Луѓе јас се срамам од мојата сопствена националност. Ние беда од народ сме никој, ништо и никого не почитуваме. Да дојде ден кога ќе ми се одземе националноста и државијанството од мене ќе знам дека ќе почивам во мир!
http://www.mvr.gov.mk/Upload/Documents/Formular otpust drzavjanstvo.pdf Повели, формулар за отпуст. Да не чекаш да ти биде одземено.
Искрено не сум живеела надвор од Мк но кога би можела би живеела во Грција може за некого е чудно но јас кога сум во Грција се чувствувам преубаво. Нормално има и други држави каде би сакала но не сум била да споредам како е и дали би можела а тоа се Сад,Германија,Холандија,Шведска и Исланд
Oд ден на ден се полоши сме како народ, и тоа навистина е за срам. Немаме никаков имиџ и никој не не почитува, а и не сме за почитување.
Темава соодветствува на темата: науκата наспρоти уметноста а, тоа е пρашање што го пρоучува социологијата. Навистина, нема ништо неρвозно во тоа да се позанимаваме со одρедено пρашање. Исселеници има, не само во нашата дρжава, туκу и од κоја било дρуга нација. Пρашањето е на желба.
Посебно коа ќе те прашаат во странство од кај си срам живи Тоа е исто ко скупјани што се во некој филм со овие од по селата што им доаѓаат да живеат во скупје , и ги сметаат за луѓе од трет ред
Баш кога ќе кажеш оти си од Македонија те почитуваат повеќе. Ние можеби сме лош народ во својата држава и меѓу нас, ама од друга страна па е сосема обратно. Сум посетила и живеела во повеќе држави и видов како е. Во Словенија пример ни србите, ни босанците не ги сакаат. Кога кажеш дека си од Македонија со други очи те гледаат. Многу полесно ти издаваат стан под кирија тебе отколку на другите и милион други причини... еве сега сум моментално во друга држава и тука кога ќе спомнам Македонија сите викаат Охрид Воглавно имаат убаво мислење за нас како народ, а тоа дека си граѓанин од втор ред сигурно. Кога во Македонија е поделен народот во прв и втор ред, што останало за тебе како странец во туѓа држава колку време и да живееш во неа.
Нивната љубезност се должи од нивната култура таму , ако си добар и љубезен со нив широко ти ги пружат рацете
Реалноста е дека многу мал процент од тие што отидоа ја кажуваат вистината. Да не одиме подалеку во Македонија никој не кажал дека си поминал на одмор лошо, дека не му се погодил хотелот, исл. Едноставно таков народ сме. Приказната за пред народот ни е дека животот е розов, ние сме најуспешни, најснаодливи, најпаметни а реалноста е сосема друга.
Се согласувам , точно е дека ако тука си магистер по право ,во германија ќе работиш градинарство и ќе косеш трева , ама системот таму функционира и важи еднакво за сите . Тешко таму на цајкан ќе му дадеш 20€ мито , дисциплината таму е на прво место , на второ е љубовта кон татковината , а на трето се самите тие . Таму не се заглавува по административни дупки и нема расправање со административни паразитски партиски војници . Долга е листата , можеби не е совршено но верувај нема неправди како овде .
Верувај има. Бори се да работиш како магистер по право па ќе видиш дека е истото што и овде. Разликата е што овде се бориш за повисока позиција а таму се бориш за позиција за која Германецот, Англичанецот т.е нивните не сакаат да ја работат, па радо ни ја отстапуваат нам дојденците. Кога ќе се бориш за такво место ќе видиш како и кај нив, исто како и кај нас постојат врски. На полицаецот не му бараш врски зошто си никој а и немаш познаници кои се вработени таму. Се е исто само што стравот и казните се повисоки па седиш мирно и глумиш лудило дека не постојат врски во таа земја оти ти ги немаш. Единствено добро е што можеш да си приуштиш подобар одмор, поквалитетна облека и храна, подобро образование и подобро организиран транспорт, друго ништо.
Da,istoto go pisav i jas nekolku strani ponapred.(za nasi bliski). Sega najnovo istite se cistaci(rabota sto co mk ne bi ja rabotele ni leb da nemaat da jadat, kako i Germancite vo Germanija)...pa tuka falenje, pa vaka ziveeme,pa taka ziveeme,pa takva kola, onakva kola...ama pusto Makedonce...neka se zdravi i zivi! Za razlika od drug par sto si zaminaa zasto firmata mu ponudi povisoka pozicija vo Anglija, i ziveat super, duri i kreditot za stanot vo mk si go otplatija predvreme(za takov poteg bi se slozila odma).
