Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животот во Македонија и животот во странство - споредба

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mims-89, 2 март 2015.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.013
    Пол:
    Женски
    Па тоа сакав да кажам. Не можеш мк да ја споредуваш со странција каде е далеко подобро. Светлосни години подобро.
     
    На SummerGirl, Malesia и mssuniquee им се допаѓа ова.
  2. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    Знаеш како, ништо не е толку црно и ништо не е толку бело. Сјајно не е никаде, НО пак ќе кажам основните работи се дел од секојдневието.
    Македонија е прекрасна, само што премногу работа треба да се средат работите кои долго време се расипувале.
    Пример пошта: кредитна картичка, возачка дозвола, сѐ ми стигнува по пошта. Уште ми е шок
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    11.577
    Дали некој скоро поднесувал за словенско државјанство, ако сака да сподели што е потребно.
    10 години престој, познавање на јазик, потврда од работа, потврда за живеалиште...ова го видов на нет како генерални податоци.
    Но, ме интересира подетално, дали бараат одредена сума да приложиш во банка, ако да колку, дали бараат факултет да имаш, склучен брак и сл.
     
  4. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    2.685
    Пол:
    Женски
    Ти треба стално живеалиште. За пари ви банка мислам не треба. И мораш да се откажеш од Мк државјанство. После 2 год можеш пак да имаш двојно.
     
  5. Justify

    Justify Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Ме интересира ваше мислење и перспектива: ако треба да изберете меѓу слободен живот или мирен живот, за кое едно би се одлучиле?
    Благодарам многу на одговорите ❤️
     
    На FridaodaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    Паралела помеѓу слободен и мирен не ми е јасно баш. Ако може поконкретно да кажеш
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Justify

    Justify Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Слободен, комфорен (финансиски и станбен) живот во Македонија, без смирен менталитет и сѐ што е веќе знаеме од Македонија, каква што е, или мирен, приватен живот во Странција, со сите позитивности што ги носи, ама со скратена слобода?
     
  8. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    46.248
    Пол:
    Женски
    Прашањево е индивидуално и секој различно ќе ти одговори.

    За некој е приоритет фамилијата, за друг финансиската состојба.

    Е сега ако се финансиски стабилни,повеќето одбираат да останат дома иако состојбата е добро позната.
    Други се финансиски стабилни ама одбираат да заминат,поради тоа што не можат да ја поднесат ситуацијата.
    Трети бегаат за финансиски да се стабилни.

    Се работи за приоритети.

    А зошто мислиш во странство е скратена слободата?
     
    На Mumoftwo30, Selena01 и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.011
    Допаѓања:
    6.031
    Пол:
    Женски
    Како ти е скратена слободата?
     
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.028
    Пол:
    Женски
    Сигурно мисли дека ќе нема време за сè останато туку само за работа.

    @Justify сите сме со 24 часа, ако ги нагодиш има време.
     
    На Tanjamm и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.011
    Допаѓања:
    6.031
    Пол:
    Женски
    Едно без друго не иде. Некако тие два поими се премногу сродни за да можеш да ги разграничиш.
    @eliesaab Да, но тогаш секако ќе немаш мир. Ако само си зафатен со работа, немаш време за семејството, кај ти е мирот?

    Затоа ми е конфузно прашањето. Ако имаш мир, ќе имаш и слобода. И обратно.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Ако зборуваме баш специфично за заминување во странство или останување во Македонија, разбирам што сакаш да кажеш и јас лично бирам странство, само затоа што многу ме прави несреќна и исфустрирана нефункционирањето на институциите во Македонија и сфатив дека приоритет ми е да го имам тоа во државата кај што живеам. Инаку би останала во Македонија, мислам дека ако си финансиски стабилен можеш да живееш убав живот со добри луѓенца околу себе. Но, оние работи кои што не можеш да ги сам контролираш, се премногу заебани.

    Јас мислам дека мисли на тоа што во западните држави реално животот е потивок, помирен и не можеш да правиш што сакаш, кога сакаш, како сакаш во однос на социјалниот живот, прослави и некои такви работи за кои нема ред во Македонија.
     
    На Tanjamm, ArabellaStarfall и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Justify

    Justify Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Да, во странство сум веќе 5+ години, едвај имам спомени од тука, пошто секој ден ни е исти, башка со дете, што е околу 3 години, а немаме ни градинка. Животот ни е практично во 4 ѕидови, што е огромен контраст со ние како пораснавме како деца, на село, меѓу други весници, за време на празниците беше посебно весело, слободно, фамилијарно, иако немавме многу.
    Не знам дали ѝ го земам детството, правото да расте меѓу пошироката фамилија што ја сака, со братучеди, да си игра со децата на моите другарки...
    Искрено, се замислувам на стара возраст, и знам дека нема да е ништо сменето од сега, градовите исти ќе останат, само што годините ќе натрупат, децата некако ќе пораснат во овој, ограничен, странски систем, старите ќе изумрат без ние до нив... Не знам колку ме прави среќна таа иднина...
    Од друга страна Македонија е Македонија...не е најдобра, јасно ми е сѐ, ама е дома.
    Овој период сум збунета, затоа се радував на Вашите мислења, искуства, знам дека се различни, ама сепак, би сакала да ви ги прочитам перспективите, и ако даде темава, и личните искуства. Ви благодарам ❤️
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.011
    Допаѓања:
    6.031
    Пол:
    Женски
    Не знам каде сте, но тука има многу активности за деца. Постојано сме некаде, во барање на нешто ново и возбудливо. Ако само дома седите, нормално дека ќе се чувствуваш како да слободата ти е ограничена.
    Викенд особено, врнело, не врнело, истражувам, гледам, поблиску, подалеку што има и си правиме занимации.

