1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животот во Македонија и животот во странство - споредба

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mims-89, 2 март 2015.

  1. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    9.757
    Пол:
    Женски
    Како успеваш да се телепортираш во Германија за толку кратко време. Според мислењава не ми изгледаш како да си надвор од државава.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.176
    Полесно ќе ти издадат стан оти помала е веројатноста да си член мафије, јер македонска мафија во дијаспора нема:D Абе колку од подалеку си, толку поише те сакаат во екс ју:lol:

    Тој прв, втор ред, не ви го разбирам, тој си по ред, како што си го фатил редот. Ред е закон, никој преку ред не се уфрлува. Ако случајно некој проба, си знаеш дека од друга цивилизација дошол, отприлика од појужна европа:!:.
     
    На Mami3, *katja*, Ladybug98 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Бев јас предходно ,коа настана проблемот со короната се вратив бидејќи настанаа проблеми во компанијата да се стабилизираат работите во компанијата одма одам ,задоволна си со одговорот? Да не треба на секое мислење да пишам каде сум ?
    Сакаш уште да ти кажам дали плата ни даваат ? И колку ?
    Боже сачувај каков народ |(
     
    На tinka-mace и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    9.757
    Пол:
    Женски
    Да, да, сигурно си била. :devil: Но немам намера да ти копам по мислењата.
     
  5. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Боже сачувај
     
    На Аргентина * и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Ова е нешто сосема друго од ситуацијата што ја наведе @Cka каде газдата би ти рекол еве ти пари за на одмор. Бонусот е процент и зависи колку добро си ја вршиш работата. Регресот или 13та плата во повеќето од земјите што ја даваат таа е задолжителна по закон и не ја добиваш само ти, туку сите во фирмата. Секој газда е во полза да прикаже дека потрошил на вработениот, на патни трошоци, на бонуси, на неисплатени неискористени денови од одмор исл. Никој, ама баш никој, нема да ти даде пари на рака а тоа да не го прикаже како трошок. Ако добиеш пари на рака, тогаш верувај книжи дека ти дал повеќе а всушност си добил помалку. Што значи, ти губиш. И @Cka не треба да шеташ секаде, доволно е да работиш payroll за една странска фирма и се ќе ти стане јасно.
     
    На BloodElf и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    За жал се повеќе мои блиски луѓе ја напуштаат земјава. Но, не можам да им замерам, тоа е нивна одлука и секој би постапил како што смета дека е правилно за себе си или пак своите најмили.
    Има огромна разлика во однос на квалитетот на живеење. Финансискиот аспект ќе го образложам подоцна, затоа што и повеќето не се отселија само поради таа причина. Најосновната причина е целокупниот државен систем. Здравството за жал ни е катастрофално, сведоци сме на бројни немили настани. Образованието се сведе на хартија без вредност. Вработување во државна институација е дозволливо само со партиска книшка. Заглавен си во општествените лавиринти. Елементарните услови за живот како воздух, најбитното од се, се занемарени.
    Среќна сум што повеќето се среќни моментално каде што се. Нема да говорам за државите во кои се преселени. Но, прво те третираат како човек во здравството. Инаку доколку ти треба некоја услуга, првично ја плаќаш целосната сума, а потоа државата ти рефундира 80% од средствата. Доколку посетуваш стоматолог на дадениот термин, услугите се бесплатни. За да се вработиш, те тестираат, што значи знаеш дека околината околу тебе е квалитетна со знаење. Доколку си самец плаќаш поголеми даноци кон државата, но доколку се решиш на поголемо семејство, даноците не ги плаќаш. На работното место имаш неколку степени на унапредување. Од парична надокнада, до плаќање на режиски трошоци. За да купиш куќа или стан, не мора да бараш жиранти и да бидеш заглавен во процедури, туку доволно е да ја плаќаш ратата, ако не ја плаќаш, многу нормално е што следи. Повеќе од одлично е што барем образованието и дипломата се признаени. За финансискиот дел нема замерка, затоа што за да имаш некој просечен живот доволна е една плата, но за да живееш покомотно, треба двајцата да работат. Има закони јасно концизни за се. И можеш да се ослониш на истите.
    Но, има и недостатоци. Режиските трошоци се поголеми, дел од храната е поскапа, а и онаа што е со иста вредност како нашата, добиваш помала количина. Но од друга страна, попуст како што можеш да начекаш во друга земја, нема кај нас. Кај нас врз цената лепат иста цена, демек е попуст. Животот е поладен. Нема дружба како што има на балканот. Занаетчиските услуги се многу повеќе ценети и се скапи. Да опремиш стан, куќа, на ново кошта грдни пари. Во тоа се уверив кога видов дека 3 квадрата кујна кошта 10,000 евра, што кај нас ќе ја добиеш за 1000 евра.
    Доколку се укаже можност и јас би се преселила. Почетоците се тешки, менување на навики, едноставно околина за тебе непозната. Но, со труд и верба, можеш да живееш убав и квалитетен живот.
     
