Животот во Македонија и животот во странство - споредба

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mims-89, 2 март 2015.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.035
    Зошто во странство се прифаќа да се работи било што, а тука не?
    Конкретно читав пред некој ден за Норвешка, дека наши дипломирани доктори оделе да работат таму како негователи и физиотерапевти и незнам што, а тука несака да работи како неговател во старечки дом оти тука се цени он/а си е ДОКТОР/КА ама во странство не важи тоа. Ќути кој те глеа таму работи било што тука прај се мангуп.
    Сакам да кажам дека со таа фамозна палта од 2-3000 евра што ќе ја зима во Норвешка ќе има ист начин на живот како што би имал и во Македонија доколку ја работи истата работа и добива да речеме плата од 300евра затоа што стандардот е различен. Ако си тука сиромашен со плата од 200 евра и таму ќе бидеш сиромашен со плата од 1000 евра. Богат ќе бидеш само кога таа плата ќе можеш да ја трошиш во Македонија. Таму секогаш ќе останеш странец и секогаш домашните ќе имаат предност, треба дупло повеќе да се трудиш да успееш одколку тука затоа што таму нема да имаш врски и нема да можеш да се потпреш на мама и тато. Шансите за успех се можеби големи ама и конкуренцијата е огромна затоа пред да се решите на таков чекор бидете сигурни дека имате што да понудите. Мое мислење е дека сепак тука е многу полесно да успееш одколку таму некаде.

    Е сега за политичките врски несакам да дискутирам, многу е точно се што зборувате во врска со тоа, ама неможе никој да ме убеди дека во секоја институција ама баш во секоја ти требаат некакви врски или книшки,многу луѓе поминуваат и без тоа верувајте лично познавам такви.
     
    На omg92, MissDior, Grungie и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Машки
    Значи 3000 евра во Норвешка е исто со 300 евра во Македонија? Ист начин на живот, се` исто само што таму фјордови имало многу како што слушам.:D
     
    На imelda и galapce им се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.035
    @Night Rider таман работа да е исто, и јас сакам у Норвешка да си живеам бе, зашто да не, милион години се понапредни од нас во се.
    Карикирам, не е дека 3000 евра у Норвешка и 300 евра во Македонија е исто, не се фаќај толку за збор од кај да знам колку е точно ама веруј не сум далеку од тоа што го кажав.
    Колку пари е леб во Норвешка, колку пари се плаќа за струја, вода, комуналии, кирии? Превозот колку чини и најосновните продукти за живот пресметај ги во таа плата од 3000 евра па да видиш колку ќе останат за тебе. Во право сум нели? :)
     
  4. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Btw чисто нформативно, пошто сте се фатиле за Норвешка, во Норвешка стапката на самоубиство е најголема во цел свет заедно со Исланд, така да се си има своја цена, они немаат проблем со пари но имаат со социјализација па 80 % се депресивни итн. но затоа овде 99% депресивни плус без пари :D кад је бал нек буде маскенбал. :rofl:
     
    На Captain-Omni, Marossa и blueberry93 им се допаѓа ова.
  5. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Машки
    Познавам две лица кои емигрираа таму но незгодно ми било да прашувам колку плаќаат за струја. :) Не е лесно да се спореди затоа што треба да се споредат две исти професии таму и овде и да се види што можат да купат со својата плата. Во секој случај им останува ако сакаат да им остане, откако ќе ги подмират сите трошоци.
    Со 300 евра тука ни одблизу неможе човек да си дозволи тоа што луѓето можат таму со 3000.
    Освен тоа не се само парите во прашање, тамошниот и овдешен бензин се различни, ако си правела муабет со некој кој има искуство со ``западно`` и ``источно`` гориво, инфраструктура, квалитет на услуги и образование и милион ситници кои не се поврзани со износ на плата. Дури и средствата за хигиена се различни во квалитет.

    Околу тоа што напиша погоре зошто во странство се прифаќа се а тука не, има и објективна причина.
    Можеме ние да си кажуваме дека не треба да се има срам од работа (и не треба нели) но во реалноста замисли сценарио - млад човек работи како чистач во просечен Македонски град каде сите се знаат меѓу себе - колку му се намалуваат шансите да фати женска на пример :D или како ќе биде гледан од средината, предмет на подбив и оговарање зад грб.
    Многу треба да за се промени тој менталитет, за жал.
     