    Мене многу ми недостига фамилијата, не викам не, но знам дека правам правилна одлука што си отидов. Иднина за моето дете во МК нема. Нема ни за нас. Иако бевме финансиски и имотно решени. Не е таа држава за мене повеќе.

    Си сакам ред, чисто, закони. Го имам мирот, ја имам слободата. Повеќе не фаќа монотонија што сме сами и без помош, ама ќе порасне детето, ќе може повеќе да правиме.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.028
    Пол:
    Женски
    @Justify секогаш можеш назад, нека не те плаши тоа. На темава конкретно каде и да си, ако сама со себе не си расчистиш некои работи секаде ќе ги носиш со себе. Тоа време за кое зборуваш веќе го нема, макар и тука да се вратите. Овие деца сега нема да ги натераш да одат во село пример, како што сме оделе ние. Знам дека те фаќа носталгија, но пробај враќај се почесто (доколку имаш прилика) и ќе увидеш дека секое следно доаѓање е потуѓо (зашто ти си била отсутна, живееш по дифолт со твои спомени, веќе завршени). Всушност, дома е состојба, чувство, дел од тебе. Имањето пријатели и роднини околу себе во Македонија само по себе не значи ништо. Ако носите одлука таа нека се базира лично на вас, а не на тие околу вас. Зашто очекувањата после можеби и нема да ти се поклопат. А очекувања имаме, нормално си е.
     
    На Dominodancing му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Justify

    Justify Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу на одговорот. Во право си, дека морам да расчистам со самата себе, со што можам да се носам до крајот на животот, а со што не..
    Не знам дали е носталгија по Македонија, или фактот што имаме ограничена слобода во странство.
    Во Македонија, имаме моментално огромен двор, куќа, дека што децата можат да трчат, да се гласни, да имам 1 декар градина, да знам од каде ми доаѓа храната, да знам со кои деца ќе ми се дружи детето, знаејќи им ги родителите, бабите и дедовците, цели фамилии, да имам едноставен живот. Единствените очекувања што ги имам од другите околу мене се...да ни ги почитуваат границите. Знам дека во склоп на фамилијарни врски е малку тешко, ама јасен ни е предивикот и ризикот.
    Знам дека повеќето се стресни, нервозни, склони на озборување и непотребни коментари, мислам дека го разбирам добро нашиот менталитет. Сфаќам дека може да ни биде единствениот проблем зошто не би се вклопиле пак ... Ама, кога го гледам детево... Во зима затворено, без градинка, без фамилија, и блиски пријатели тука, нема никаков социјален контакт, ми е многу жал, се чуствувам како и да го земам детството...
    Затоа, не знам што повеќе вреди, дали слобода во Македонија, или мир во странство...
    Фактот што нема да сме вечни на земјава, ми дава чудна храброст да размислувам и зборувам на таа тема... Дека се многу брзо ќе замине...
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Можеби некоја средина?
    Може само тоа место конкретно каде што сте е такво. Дали има можности да се преселите во друг град таму на пример?

    Секогаш можеш да се вратиш во Македонија. Треба добро да размислиш. Менталитетот на страна, имаш комплетно нефункционална држава. Од една страна мислиш на сегашноста за детето и тоа е разбирливо, ама што со иднината? Каква иднина го чека тука?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.681
    Пол:
    Женски
    Јас го одбирам второто. Тука сум година и пол. Задоволна сум од животот. Имам слобода. Во Мк не бевме среќни. И не планираме да се враќаме. Дружбата со фамилијата и пријателите нема да ми овозможи подобар живот.
     
    На st-el и Selena01 им се допаѓа ова.
  19. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.028
    Пол:
    Женски
    Не знам колку ќе ти е од помош, но претежно на фб има доста интересни групи каде членовите меѓусебно си помагаат, даваат насоки за секакви активности. Дел рекламираат што се случува во конкретното место, така да слободно прашувај си. Бегај подалеку од наши групи, во смисла „Македонци во х место“. Прашувај и во градинка, ќе ти дадат некаква идеја или насока каде би можела да го носиш или барај помош доколку има сличен таков случај со некоја мајка отстрана. Пребарувај според одреден збор, или (само нафрлувам онака како пример) „Англичани во х место/град/држава“, „Срби во ...“. Ова ти го пишувам од причина што наши само ќе ти го истрошат времето, а од останатите ќе видиш повеќе помош. Не брзај со одлука, разгледај за опции околу или близу твојот град. Исцрпи повеќе информации, па дури тогаш размислувај.
     
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.431
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Машки
    Животот е далеку поквалитетен во странство, било каде и да си. И за детето кога ќе порасне ќе биде подобро.
    Е сега ги нема тие дружења, седење во кафана, блиските ти се далеку, но добиваш квалитетен живот и не се замараш утре дали ќе те вработат, дали ќе ти стигне плата на први, дали ќе добијам пензија и тн.

    Јас на твое место би останал. Денес си во шупа од 4 ѕида, но утре ќе заштедиш и тоа ќе биде куќа/стан.

    Роднините, другарките и родителите секогаш ќе можеш да си ги видиш кога ќе се вратиш во Мк. Дури и на камера можеше да си се гледате и да си зборите.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.