    На Justicija, SummerGirl, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Сега ќе ти разјаснам, кога велат дека таму си граѓанин од втор ред, уствари сакаат да кажат дека овде оделе преку ред "Јас само да прашам", и таму испаѓа регуларниот ред да им биде втор :rofl: не се навикнати
     
    На SummerGirl, tinka-mace, dayla и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Женски
    Хахах ме насмеа, има логика ова :D

    Инаку јас мислев на тоа дека без разлика колку и време да живееш во туѓа држава, работиш и функционираш по нивен систем во нивните очи секогаш си и ќе останеш странец. Еве еден прост пример кај нас во Македонија во зграда од 30 станови само во еден живее турчин, најнормален си е човекот, си живееме сите со него ама сите се тетка Лиде, тетка Данче само он е чичко Осман турчинот:D или кога кажуваш кај живееш и ќе ти речат "ааа, кај турчинот". Глупаво, ама така е насекаде. Во Словенија во влезот бевме само ние странци и не нè викаа по име туку македонците.
     
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Па добро, ама тоа нема никаква врска со ова од втор ред. Ако си државјанин на таа држава, не ти се скратени никакви права само затоа што си од друга земја. Тоа веќе би било од втор ред.
    Ова ми е само онака обично неформално нарекување меѓу соседи. Мене не би ми сметало да не нарекуваат "македонците" не е навреда.
     
    На tinka-mace, Luminary и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  11. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Женски
    Кога викам втор ред не мислам дека си никој и ништо овде, туку не важи исто за тебе и за тие од прв ред(државјаните).
    Малку се тие што се државјани оти не се добива државјанство туку така. Ќе се земам себеси за пример, имам стална дозвола за престој и работа во странство и никогаш нема да имам исти права како нив и сум граѓанин од втор ред. Со исклучок на оние што се со привремени визи и престои, што е нормално да се ограничени и скратени во многу работи.
     
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Ај кажи поконкретно, кои права ти се скратени?
     
    На *katja* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Исто е и тука, македонците и во сопствената држава се граѓани од втор ред. Не би сменило нешто, ако ме разбираш. Пре би на малцинство да дадат нешто, него на нативен народ.
     
    На tinka-mace, Justicija и Miss666 им се допаѓа ова.
  14. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    896
    Ама ова зборува за нас како народ, па и за Словенците кои иако понапредни сепак до пред 2 децении беа Југословени :) Има и на запад такви што се мрзи и им се криви странците што сега им ги "земаат" добрите раб. места и не можат да се помират што поминало времето кога странците биле исклучиво ниска раб. класа. Ама тие се исклучоци и пре они се оутсајдери отколку оној што со странско државјанство чесно и со труд го заработува лебот.

    Btw. немаат сите што се родени во држава од каде не потекнуваат нивните родители, државјанство од таа држава, зошто некои едноставно не сакаат. Други пак живеат неколку години таму и се одлучуваат за тамошно државјанство. Е сега нормално е ако немаш државјанство да немаш право на глас и да се кандидираш за државна функција. Може во институции да ти бараат екстра документ на кој стои пр. адреса на живеење зошто таа не стои во пасош и странска лична карта, чиста формалност. Има многу ситуации кога нешто те следува по закон ама не автоматски, па ако не знаеш јазик и не комуницираш доволно, нема да знаеш да си побараш. Или имаш други примери?
     
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Имав супер убава работа и живот во МК, но си отидов заради политичката нестабилност и нефункционалност на системот.

    Sorry џабе ми се пари во МК кога од Берово да стигнеш во Скопје на лекар ти требаат 4 саати. И плаќаш здравствено ама за џабе, на крај мораш на приватно. Патишта и транспорт се приказна за себе, исто како и судството од кое веќе ништо не не изненадува.

    Сакам подобра иднина за моите деца, тоа ми беше можеби и најголемата причина. Зошто да учат албански, нека учат германски? Зошто да ги осудувам да бидат граѓани на држава која не се знае како се вика и до каде и се границите? Подобро да бидат германци од северџани (или како и да се вика новата националност).

    Каков е животот во Германија во споредба со Македонија? Поубав, во секој поглед!

    Работа- Ако имаш убаво образование и искуство и во МК и во Германија е убаво, и тоа и во двете држави работам во приватен сектор, Разликата е што во германија имам фиксни 30 работни дена одмор (тоа се 6 работни недели), нешто што во МК во приватен сектор можеш да го сонуваш, имаш сигурна плата, работно време само 8 саати и не мора после да си достапен, напредуваш во работата според знаењето а не според тоа дали му си мила на газдата, дали сте иста партија, вера , националност...