    На omg92 и mims-89 им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    97.490
    Како не си, исто ќе живеела негователка во Норвешка со докторка во МК, за ноктот не може докторката во Мк на чистачката во болница во Норвешка да и се фати, не па на негователка или физиотерапевт.
     
    На Daydream и galapce им се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.575
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Јас знам еден пример за Шведска. Шведска, Норвешка тука се некаде, ако не и исти, со оглед на тоа што и граничат. Тричлено семејство плаќаа 1000 евра кирија за трособен стан од околу 100 квадрати. Ова е 100% точна информација. Со тоа што во цената им беа вклучени и сите сметки. Не знам дали секаде во Шведска така функционираат работите со вклучени сметки, меѓутоа знам сигурно дека во зградата каде што луѓево живеат така функционираат сите станари кои беа под кирија. Така што со две плати од по 3000 евра, таму се живее и повеќе од солидно. Плус, луѓево живеат во зграда која е една од полуксузните и во стан кој е доста добро среден и просторен. Така што, сигурно можеш и нешто поефтино да најдеш ако сакаш.

    Основните трошоци таму за храна се слични како кај нас, не е ништо поскапа храната таму, многу производи се и поефтини, за превоз не ме држете за збор, може ќе лупнам неточна цифра, тие што живеат таму нека ме поправат ако згрешам ама мислам дека месечна карта за возење со трамвај каде сакаш и колку сакаш цел месец беше околу 60 евра. За нивни плати тоа е како ние да плаќаме 100 денари за цел месец. И што мене најмногу ме зачуди, белата техника, домашните апарати и воопшто се' во врска со уредување на домот не е ништо екстремно скапо како што сум мислела. Со нивните плати можат слободно секој месец нова гарнитура да си купуваат. Единствено скапо таму се рестораните и кафичите. Таму не можеш да седнеш како кај нас и да јадеш и пиеш колку сакаш.

    Ова е мој впечаток, тие што живеат таму нека ме поправат или дополнат. :)

    Па сега вие видете и направете пресметка дали е исто кај нас со 300 евра и 3000 евра таму. За мене нема споредба.

    Да дополнам. Кај нив секоја цена (во границите на нормалното нели, без да бараме дополнителен екстремен луксуз), дали било сметка за струја, дали било кирија, дали било превоз итн, е во склоп со нивните плати. Секој да може да си дозволи и да плати без никаков стрес. Ниту една цена не ја надминува нивната основна плата, како кај нас на пример, имаш 200 евра плата, а ти доаѓа сметка струја од 180 евра. Нема логика.
     
    Последна измена: 3 март 2015
    На senza.parole, Elen4e_sonce, Night Rider и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    97.490
    ^
    Само она за јадење и пиење во ресторани да го искоментирам оти често го слушам, демек секаде тоа е скапо па луѓето избегнуваат, додека во Мк секој втор ден луѓе по ресторани ручаат и вечераат. Скапо е во елитни ресторани, во такви за кои треба да се дотераш елегантно, и под елегантно не мислам на сатен фустан шиен кај шивачка со материјал купен од пазар. Каде на менито имаш храна за која првпат слушаш, а не сме излегле на пилешки прсти, пица или цезар салата, сме потрошиле 300 денари и ќе се фалиме во ресторан сме биле. Луѓето си јадат често во пицерии и ресторани, и не, не е скапо, освен на вакви места, а за така и во Мк треба да одвоиш добра сума на пари.
     
    На senza.parole, imelda, green.eyes и 6 други им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    49.843
    Пол:
    Женски
    Што сте се запнале со тие кафани, та кафани. Како да во Македонија секој ден по кафани јадете и трошите по 1000ка на излегување. А повеќето знаеме колку е минималната плата, 8000 денари. Па колку пати имате пари да отидете во кафана, по плаќањето на сите сметки.
    Во странство е другиот начин на живот, повеќе работат луѓето, ама и повеќе имаат.
    И сами свои газди се, сам плаќаш стан и се. Ретки се тие што оженети во МКД што сами плаќаат сметки дома, за сингл збор да нема. И на мене овде некој да ми ги плаќа сметките, знаете колку има да окапувам по кафани и дискотеки? Цела плата на мене... пах пах, тепаат кој не сака така.

