Последно кога бев земав едни органски доматчиња мислам од Едека, мирисаа како татко ми тие што ги одгледуваше на времето ..ако не и уште поинтензивно .. А беше април месец...од Шпанија, од Мароко ... Точно убавото месо дека им е огин и пламен, ама па последниве 2-3 години купувам свинско од месара во МК и на ништо не мириса кога го готвиш На времето цел стан ќе замирисаше на месо... Одам во месара кај еден што го знам, пред врата му растовариле замрзнато јунешко ..читам на етикетата од Бразил Ми вика - аа тоа за мелено го носам.. Аха ок.. а меленото 500 го дава оти демек мелел јунешко и свинско само, без додатоци ...
Како е за живеење во селата, во смисла на тоа како се движат кириите, во однос на работни места коишто се нудат, достапност на градинка, училиште, маркети, аптека, болница...
Јас дојдов да го пофалам македонскиот леб, нема таков во Германија. Си бев на диета, и кога дојдов на одмор во мк, по пола леб дневно си јадев без проблем . Ама пре превкусен ми беше.
Зависи од село до село. За село од 300 жители на пример, не знам што би можело да се очекува. Болница во село нема, евентуално амбуланта. Работа во село нема, освен ако нема некоја фабрика во близина. Ако е поголемо село, може да има училиште. Луѓето бираат да живеат во село ради мирот и природата, за се што наведе ти, одат во најблискиот град. Ова општо, не мислам дека во Словенија е нешто поразлично.
Зависи од село до село. Сите се поврзени со автобуска линија. Маркет може да има а може и да нема, ама сигурно има некаде во близина. Школа, градинки, амбуланти зависи колкаво е селото. А за кирија е поефтино за разлика од Љубљана. Јас би одбрала поголемо село и со повеќе автобуски линии. Во село има мир, а се друго е во градот.
Па не би рекла. Имавме гости од Словенија беа дојдени во март. Беа боодушевени од доматот, замисли од март воодушевени, а знаеме кога му е сезона и каков е во лето. Чисто информативно ужас беше доматот, ама нема пробано поубав па супер и се погоди. Често паувам за Словенија и врска нема овошјето и зеленчукот со нашиот. Нашиот е 100паѕи повкусен. Е сеа малку и ти му ја претера со кафето.
Ќе може твоја препорака за село кое е релативно блиску до Љубљана и кое е добро поврзано со превоз до градот?
Во Словенија во секој маркет и во секој период од годината имате Голем избор на овошје и зеленчук. Тоа во МК незнам дали е така. Цените се како и во МК. А за кафето да не дискутираме, таму во обичното кафе од 100, 200 г. има се освен кафе.
Секаде и во поголемите маркети во Македонија и во светот има скоро секаков избор на овошје и зеленчук. Секако поскап од сезонскиот, сите што сме пробале од фамилијава имам фамилија во Англија се жалат дека е право дрво наспрема во Македонија затоа што нашата земја е плодна и погодна. Во Хрватска луѓе кои држат ресторан садат свој зеленчук и пак, е дрво. За Словенија не знам, можеби е друг увозот.
Во Словеноја има увоз и од мк,албанија ,турција,има баш дрво дрво,а има и ивав зеленчук и овошје.Само нашите смокви не ги менувам за ништо,друго можр да се најде убаво ,скоро по ости црни како во мк.
Ете пред некој ден ни пристигна "честитка" од Хрватска за вкусните македонски земјоделски производи полни со пестициди, па ги повлекоа од пазарот.
За разлика од Словенија кои се како пластика, предобри се. Се е до фирмата што извезува, не е така секогаш.