    Заработувачка и квалитет на живот - Германија далеку подобра, колку и да е се поскапо. Јас платата си ја сметам во проценти . Во германија на крај од месец ми остануваат 40% од платата , без многу штедење , тоа се негде околу 1100 евра. Во МК ми остануваа 30% од платата, или некаде околу 200 Евра ( имав 700 Евра плата во мк). Еден телефон, кола, комјутер, одмор на Малдиви кошта исто и во МК и во Германија. Во МК за одмор на Малдиви треба да работам 15 месеци, во Германија 3 месеци. Плус што живеам во Баварија, најскапиот дел на германија, сигурно во другите места е поинаку и остануваат повеќе пари. Во Германија, двајца работат со едната плата покриваат се, другата им останува заштеда, во МК тоа е невозможно.

    Социјален живот- убав и а двете места но на различен начин. Во МК имам многу другарки, си одевме на викенди ваму таму, си шетавме кај ни текне, кафе шема секој ден. Во Германија сум само година дена но веќе сум на добар пат да си направам исто таква средина. Си имаме пријатели, најчесто од работа, сегашни и бивши колеги. Тие доаѓаат на ручек, ние им одиме на ручек, одиме негде на викенд заедно . Е во малите места, посебно селата, германците се прилично затворени па тешко да најдеш германци за дружење. Сепак јас си наоѓам, затоа што не сум сконцентрирана само на дружење со балканци ко повеќето кои доаѓаат.

    Забава за големи и мали - во Германија, паркови на секое ќоше, атракции во секое населено место. Во МК уште не сум била на убава термална бања или спа центар, во Германија не знам уште на кој аква парк и која термална бања неам отидено. Ги има скоро во секој град. Луна паркови, шеталишта покрај езера и реки, зоолошки, различни музеи за деца, разлишни спортови... се што ти душа сака. Дискотеки- од балкански дувла до дискотека на 5 спрата и концерти на светски познати имиња.

    Здравство, судство- неспоредливо.

    Ми недостига само семејството од МК. И нив ги посетував на секои два месеци по еден викенд што е сосема доволно. Сега заради короната ги немам родителите видено 6 месеци- ЌЕ ПОЛУДАМ !

    П.С. Ова не важи за работници на црно во германија или за наемни работници кои црнчат исто ко да се во МК , кои после 5 години во германија не знаат да пекнат Германски, кои се шлепат тука со години чичко им да им заврши работа итн итн.
     
    На mKdevojce, ForeverYoung, noteforself и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Женски
    За една обична сметка во банка да отворам ме испрашуваа милион банални прашања како од типот: Дали имаш контакт со луѓе од Иран, Ирак, Авганистан? Дали си политички активен и заинтересиран за политиката? Во кои се држави имаш одено пред да дојдеш тука....
    Ова сигурно не ги прашуваат државјаните.
    Не сакам да навлегувам во подлабоки теми оти секој различно ги гледа и доживува работите.
     
  17. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    896
    Во право си дека секој различно ги доживува работите. Затоа не треба да се генерализира. Па бидејќи на луѓето кои немаат искуство со живеење во странство повеќе им одговара кога на некој не му е добро, тоа го земаат како правило. А ако им кажеш дека не е така, не можат да поднесат да те слушаат.

    Некои работи немаат врска со државјанство. Некој пр. е неколку години во странска држава и ги исполнил условите и по своја желба има државјанство а некој кој е роден тука, исто по своја желба нема. Освен што првиот може да гласа и да има државна функција, што е врзано за државјанство, не е ништо помалку ни повеќе од вториот.
     
    На Ladybug98 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.146
    Пол:
    Женски
    @Ladybug98
    За Словенија збориш?
    Словенија веќе има историја на кршење на човековите права во Стразбур.
    Со избришаните,избришаа многу луѓе кои имаат регулиран престој порано.
    Познат е тој случај во 90ти те год. кога преку ноќ ги избришаа сите кои имаа регулиран престој ,а не се Словенци .
    По пресудата им плаќаат отштета.
     
    На Ladybug98 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Женски
    Зборувам за моето лично искуство како странец во Словенија и сега во друга држава.
     
    На *katja* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.976
    Пол:
    Женски
    Луѓето од Запад (зборувам од лично искуство со овие луѓе, на факултет имаше премногу од Западот) уште на 18 години заминуваат од дома. Дел продолжуваат да работат, а дел одат на факултет. Живеат под ќирија и се грижат сами за себе, заработуваат сами за ќирија, храна, и други лични трошоци. Не бараат 100 денари од мама за на кафе. Можеби се ладен народ, но верувај дека голем % од нив се самостални, за разлика од кај нас што има луѓе на 30 години не работат и бараат пари од дома... Зошто мислиш дека една девојка од Западот е должна да го вика секој пат дечко и од Македонија кога е гладна, бидејќи мајка му така го викала секој пат? Или зошто дечко од Западот е должен да и купува работи на девојка од Македонија? Бидејќи нејзините дома и купувале?

    *Дискусија преместена од темата Брачни совети
     
    На hotsauce и Mikha4 им се допаѓа ова.