    Овде да отидеш во кафана, колку ке изедеш? 20, 30 фунти? повеќе нема шанси.
    Правите некои споредби што немаат смисла.
     
    На v_1, senza.parole и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.704
    Допаѓања:
    234.459
    Скандинавските земји ги имам псоетено само како турист, но после неколку посети имам донесено еден заклучок дека имаат можеби и највисок стандард во европа.
    Најгоре стои Норвешка, потоа Шведска а Данска со приближни цени како останатите западно европски земји.
    Истото се однесувало и на цените на хотелите. Со парите за одмор во Италија, Франција, Шпанија од 2-3 недели, тука едвај една ќе истераш.
    Шведска веќе драстично поефтино..а Данска скоро како секаде во Европа.
    Мене лично една супа во Норвешка ме коштала 25 евра, сендвич 20 евра. Споредено со било која друга европска земја е скапо.

    Доброто е што во супермаркетите имало секогаш фамилијарни паковања кои се далеку поисплатливи и достапни. Но здравата храна си е скапа и држела цена.
    Во глава ми се останати некои цени дека доктор во Норвешка во една болница заработува околу 7000 евра, а болничар околу 3500(исто колку еден продавач, електричар..). Данокот им е 28% од заработувачка. Оние кои повеќе заработуваат плаќаат додатен данок.
    Се сеќавам дека со фериброд луѓето патуваа Шведска кон Данска за алхохол да купуваат...претпоставувам било дури и за нив огин скапо. Мене кремата за сончање ме кошташе исто колку ферито.
    Според моето скромно искуство како турист е многу скапо. Многу повеќе се заработува, повеќе се троши...но и многу подобро се живее.
     
    Последна измена: 3 март 2015
    На Name, Giovanna и Hipster им се допаѓа ова.
  11. split96

    split96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Морав да искоментирам. Што сте се запнале за парите? Сите знаеме дека е поубав животот. И луѓето се многу пофини и по пристојни. Во Шведска да си го удриш детето, ќе ти го земат властите, а во Македонија ке јадеш квалитетен ќотек. Погоре спомнаа туристичко искуство. Кажи ми те молам, дали виде некој исфрустриран граѓанин да се дере наоколу на сите?
    Факт е дека овде сме многу назад ,а колку што забележувам многумина баш и не се заинтересирани за да мрднат понатаму. Така да, подобро ќе платам повеќе, ама ќе си живеам снабдено помеѓу народ кој знае што е култура и почит.
     
    На Tanjamm и kjukli им се допаѓа ова.
  12. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Гледам сите ги дискутирате цените во скандинавските земји. Јас немам искуство со нив но летото поминав една недела во Германија и можам да направам споредба на нивните со нашите цени. Леб, млеко, месо, вода.. купуваат по иста цена како и кај нас, производите за лична хигиена им се дури и поефтини (Нивеа део за 100 денари, вода за уста што кај нас чини 600 денари таму беше 300 денари...). Гардероба исто како и кај нас, зависи од брендот, има маички од 5 евра и од 105 евра. Станарината зависи од локацијата впрочем исто како и кај нас. Се на се исто е... ама не е исто. Зошто? Затоа што брат ми овде имаше плата 300 евра таму за истата професија 3000 евра. Нема потреба понатаму да коментирам. Плус ако на тоа го додадеме беспрекорниот ред, чистота, бесплатното здравство, бесплатните лекови за децата, детските додатоци, грижата од државата јасно е зошто се повеќе млади луѓе ги пакуваат куферите.
     
    На Elen4e_sonce, Name, wanderlust и 7 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.704
    Допаѓања:
    234.459
    Само да го дополнам предходниот пост во однос на здравственото осигурување. Бесплатно е за сите невработени кои добиваат социјална помош(мини џоб до 165 е. ми се чини е дозволена).

    Сите останати си плаќаат убави суми секој месец кои варираат во зависност од висината на примањата.
    Но точно, никој нема да биде оставен без здравствена нега. Секој ќе биде згрижен.


    Обичен работник во подобра даночна класа ќе зеде 1300 евра од стартните 1700 бруто.
    Полошата може да работиш цел месец за 1000 евра.
    Но со цени како во Македонија(а на попусти драстично помали)...доволно предоволно.
     
