Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животот во Македонија и животот во странство - споредба

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mims-89, 2 март 2015.

  1. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    32.703
    Пол:
    Женски
    Пораснав во слични услови како и ти, голема куќа со двор, маалото беше полно со деца, секој ден игравме заедно. Роднини, братучеди гледав секоја недела, фамилијарни собиранки без исклучок за секој празник. Сите бевме блиски еден со друг, имав вистинско безгрижно детство. И сега кога сум возрасна ги имам истите навики, не можам да замислам да не бидам опкружена со најблиските, со моите, со внуците, со друштвото. Можеби сум премногу емотивна и приврзана, но баш поради овие причини немам заминато во странство иако имав опции. Не дека ми е идеално во државава, се соочувам со препреки кои ќе ги немав во друга земја, ама спокојот кој го чувствувам помеѓу сите луѓенца кои ми значат надвладеа и беше пресуден. Секако ова не ми е финална одлука, можеби некогаш ќе се преселам, ама засега останувам онаму каде што се чувствувам посреќна.

    Е сега немам деца, најверојатно поинаку би размислувала во таков случај. Друго е кога сама се борам да опстанам во полураспадната држава, друго е кога би морала да се борам и за дете. Затоа размисли добро, обидете се да проширите круг на познанства за почеток, не се откажувај од сé што имате таму без да ги исцрпиш сите можности за социјализација и адаптација.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.