојание, не се умира тука од работа. Со платата од фабрика може да се живее комотно семејство од 4-5 члена и да се отплаќа кредит за куќа и да не ти фали ништо, мислам да се пребројуваш од четврток до четврток. Двајца вработени веќе се живее ептен добро, ово зборам за од фабрика плати, што се рачуна за минималец, пример тука градежни работници земаат по 1500 неделна плата, ѓубретарџии земаат 45 долари на саат, во фабрика за рециклирање на ѓубре сатница е 75 долари. Државната пензија добива секој што нема над 700.000 долари во имот, пари, обврзници а таа изнесува 1750 за самец ако се пар секој добива по 1250, значи кога останува сам пензијата се зголемува. Парите се добиваат на секој две недели. Пре би рекла дека не знаат каде да одат а не дека нема што да се прави, концерти секоја недела, зоолошки огромни, аквариуми, ботанички градини, историски делови на градот, музеи, изложби од светски артисти, театри има многу работи само кој знае да си ужива во животот.
@bittersweet Може малце глупо прашањево ама да си прашам Како е со отровни пајаци, животинки? Како гледаат Австралијанците на доселеници, дали се расисти во школите,продавнци итн. Повеке информации за Мелбурн се добредојдени. Фала однапред! Ана
Doin good, you? @Askopje отровни животинки во 35 години еднаш имам видено ако не се рачунаат тие по зоолошкитеретко ги има во населени места. Расистички има настроени ама и тоа ретко, кој расизм во држава полна со луѓе од секое ќоше од светот. Што те интересира прашај ќе ти кажам, вака многу ми е опширно прашањето.