Животот во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од iskraFem, 26 мај 2016.

  1. iskraFem

    iskraFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    2.474
    Пол:
    Женски
    Не можев да најдам таква тема, мислам дека имаше една за животот во Австралија. Јас и дечко ми планираме нашите животи да ги продолжиме во оваа држава па добро би дошло да слушнам некои ваши мислења и искуства. А верувам и на повеќето од тука би се нашла корисна темата.
    Јас немам европски пасош за да можам да престојувам во Германија, но планирам да извадам 5 годишна работна виза а дечко ми има европски пасош и за него тоа не би претставувало проблем, ќе може слободно да престојува и работи. Еден од неговите родители работи во Минхен а имаме заеднички пријатели кои живеат и работат во Манхајм. Јас имам уште некој испит од факултет (секако нема да ми важи дипломата таму, но сакам да го завршам). Така да кога ќе завршам планираме да одиме. Немаме одлучено каде.
    Моите прашања до вас кои веќе живеете/престојувате, сте биле или знаете како е се многу но ќе успеам да одвојам нешто. Кога, како и со кого заминавте? Во кој дел/град живеете? Кој дел/град би го препорачале и зошто? Дали живеете во куќа или стан? Под кирија или не? Дали изнајмените станови се со мебел или претежно се празни? Дали имавте познаници, роднини или пријатели кога отидовте? Што работите? Какво ви е работното време? Дали сте доволно платени? Дали лесно може да се најде работа? Во кои сектори најмногу се бараат работници? Дали доколку тука завршам некој курс (пр. фотошоп, професионална шминка и сл.) би ми било од корист за да се снајдам со работа? Како се снајдовте со јазикот? Дали лесно го научивте? Дали ви важи македонската вожачка дозвола и ако не, која е постапката за да ви важи? Како ви е регулирано здравственото осигурување? Какво е темпото на живот? Дали излегувате? Пазарите неколку пати месечно со полна корпа или кога како ви притреба? Доколку имате деца/бебе како се снаоѓате? Од колку ги земаат во градинки? Мајката колку време има породилно отсуство? Дали во местото кај што живеете се ви е на дофат или треба да патувате со кола/метро? Дали финансиски се ограничувате за повеќе работи?
    Ахх имам уште многу прашања но не сакам да ве преоптеретувам. Ако се сетите на било што кое мислите дека би било од корист да се знае ве молам споделете го.
    Се извинувам за прееедолгиот пост :tmi: Мислам дека темата би била од корист.
    Доколку има некоја тема слободно избришете ја и ве молам посочете ми ја темата. :)
     
    На Norah Jones, Elen4e_sonce, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. iskraFem

    iskraFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    2.474
    Пол:
    Женски
    @Mariangel @Minnie 1 @vitamina @danichap @mariz

    Извинете што ве посочувам вака, но мислам дека сте во странство. А навистина ми требаат информации. Ако сум грешка, извинете
     
  3. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    26.619
    Пол:
    Женски
    @iskraFem Kako prvo nisto ne e taka ednostavno kako sto se cini. Jas se omaziv za momce od tuka,zatoa i dojdov da ziveam,inaku vo stranstvo nikogas ne sum sakala da ziveam.
    Za jazikot bi ti rekla podobro e ako si go naucis bar osnovnoto pred da dojdes,anglisli mnogu nema ovde da ti pomogne. Drzavata ti finansira i kurs ovde vo slucaj da ne si go naucil jazikot prethodno.Rabotata ne pagja od nebo,jas seuste ne mozam nesto asalno da najdam. Ako dvajcata planirate da rabotite,ne mozete da rabotite polno rabotno vreme,ili mozete ama mnogu ke vi odbivaat. Taka da onoj koj poveke zarabotuva obicno raboti polno rabotno vreme,drugiot na t.n. 400€.
    Vozackata delumno ti vazi,so sto ke moras tuka pak testovi da polagas i nekolku casovi voznja da zemes. Pozitivno e sto e mnogu podobar soobrakajot i polesnno se vozi otkolku vo Skopje.Loso e sto instruktorot maksimalno moze dva pati nedelno taka da jas se utepav od cekanje da zavrsam so casovive. Akp zivees vo pomal grad i ne si vo centarot kola obavezno moras da imas zosto avtobusite im se na sekoj saat a mozebi i poretki. Vo pogolemite gradovi sigurno ima pocesto,a sekako ima i prevoz so voz. Cenite za hrana,obleka itn se normalni taka da mozes slobodno skoro se da si priustis. Vo vrska so primanja za deca ne sum zapoznaena,samo znam deka za vo gradinka treba okolu mesec odnapred da cekas na lista da dobiess mesto. Mozebi sekade ne e taka. Mozebi ke ti treba vreme da se naviknes malku na mentalitetot na lugjeto,definitivno se razlikuva od nasiot. Voglavno se ljubezni,e sega ima i takvi sto ne sakaat stranci,ocekuvaat od tebe odma da ja prifatis nivnata kultura,vreme za privaten zivot e za vikend. Se im e vo termini pa taka ako sakas na kafe nekade da otides obavezno odnapred da im kazes. Taka da malku kako roboti se programirani.
    I po svoja volja nikogas ne bi dosla tuka da ziveam,ama nikogas znaci.
    Ete toa mozam da ti kazam od mojaa gledna tocka,ako imas uste prasanja poveli.
     