    На kjukli и butterfly4 им се допаѓа ова.
  14. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.286
    Vo Kanada zdrastvoto e besplatno. Ne dvojme nikakva suma za zdrastvo.
    Ako rabotis vo podobra firma, mislam okolu 35 vraboteni i nagore ima paketi koj se plakaat po 5$ za apcinjata da ti bidat so mala participacija (toa e duri smesna suma). Sam lek na svoja raka nemoze da kupis, mora da imas prepis od doktor.
    Pr: Jas sakav krema pravena vo apteka so vitamin C , da mi ja napravat da si ja kupam. Nemozese zato sto ne e prepisana od doktor. Prakanje lekovi po posta isto e strogo zabraneto i kaznivo.Medicinski pomagala kako naocari, bastumce i sl se na nasa smetka.
    Pregledot i site intervencii okolu oci se bezplatni no naocari si kupuvas sam, ne se pokrieni.

    Vo sekojdnevniot zivot, hranata e poskapa i toa ovosje i zelencuk, meso svinsko i kokoska, kako bezpari. Gradezno materjali, gala eftino, obleka isto.
    Da napomenam deka vo sporedba so Amerika bagi, bagi poskapo. No platite ni se bagi povisoki.
    Pogolemiot del od proizvodite gi kupuvame online od Amerika, pricina , najmalku se 1/3 poeftini.
    Jas sum narucuvala duri i gradezni materjali, sose isporaka, seuste poeftini najmalku 1/3 od Kanada.

    Obrazovanie, do zavrsuvanje sredno, bezplatno, ponatamu se plaka i toa ubavo. No dobra strana na taksase vraka 50%, vklucuvajki gi zivotnite trosoci napraveni za vreme na studiranjeto. I uste edna povolnost 1/3 od dolgovite se oprostuvaat. Taka da gore dole ne e skapo.

    Luge i moda: Nioj za nikogo ne e zainteresiran, mozes kako sakas da se oblekuvas, nemoze gol, konzervativna partija e na vlas:rofl:.
    Liberalite ni vetija ako glasame za niv ke moze i goli da setame:rofl:
    Karanje, e zabraneto, a tepanje e nemozno. Milicija vo civilka ima i vo skolite i si pisuva batkata vo tevterce se, ako vidi nesto ke prijavi vo pilicija ako e pogolemo ili doma na vrata na roditelite ke im dojde. Disciplina ima neverojatna. Do 7 odd nisto ne se uci, se uci samo najgolemata zivotna lekcija,pocituvanje, respekt, disciplina, sakanje na zemjata, timska rabota i sl raboti i CITANJE KNIGI, MNOGU. zatoa od 7 nagore na decata im e mnogu tesko, ne deka e tesko toa sto ucat nego tesko e da se sedne da se uci, ne se naviknati.

    Cistota: Sjae na ulica i po drzavni i privatni javni objekti.
    Po kuki, ne bas cista nacija.
    Javni WC nasekade na sekoj 2km. na javni patista ima WC isto vo suma.
    Dvizenje vo suma(a Kanada e najabogata so toa) e dozvoleno i odbelezano. Gubreto mora da se zaklucuva i klucot vo sanduce da se pusti, zosto mecki, kojoti, volci, elk... ke dojdat i ke ne napadnat. Treba strogo da se pocituvaat znacite za zabraneto dvizenje vo zonata ili restriktivno dvizenje. Nisto ne ostanuva bez objasnenie. Na sekoja zabrana ima ferman napisano zasto nemoze da se odi ponataka (ima divi zivotni opasni za lugeto, ima otrovni rastenija koj nemoze da se berat). Znaci se ti e na dolgo i siroko objasneto zosto ima zabrana na toa.
    Ako ti drzi gazeto, moze da odis tamu, ne deka ako ti se sluci nesto nema da te spasat, nego ke ti naplatat, zosto od napred ti e objasneto deka nemoze toa, ako pravis toa e na tvoj rizik.

    Mudri nema site go sledat zakonot. Za se si ima kaznicka, pa ti praj se Djek ako mozes.
    Taka mora da bide so ogled deka Kanada e imigrantska zemja, luge od cel svet so razni naviki, nemoze da pravat sto pravele doma. Ima ovde propisan red i disciplina kako treba.
    Kazna imam plateno pri parkiranje gazenje na zolta linija. Ok vo red e . Mozda covekot do mene e vo kolicka i nemoze da izleze od kola zatoa sto jas sum se parkirala poblisku do nego. Sega znam i pazam. Taka jas ucam taka site ostanati.
     
