Откако ќе му одобрат виза треба да најде работа. Не ми текнува колку време е рокот за да достави документи. Додека е таму ти треба да учиш германски, па после да полагаш. Треба да имаш ниво А1. Без тоа нема да можеш да заминеш. За да може да ве земе требаат 3 платни листи. На колку време ќе му дадат виза, толку и ти и децата ќе добиете виза. На еден комшија му дадоа виза на една година. После пак аплицираше и пак на уште една година. За тие со ЕУ пасош е полесно.
treba prvo da najde rabota pa da aplicira za viza, po izvesno vreme otkako ke zamine treba da pravite spojuvanje ke bidat potrebnj dovollno sredstva i soodveten stan a na tebe a1 sertifikat za poznavanje na jazik
Оба е еден од ретките личности што ги следам и се доста паметни. Направил истражување и видел дека нај простите луѓе од Балканот живеат во Германија. Дали е ова вистина што мислите? https://www.facebook.com/watch/?v=1240656320637604
Па да мора да е точно. Конкретно немам фб да можам да видам за што станува збор и какво е истражувањето, ама штом ти сметаш дека е паметен, тогаш нема сомнеж. Така мора да е.
Има една: кај шо ќе згреше природата и медицината не помага. А јас најмогу ја обожавам оваа: човек кога ќе умре него не му е тешко тешко им е на тие околу него, е исто е и кога си г*уп или удрен у глава. Иначе да не сум офтопик убав е животот во германија ако се снајдеш.
Надоле убаво си пишува зошто е низок просекот. Затоа што многу жени не работат и чуваат деца дома, затоа што многу жени работат на скратено работно време, затоа што минимално треба да имаш 5 години стаж за пензија и многу земаат пензија од само тие 5 години… Од друга страна, и да е 1200 евра, значи станува збор за старец што живее веќе долго тука и плаќа 300-400 евра кирија или можеби и своја куќа/ стан има ( ако нема значи од простите е тие што живееле во Германија ). Па тек ако се двајца пензионери во брак со две пензии од по 1200 евра. 2400 евра под еден покрив и ќе ми шетаат тука нашминкани дотерани со скапи парфеми и уплаќаат лото по 50-100 евра два пати неделно И верувам односно сум убедена дека еден пензионер има повеќе пари чисти од мене сега млада здрава и права
Како е сега процесот сега за добивање фамилијарна виза, се аплицира за виза прво чекаш термин или сега е поинаку?
Почитувани родители, Сите што имате дечиња во Германија на возраст од 6 до 16 години, и сакате да ги пријавите за официјална настава по македонски, имате рок до 21 март да ги пополните и предадете пријавите во училиштето каде учат дечињата. Доколку во вашиот (или во најблискиот) град има најмалку 10 заинтересирани дечиња, ќе се отвори официјална паралелка по македонски јазик за учебната 2025/26 година Во продолжение уводниот говор на луѓето кои започнаа иницијатива за македонски јазик во Koblenz. На крајот свое обраќање има и македонскиот конзул од Амбасадата на Република Македонија-Одделение во Бон, неговата екселенција господинот Амон Бајрамовски. Забавата беше завчера, на 07.03.2025 во Koblenz, поточно во Lahnstein, и се планира да прерасне во традиционална македонска вечер. Во Koblenz има релативно мал број на Македонци (200/300) , но Идејата е Koblenz да биде пример за градови каде има илјадници Македонци, а немаат официјална настава по македонски јазик. Напомена: станува збор за официјална настава која е во целост бесплатна за родителите и децата и сите трошоци се покриени од страна на германската држава (за разлика од неколкуте паралелки по македонски јазик кои моментално функционираат во Германија, а кои се финансирани од македонското министерство за образование инаука). А успехот на дечињата влегува во нивниот вкупен успех во училиштето каде посетуваат редовна настава.
Здраво на сите. Пишувам тука со надеж дека ќе добијам совети и одговори, пошто во реален живот немам апсолутно никој. Сакам да се преселам во Германија, тоа ми беше план долги години наназад, меѓутоа сплет на околности, уште сум во мк. Многу голем проблем ми е тоа што немам никој таму. Буквално не ни познавам никој што живее Германија, што би можел барем да ми покаже како се функционира. Размислувам да најдам некоја агенција, посредници за работа и смештај со кои би можела да заминам, само не знам колку е тоа добра идеја за сама девојка. Имам македонски документи, факултет и искуство во ИТ сферата, но би работела апсолутно сѐ, и во Мекдоналдс и чистачка, не ми е проблем воопшто. Не знам јазик, знам само некои основни работи. Бидејќи сте веќе таму, од искуство, што мислите дали сама млада девојка би можела да се снајде? Дали вреди да го превземам тој ризик? Дали лесно се наоѓаат луѓе, пријатели таму (во смисла дали има некои збирни места и настани за македонци и слично)? Во кој град би било најдобро да пробам? Не знам каков е животот по градовите и каде би било најдобро, можеби некој од искуство би можел подобро да ми каже. Ви благодарам многу.
