Она што треба да го знаеш е дека: 1. Ако си одлучна да се снајдеш во Германија - и те како ќе се снајдеш; и 2. Упорноста се исплати и тоа многу. Според тоа, одлучност и упорност ќе те дотуркаат кај сакаш. Многу сме дошле без јазик па сме се снашле. Многу сме дошле сами па сме се снашле со совети од овде. Јазикот секако е голема отскочна даска. Луѓе овде има многу, а има и нелуѓе, ќе внимаваш на кого се доверуваш и на кого веруваш додека најдеш и стекнеш некој поблизок, што е нормално каде и да си. И истрајност. Некогаш ќе има и потешки ситуации и моменти, некогаш полесни, да те води позитивна мисла дека можеш и ќе успееш. Првите скали се најтешки, ама кога ќе почнеш да се качуваш ќе фатиш темпо и кондиција. Со среќа.