Well people. Бидејќи неколку години веќе сум во Германија, во медицинската област, би сакала на кратко да го раскажам моето искуство, и тоа што знам, за тие што сакаат да доаѓаат. Било да сте сестра или лекар, фармацевт, би треба Б2 минимум. За лекар и фармацевт мора Ц1 медицински. Може со наш пасош, и секои 6 месеци да се оди во Ausländerbehörde за продолжување на визата. Или со бг пасош, без тие церемонии. Лекарите и фармацевтите морат да ја положат апробацијата, додека за сестрите не сум сигурна дали има плус испит. Пр. Ако оваа година некој сака да се спрема со јазик од 0, па се до работа у болница, отприлика... 2-3 години одаат поминати во учење јазик и спремање испити. Во тие области во болница искрено тешко е да се најде работно место. Јас барав околу година време. Животот овде. Искрено според моја гледна точка, после х години минати тука, е shit. Тука имаш се, т.е. можеш да имаш се, стан каков таков, кола, шетање каде сакаш, јадење какво сакаш. Се. Се што се сака, тука може да се оствари. Ако имате напорна работа, а ќе имате, бидејќи секоја секунда е броена, те гледаат колку и како работиш, колку се "жртвуваш" за работата, ретко ќе имаш сила да идеш некаде после работа. Евентуално викенд. Прашање е и викенд. Со тек на време, you are turning into a robot. Собирајќи сила само за работа, иако си 30 години. Купувањето, барем кај нас, се сведува еднаш, мах два пати неделно, и тоа се смета like going out. Храната не се ни споредува со Македонија. 0 вкус, пластика. Од сопствено гледиште. Пред да дојде човек овде, има впечаток, Германија "ме чека", би било лесно, нема кој не дојде овде. Once you get started, е стрес, фрустрација, тага по родниот крај, фамилија, пријатели. Сфаќаш дека немаш време за ништо, дека финасиски можеш да си овозможиш многу нешта, а се е придружено со самотија, хроничен умор, тага, фрустрација што не можеш да се изразеш како што сакаш, со 0 желба да се биде дел од оваа општество. Полека паѓаш во депресија, а не знаеш зошто е вака. Иако се можеш да имаш. Мирот што се има овде, што никој нема да ти "соли памет", се плаќа со изгубени години далекy од фамилијата. Си идеш дома и гледаш колку се си испуштила, домашните твои се подостарени, куќата се сменила, пријателите исто. Децата ќе бидат некогаш скратени од право на баба и дедо, некој што ќе ги носи на школо, некој што ќе ги учи за Божиќ како колачи се праваат, некој што ќе им покаже како се ловаат риби. Ги / ќе ги испуштиме годините со периоди на правење ајвар, слатко од смокви, смеите, фамилијарните собири... All that for... Big cities, more money, " better quality of life". Од овие години тука, сфатив дека едноставниот живот е најсреќен. Во село. Мала куќа, простор за садење за храна преку лето и зима, домашна храна, само едно писмо во сандаче за сметка за струја. 0 стрес. Living the life. Drinking the coffee outside with my sibling, while mum and dad are playing with kids, feeling the breeze and smell of spring... Simple life. Ви посакувам сите што сакате тука да дојдете, да Ви се исполни. I really do wish. Ако имате прашања, стојам на располагање.
Зошто не се вратиш ако таму не си среќна? Извини вака ама многу ме иритира кога некој кука како му е во странција лошо а не се враќа тука ,зошто?? Јас лично сметам Германија е добро место за живеење, голем дел од мојата фамилија планираме да се преселиме во Келн ,инаку јас сум била како студент на сезонска работа во Минхен ...и ми се допадна ...
Тоа е мое лично искуство, такво ми е животното искуство овде. Сите сме различни. Тебе ти е супер, а верувам дека и на други им е, или би им било вака. Интересно е што не сум ни изненадена од прашањето. Како сите што сме дојдени овде, немаме право да се чувствуваме вака, "да кукаме". Имаме право да бидеме само задоволни. Единствената причина зошто дојдов овде е предноста во стекнување знаење во областа која ја сакам во медицината. Во Македонија ги нема условите, начинот и луѓето од кои би го стекнала тоа. Инаку никогаш не ни реков дека нема да се вратам. Да го стекнам искуството, способностите, тоа што ми треба, би се вратила да им помагам на нашиот народ, кој што нема кој да го погледне.
Пошто планираме да се преселиме во Германија дали некој може да ми каже за деца на возраст од 17 и 12 години во врска со образование . Дали ги враќат една година назад да повторуват , и што да очекуват ?