    На Naked Gun му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    26.619
    Пол:
    Женски
    Uste nesto bi ti rekla,ostani si tamu kaj sto si,ne e lesno da ostavis se zad sebe,semejstvoto,prijatelite. Posledniot pat kogaa bev doma srce me zabole koga se osetiv kako stranec,slikajki se na plostadot da imam nekojaa slika za spomen. Ke im go skrsis srceto na site okolu tebe sto te sakaat,a najmnogu tvoeto,veruvaj.
    Ama ako veke odlucis da odis,gledaj daa toa bide vo blizina na nekoj od gore spomenative,za pocetok ke vi treba pomos da se snajdete.
     
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.109
    Допаѓања:
    64.930
    Пол:
    Женски
    Jas ne sum :D @Kaetana e momentalno, brzo preselena. Na nikoj drug ne mi teknuva...
     
  6. Френки Далавера

    Френки Далавера Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    323
    Не знам дали е за тука прашањето, ама ај да си ја пробам среќата.

    Сакав да прашам дали некој е запознаен со правото на добивање социјална помош во Германија?
    Кој има право на таква помош, колку изнесува, кои услови треба да се исполнуваат и какви документи се поднесуваат и каде.

    Ако некој знае, би му бил благодарен да сподели, било тука, било во лп.
     
  7. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.557
    Допаѓања:
    12.425
    Пол:
    Женски
    Искра, бев прозвана ама и многу хаос период имав, па не бев често на форумот.

    Одговор ќе пишам наскоро, за сите што ги интересира, а ако имаш дополнителни прашања, на располагање сум во лп да ги одговорам.
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.540
    Допаѓања:
    231.970
    Способноста за адаптација и прагот на флексибилност се различни кај секого. Секој си се знае себе, па сам најдобро би можел да процени дали е способен за таков старт.
    А стартот е тежок, тоа да. Не само тој, и првите неколку години се прилично тешко, но се зависи од тоа на што одите и каков старт имате.

    Не е едноставно да се најде стан доколку сами треба да аплицирате за истиот а не одите на готово, посебно во поголемите градови.
    Може стотици апликанти да има за еден стан и воопшто да не бидеш викнат на разгледување на истиот.
    Најчесто се бара провизија, кауција за истиот што исто така не се мали суми. Кириите се движат од 450 за мало станче па нагоре за поголем. Некој просек не би можела да кажам бидејќи градот и населбата се пресудни.

    Во однос на работата има 5 даночни класи. Самците се во прва, венчаните имаат два избора.
    Доколку и двајцата заработуваат солидна да бидат двајцата во 4та, доколку едниот заработува значително повеќе тој оди во 3та за да плаќа помалку, а оној кој помалку заработува е во 5та.
    До 450 евра е миниџоб, односно се ослободени од плаќање данок.
    Грубо кажано, еден обичен работник од 2000 евра бруто, неколку стотини евра пензиско, неколку стотини евра данок, плус здравствено...и на крај сумата драстично се разликува.

    За социјалната помош не сум запознаена. Има минимуми кои мора да бидат исполнети и разни тарифи според статусот.
    Околу 1000 евра мислам дека е за една фамилија со дете.
    Еве еден линк. Се надевам дека е од помош и покрај јазикот.
    http://www.hartziv.org/berechnungsbeispiele.html


    Слободно прашајте за конкретни теми кои не ги опфативме.
     
    Последна измена: 2 јули 2016
    На gjoker4e, Dust, Френки Далавера и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    26.619
    Пол:
    Женски
    Se vrabotiv kaj edni “prijateli“ (germmanci) imaat ketering sluzba inekolku pati nedelno po potreba me vikaat. Otidov denes,imase dosta poracki,so toa i mnogu rabota,trckanje,vremenski si ogranicen pa gledas za tie 4 saati se da stignes. Stignav se na vreme,osven edna sitnica,koja e pet min rabota,nisto poveke i “prijatelkava “,koja e gazdarica mi pomogna. 5 min rabota bukvalno znaci. Mi dadoa pari ,doagam doma i gledam 5€ pomalku mi dala. Samo zatoa sto 5min mi pomogna,iako jas sama sakav da ostanam i podolgo dodeka ne zavrsam i bez da mi go platat toa prekuvremeno,ama ete takvi se. I bukvalno ti doaga da gi ostavis na cedilo da se sitnicarat so nekoj drug.
    A preku vremeno koga ke ostanes im odgovara.:emo:
     
    На Norah Jones и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  10. P.SIloveyou

    P.SIloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Македонија е убава држава за живеење само што е сиромашна земја.Со 1000евра плата во Македонија овек би живеал раскошен и убав живот.Но јас мислам дека во Македонија нема да остнам да живеам.Во Германија имам роднини и доколку успеам после средното училиште Германија ќе биде мое место на живеење.Секако Македонија ќе ми недостасува но најдобро за мојата иднина сметам дека е Германија. :) :) :) .
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sunisup

    sunisup Нов член

    Се зачлени на:
    9 април 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Здраво,
    Ги познавам лугето, ова и е нова страна, наплаќаат помалку од агенциите за работа за студенти во австрија и германија, и секако плаќањето е после стигнувањето на договорот.
    https://www.facebook.com/studentenjobsingermany/