Некои што се во Германија, спомнаа дека не им се допаднало тоа што се ладни. Читав некои стати да видам нешто повеќе, тие и општо се такви приватни луѓе и стварно ценат да си навреме, ни секунда да каснеш! Мене ми е уште почудно што вие таму се чудите на ова, тие од вас очекуваат да сте коректни и да го цените нивното време. Не е како кај нас, шлаење од утро до мрак по кафулиња. Сакам да кажам почитувајте ги тугите општествени норми кога сте веќе таму! Сметам и до самиот карактер е, ако некој интроверт како мене отиде таму може подобро ќе адаптирам од некој подружељубив тип.
Пријател кажува, идам на одмор таму у таму. Шефот му дава 500 ЕУ, да си поминеш убаво. Настрана од плата. На рака. Кај нас, викаш одам на одмор, од кај оваа пари за на одмор.
Бајки за мали деца. Никој и никаде не дава пари за на одмор, па особено не на рака. А за вториот дел, па и јас се прашувам понекогаш од каде некои луѓе наоѓаат пари за такви луксузни одмори, а не сум шеф.
Посалам фирма баш пред одмори дава бонуси, регрес, процент од ова од она, се фино напишано зошто и како...и пред Нова година. Тие што сакаат да скријат може на рака да дадат, као почасти се, еве оти многу арен газда сум. Инаку се' што дал веројатно и му следува на работникот ако има добар профит ама некои избегнуваат да прикажуваат, па затоа вака на рака.
Некои фирми земаат покрај 13та плата (обично за Божиќ) и плата за одмор (на пролет). Дека некој ќе даде пари на рака, тешко веројатно. Освен ако не работи работникот на црно, па да му е жал на работодавецот и да му даде. Ама пак не верувам. Луѓето од Западна Европа се класифицираат кај нас како ладни зошто не сакаат да им се навлегува во приватна сфера со "кај беше?, кај одиш? па што ќе правиш/што правеше?, колку плата земаш?, а маж ти кај работи? и сл. Не дека не прават таков муабет, ама ако сте ептен блиски и подискретно, без вметнување во фаца и на прва средба. Ти даваат шанса и имаат доверба во луѓето се додека не ја прокоцкаш шансата. Нашиот менталитет е колку повеќе некој за*беш, толку си појак. Тоа на западот не проаѓа добро, па после Цацко е крив. Нормално дека не се почитува некој што не ти го цени времето со тоа што касни. И може на секој да му се случи, не е баш дека ако закасниш секунда/минута те отпишуваат, зошто секој касни. Ама не може така да тераш до бескрај. Коректни, по пријателски расположени и по услужливи се од нас Македонците, за жал, а богами и директни, што за нашиот менталитет не е својствено, па ако некој ти ја сервира вистината во лице е груб и ладен. Нам повеќе ни одговара, цуци, буци, срцка, душо, а позади може со ножот, не е проблем. Прикаски од типот секогаш ќе бидеш граѓанин од втор, трет и пет ред, се и те како застарени и немаат врска со реалноста. Доколку работиш на себе, научиш јазик, почитуваш закони и ред никој не те потценува и омаловажува на национална ни пак религиозна основа. Напротив, те почитуваат и ти се восхитуваат зошто си успеал во туѓа земја, со друг мајчин јазик и во непозната средина. Се интересираат за тебе и земјата од која доаѓаш и им е мило што ете преку тебе, од прва рака, дознале нешто плус. Тие што не се "почитувани" и демек "омаловажувани" и кој знае што, се оние кои викаат, ма не можам ја да учам јазик, ја ќе платам да ми пополни некој тој формулар, не можам ја да се замарам, ќе речам на тој и тој он знае сѐ, тоа мене ми е комплицирано, знаеш ли некој што може да ми заврши таа работа (без еден документ или пред време или со прескокнување некој чекор). Е сега лоши луѓе има секаде и се наидува на пречки, ама тоа е друга тема.
За Германија збориш ? Ако некогаш дал мито на цајкан во германија а притоа не бил фатен еве јас визата ќе ја искинам Таму толку има дисциплина што ако не се адаптираш на нивни менталитет тешко дека ќе бидеш во нивно друштво Платите се тие , не плаќаат како за Балканец , никој не ми е крив што факултетот не ми е таму признат туку си им даваат предности на тие што студирале на нивните факултети , иако сите што заминаа доктори таму земаат големи плати што овде ќе ги сонуваа Инаку ,како студент бев во германија на сезонска работа хигиеничарка во болница , знаете каква беше болницата таму ? Не беше нова болницата но све беше чисто стакло , едно ливче надвор од корпа немаше ,столовите не беа кршени и шкртани , вцто беше стакло чисто во секое време ,голема е разликата од нивните болници и македонските ,затоа таму и не е толку страшно ко во мк да бидеш хигиеничар . Јас би сакала да биде мк како германија ,но со ваков народ,со ваков менталитет ,со вакви политичари тоа никогаш нема да се случи П.С Некогаш ќе облечам бели чорапи до колена со сандала и ќе излезам , и ќе ви кажам колку луѓе ќе ми обрнат внимание за тоа