Здраво, Најважно нешто што можам да ти го препорачам пред да дојдеш во Германија е – учи германски. Со јазикот ќе можеш не само да се снајдеш овде, туку и од Македонија да бараш работа по струка. Многу компании објавуваат огласи и прифаќаат апликации од странство, а најважно е CV-то да ти биде едноставно и јасно, затоа што првата селекција ја прави компјутер, па премногу текст и сложен дизајн само одмагаат. Во ИТ секторот има позиции и со англиски, но тие се помалку и бараат специфично искуство. Со германски барем до B1 ниво, ќе можеш многу полесно да аплицираш за работа по струка, да комуницираш со колегите и да се интегрираш. Без јазик најчесто остануваат физички работи или работа преку агенција, што за сам човек без контакти носи повеќе ризици. Пријатели и контакти со време ќе најдеш – има Македонци во речиси секој поголем град, групи на Фејсбук, настани, но тоа доаѓа постепено. Ако целта ти е ИТ, гледај градови со многу компании од таа сфера (Берлин, Минхен, Франкфурт), но провери и како стојат со сместување. Мој совет – инвестирај време сега во јазик, средено и едноставно CV, и паралелно барај работа од Македонија. Така ќе одиш многу побезбедно и со поголеми шанси веднаш да почнеш по струка.
Pojdi vo Kontext kaj Aleksandra i vidi kakvi pozicii nudat za rabota. Mnogu imaat dojdeno preku nea, jas kako studentkq isto. Inaku bi se snasla zosto da ne i jas dojdov sama, iako dojdov po struka trebase uste da ucam da dopolagam poleka poleka so milion prepreki se do celta. Za prijateli ke najdes, od rabota ima grupi na fb vamu tamu ke steknes luge. Nasj luge od Balkan skoro sekade ima, ako ucis jazik ovde toa ti e potencjjalno mesto za novi poznavstva.
Освен ако не си на раб на просјачки стап во МК, без јазик не помислувај да тргнеш во Германија. Ако си без јазик, ситуацијата само ќе си ја префрлиш во друга држава. Научи барем А2 германски за почеток, за да можеш да се снајдеш во банка, болница, на улица, без некој да те зафркне. Ако не познаваш ниту еден човек што е во Германија, сама ќе ти биде претешко. Не ти викам да не одиш воопшто, ама ако имаш искуство во ИТ сфера, а да не е чистење во ИТ канцеларии, верувам дека имаш малку повеќе памет да донесеш правилна одлука.
Млада девојка може најлесно да де снајде. Мислам исто како и млад дечко, не дека девојка туку дека млада. Со фамилија е потешко од сама. Посебно со деца. Ги носиш на ризик на невидено. Млада девојка ништо не ти треба. Ама со мк пасош мора нели виза од амбасада? Немој со посредници да пробуваш и без пари и покрив над глава да останеш. Ќе почнеш со школо или обука и плус ќе те плаќаат и ќе си почнеш со работа во ИТ. Тоа можеш на почеток колку што знам и со англиски јазик. Од наши, за жал треба подалеку да бегаш. Ако сакаш да успееш само со Германци. Нашите и несакајќи ќе те излажат од непознавање на јазик или несфаќање како функционира германскиот систем. Сите прашање директно, на пример прашање за општина прашуваш во општина директно, а не наши. Бегаш од Турци и Хрвати тука најпрво. Бегаш од сите. Да бевме народ што помага ќе успеевме и во Македонија и на Балканот и немаше да мора да се селиме. Или се селиш во Германија и се германизираш или останувам мк. Ако ти требаат тука собири со нашинци значи за тебе е подобро Мк. Размисли добро. Можеби за тебе е Македонија подобро место за живеење. Можеби е Германија не знам. Сакам да кажам дека не значи дека Германија е рај за сите. За многумина е пекол од којшто не можат да излезат. Еве сега ќе одам да ги блокирам сите што тука трпат за леб, а на инстаграм се сликаат со лажни луи витон кеси најдени на улица, брендирана облека на подарување што ја нашле и објавуваат како им љубоморат што успеале. Не, никој не ви љубомори, аман не живејте за народот и да покажете на македонскиот народ како тоа вие сте успеале во странство. Немојте аман, ви се гледа во очите колку сте сиромашни и лажни. Ќе носеа и Германците луи витон ташна да беше тоа мерило за успех. Колку ги има со диплома и огромни плати и не се натпреваруваат како Македончето преселено колку скапа кола и скапа облека, а дома се на леб и макарони. Сори, мораше да кажам. Се повеќе ме нервираат таквите иселеници. Живејте за себе аман. Не влегувате во долгови до гуша за да видат во селото во мк “колку сте успеале”! Знам дека има и такви што сакаат лукзуз и скапи работи ама тоа од одма се познава кај еден човек дали живее за себе или за народот. Значи да имаш скапа кола, а да немаш пари за храна, е не може и крај.