Имаме шанса наскоро да заминеме, сестра ми упорно не убедува, она е мн унапредена на раб место и веднаш може да не “повлече”.. Јас и сакам и неќам.. Сакам најмногу заради децава, да имам каде да ги изнесам, да ги тргнам од загадениот воздух, заради здравството поубаво и посигурно утре.. Од друга страна, тука имаме се, се наше и си имаме добри примања за наш стандард. Но, мене ми е страв од промени. Како ќе се снајдам? Децата? И да одиме, прво маж ми само ќе работи јас не.. доколку би сакале би можеле и наш стан да си купиме таму.. Ваква шанса можеби нема да имаме повеќе, а јас сум толку не амбициозна,мрзла, што не би сакала утре се на е на грб на маж ми…
Феминки, јас сум моментално во Lüdenscheid, на службен пат, ке останам 4 недели па сакам колку можам да ги посетам околните градови како Duseldorf ili Dormund.. би сакала да ми пише некоја во инбох имам неколку прашања фала ви
Здраво луѓе планирам да доаѓам во Германија, па сакам да ве прашам каква е состојбата таму, со цените со луѓето и дали има мобинг на работните места дерење и такви работи. Ви благодарам на одговорот.
Дали се наоѓа лесно работа во Германија со економски факултет? Вие што сте се преселиле таму како ја најдовте работа? Гледам дека многу балканци имаат отидено на запад ама поголемиот дел работат стручни работи (келнери,готвачи,градежништво,автомеханика,разно разни мајстори.....) Јас имам работено како конобар во fancy ресторан во Дубровник и би се снашол на таа позиција ама не би можел цел живот тоа да го работам. Фитилот ептен ми е скратен последниве години така да некој германец ќе заврши со скршен нос и скршени заби а јас во затвор. Поради тоа ако би идел би сакал работата да е поврзана со економија.
Дали некој има добиено фамилијарна виза, а притоа бракот да е склучен по заминување на партнерот во Германија? Бидејќи некои викаат дека треба да си повеќе од 2 години во брак за да можеш да поднесуваш за фамилијарна виза.
Се наоѓа, работа има колку сакаш само треба јазик да знаеш, и да си”fleißig” како што викаат Германците
Па врати се во Македонија ако не си среќна- сигурно имаш и заштедено. Ко медицинско лице ќе најдеш работа и кај нас. А еве што да кажеме ние што сме преку океан(поточно за мене-јас сум во Австралија), што воопшто не е исто со Германија во поглед на далечина и можноста да си правиш екскурзии до Македонија кога ќе ти текне. Јас имам вујко и вујна и братучеди во Германија и скоро на секои 2 недели се во Македонија.
Здраво на сите Ме интересира колку време чекавте за спојување семејство виза да добиете и ваши совети на што да внимаваме при доставување на документи Благодарам
Дали ако по истечените 90 дена во Германија … ако сменам држава пример Швајцарија/Италија можам да седам нови 90 дена таму?
Дали доби одговор на прашањето? Ние со мм сме во преговори за да одиме цело семејство, досега не сме биле, со две дечиња сме, 3г едното и 5м другото. Па сакам да прашам некој што одел во брзо време што се треба да се има за да се започне процедура за виза за таму, за цело семејство.
Тој што е со бугарски пасош да има работа, три платни листи, стан и да заработува доволно за да може да издржи четиричлено семејство. Ние среќа имавме со една платна листа направивме спојување на семејство. Тоа е за почеток што треба да се има. Па потоа се прави здравствено осигурување и термин за спојување на семејство. Од Мк носиш интернационални изводи од децата, интернационална венчаница и картон за вакцини од децата. Општо ова. Некаде иако е интернационален бараат преведен на германски, некаде со апостил и не знам ти што. Нас интернационален само без превод без ништо. Во друга тема најверојатно ти одговорив дека не. Од две недели до неколку месеци е просекот на чекање. Не треба на ништо да се внимава. Ќе ви кажат кои документи. Ако фали нешто ќе го доставите накнадно.
Келнер во Македонија и келнер во Германија има огромна разлика. Во Германија имаш културни гости, така да ги наречам. Убав бакшиш. Правила. Ред. Подобра плата. Нормално работно време. Пауза. Ако си вечер втора, утре не си прва. Можеш да си болен и да ти е платено 100% без да се изнервираш притоа од шефот. Не работиш за 10 луѓе. Ако има работа за 10 работат 10тина. Уствари Дубробник имаше пишано ама секако Германија има културни и смирени гости. Сигурно е подобро од Дубровник.
Ние имаме македонски пасоши, немаме бугарски. Значи сопругот прво ќе треба да аплицира за виза? Тој прво да отиде ако му одобрат, па после ние?