    На senza.parole, Any05, Herrera и 19 други им се допаѓа ова.
  15. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Машки
    Постои еден показател кој многу кажува околу тоа колку една земја има висок стандард.
    Учеството на политиката во секојдневието е обратнопропорционална со животниот стандард, колку повеќе секојдневниот живот е затруен со политика толку е полошо.
    Во земји каде што луѓето не знаат како им се вика премиерот или претседателот и не ги интересира - не се за жалење :)
     
    На senza.parole, Elen4e_sonce, Hipica и 4 други им се допаѓа ова.
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    22.355
    @Daydream , дај кажи кај плаќале толку ниска кирија во Шведска за толкав стан :| Ние плаќаме 8000 круни (околу 100 евра, варира курсот) со вклучени сметки за комуналии за стан од 55 квадрати. И тоа ова е стара цена, газдата не ја променил инаку истите па и помали станови во истиот дел се минимум 10000 круни месечно. Многу е поисплатливо да се земе станбен кредит, трошоците се помали.

    Горе-долу се тие цените, онака како што е кажано во претходните постови, сметам дека нема потреба да се повторувам. Кога ќе се стави се на кантар, трошоците кои едно семејство треба да ги издвои за храна да речеме, се отприлика за 20-25% повисоки од кај нас. Со тоа што платите во Македонија и во Шведска ни на сон не би ги споредила.

    Само за илустрација: додека живеевме во Македонија, сопругот во текот на 6 години успеа да заштеди одредена сума на пари. Живееше со неговите, од време на време даваше пари за сметки, единствен трошок му беа парите за бензин и за доручек/ручек на работа, сметка за мобилен, и од време на време некоја играчка или телефон. Одевме и на одмор, ама во Грција, не на луксузни дестинации. Не излегувавме нешто многу, повеќе бевме по дома, ко пензионери. Овде само тој работи. Од неговата плата плаќаме кирија+сметки, храна за нас, трошоци за бебе, бензин, облека.....буквално се е на негов трошок. Не се стискаме, купуваме се што сакаме. За 6 месеци ја имаме истата сума која ја заштеди сопругот за 6 години. Да ги тргнеме настрана сите бенефиции и угодности кои ги имаат овде, а за животните услови и здравиот начин на живот нема потреба да се коментира. :)
     
    На senza.parole, Elen4e_sonce, Name и 9 други им се допаѓа ова.
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    22.355
    Ццццц.....сега си ја видов грешката, сум испуштила една нула кај цената на киријата.....1000 евра е, камо среќа да беше 100 евра :D Се извинувам за грешката и за двата поста едно под друго.:$
     
    На Hipica, Daydream и danichap им се допаѓа ова.
  18. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    7.655
    Пол:
    Женски
    Споредба мислам дека во странство е поубаво за живеење, ама дома си е дома... :)
     
  19. lealealea

    lealealea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2013
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    • Спордба- Македонија е многу назад во сите полиња,не се ни трудат да напрат некој промени дали било за работни места,едукација,здравсто итн.Секој си гледа да си го наполни својот дџеп а за народо не му ја мислат толку пошто и така не сме многу важни (важни сме само кога има избори) сум била во неколку европси држави да е малку скапо ама па и високи плати зеемат а во Македонија имаме ниски плати а високи цени.
    Се согласувам со ангелче16-Дома си е дома ама па и без пари не ја бива, сите се жалат на немаштија а да ги слушаш т.н. политичари ке си речиш дека во Дубаи живееме.:headbang:(mooning)
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.575
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Луѓево живеат во Гетеборг. Знам дека претходно живееја во стан од 30 квадрати и плаќаа кирија од 600 евра. Овој стан го чекаа со години. Е сега, ако тие мене ме лажат, ве лажам и јас вас. Ама да ме лажат не верувам. Што знам, јас не сум живеела таму, така што, логичко објаснување за мене е дека можеби имале среќа, однапред им било нешто договорено итн. Не знам, навистина. Не можам да тврдам и да дадам објаснување за нешто што не е за мене лично.

    Баш ќе ги прашам како одат цените за други станови и да ми направат една споредба. Блиски ми се па можам се' да ги прашам. :)
     
    На Elen4e_sonce и green.eyes им се допаѓа ова.