1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животот во Бугарија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од razocaranata, 19 септември 2017.

  1. razocaranata

    razocaranata Активен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Здраво феминки..штотуку завршив 1 година во Софија, и многу сум разочарана, постојано гледам други европски градови, дали има некоја од вас што живее тука?
    Некако многу ми е балкански, лугево ми се чудни, знаат да превртат очи кога ке кажам од кај сум, знаат да ме прашаат зошто сум тука, кога и за нив нема работа.Очекував подобро, и се надевам да се запишам на друго место, многу сум разочарана, и студентскиот дом не е нешто посебно, ако има некоја со сличен проблем нека пише.
    И стандардот им е низок, не знам како да се навикнам. :(
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. razocaranata

    razocaranata Активен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Ве молам што побрзо за совет :(
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Многу хубава тема, додуша не очекував таков вовед. Мислев општ за животот во Бугарија.

    Па нормално дека луѓето се со балкански менталитет кога и Бугарија е дел од Балканот. Иако имам некаква представа дека во поглед комункација со спротивниот пол бугар(к)ите се поопуштени, или можеби смао мене така ми се чини.

    Дали можеш да опишеш повеќе околу студентскиот живот во Бугарија?

    Какви се цените таму?

    Си била ли (да речеме со воз) во другите поголеми или помали градови како Пловдив, Јамбол, Стара Загора, Пазарџик, Русе, Бургас, Шумен? Како е таму споредено со Софија?

    Во која смисла ти се луѓето чудни?

    Како изгледа поконкретно тој низок стандард? На пр. ако би се споредло со Македонија?

    Ако сакаш да во Европа а да не биде прескапо тогаш оди студирај во Братислава, Прага, Будимпешта, Краков, Тарту... нудат студии и на англиски но ќе биде фино ако им го научиш јазикот. А ако имаш ептен пари, студирај во Москва или Њујорк, евентуално Токио, Единбург, Хронинген, Утрехт... веќе според тоа која атмосфера и култура ти е поблиска или попривлечна - ќе бликаш задоволство поради стандардот во тие земји :)
     
    Последна измена: 23 септември 2017
  4. razocaranata

    razocaranata Активен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Поопуштени се, ама обично со нивните.Мене многу бугари ми викаат оди си, зашто си тука, пред пропаст сме, исто и на интернет.
    Овие Пловдив, варна, шумен се помали градови, и многу ја сакаат софија,доагаат за да избегаат од таму. има градови во бг каде што леб немаат да јадат.
    Околу учењето страв ми е дека нема да успеам во Софија, општо Бугарија.Може и подобро.
    Цените се страшно ефтини, дури и од мк има поефтини работи, но платата им е мала, не им стига, зимаат мали пензии и постојано се разочарани.

    Се надевам дека ќе имам финансии за живот на друго место
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Ти благодариме за одговорите! Може ли уште неколку прашања? Убаво е ако може да се дознаат некои информации од прва рака.
    Зошто сметаш дека не би успеала? Дали имаат интересни предавачи на факултетите? Какви се професорите на испит?
    Ги спомнав затоа што таму исто имаат факултети. Дали би студирала евентуално таму? За Шумен сум слушнал пофалби. Бургас има неколку факултети исто, а ем е на море.
    Дали може неколку примера да наведеш. Да речеме еве што си ручала пред некој ден и колку сето тоа те чинеше во евра или денари. Или вака, наведи доколку можеш, колку чини цената за:

    - 10 јајца
    - 1кг. домати.
    - мешано сирење
    - Фанта 2 литри
    - милка чоколадо 250гр.
    - тоалетна хартија х 10 ком.
    - сапун обичен за миење раце
    Значи слично како во Македонија веројатно.

    Но каква врска има тоа со твојот престој и твоето студирање таму? Ти си имаш свој живот, свои студии и претпоставувам свои финансии. Што се замараш какви примања имаат бугарите. Ти таму само си студираш, не работиш... или?

    Мислам дека треба пооптимистички да ги гледаш работите (додуша не знаеме каква ти е финансиската состојба) и да ја гледаш својата цел таму - да се стекнеш со диплома! Па потоа тоа може да ти отвори нови патишта и можности, можеби токму во некоја земја со далеку повисок стандард.
     
    Последна измена: 25 септември 2017
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Бугарите општо, како луѓе се поопуштени. Мкд се генерално намќорчиња и поисплашени.
     
    На Justicija и daylight им се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    @razocaranata Германецов и британкава студираат медицина во Бугарија и прилично се задоволни од студентскиот живот, можеби ќе ти се најдат нивните совети, па макар како инспирација дека успеалe да го најдат позитивното и убавото таму (а со цел да го подобрат својот живот евентуално на друго место еден ден):






    Среќно! :)
     
    Последна измена: 28 септември 2017
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  8. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Дали е Софија подобро или полошо од Скопје?