1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животот во Македонија и животот во странство - споредба

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mims-89, 2 март 2015.

  1. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    тука не се работи за самосталност,тоа е точно ,меѓутоа кога зборуваме за емоции итн. премногу се ладни и егоистички настроени,јас конкретно зборувам за скандинавците,ние имаме многу друга енергија од нив,како балканци енергијата ни е многу слична на шпанците,италијаните,грците
     
  2. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.976
    Пол:
    Женски
    Да да тоа да :) и јас баш напишав дека се настроени кон себе и се ладни. Иначе за Запдни држави мислев на Белгија, Холандија, Англија, Франција. А Скандинавија е на север.
     
    На Nena Jovanova му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Оваа класификација на - или се ладни или топли треба да се преименува во - или се културни или немаат осет за граници.
     
    На Ahoy, Emy867, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Ладни и свртени кон себе, односно си ја гледаат работата, а не во дворот на комшијата, нешто несфатливо кај нас "топлите и полни со емоции" :?:
     
    На Ahoy, gjoker4e, Emy867 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Глума.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    888
    Последен офф топик на темава, може слободно да се избрише.

    Не живеам ни јас Мк долго, па не ми дава тоа за право да генерализирам така. Скроз сум сигурна дека имам мн. (ама мн.) повеќе искуство од тебе со др. народи и култури, затоа и знам дека таквите генерализации се без врска.

    Може живееме во исто општество. Се надевам уште си среќна:D

    Убав ден и на тебе!:hai:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Абе оти фиктивно зборате?
    Во странство можеш одма да најдеш работа и да си доволно платен за да си ги покриеш трошоците за живот.
    Овде, со средно, ќе работи за ситни пари, кои може да 'дополнат' буџет, не да живееш од нив, да ренташ твој стан, да јадиш, пиеш, се облекуваш, лекуваш, студираш и се' од тие пари.
    Минималната е 18.000, а студенти кои не можат да работат полно време, ќе работат за некоја смешна сума.
     
    На Emy867, Осе, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.976
    Пол:
    Женски
    Зошто кога мислите "странство" одма ви се прикажуваат слики дека првите од небото паѓаат. Во Словенија работев за 1300 евра што е супер за разлика од тука нели? Епа ај сеа вака 600-700€ за стан месечно. 80€ за паркинг место. 200€ за јадење. 20€ телефон. 150€ фиксно ќе ти заминат некаде, на лафе да отидеш под 10€ нема да потрошиш. И ќе ти останат некои си 50€. Кога ќе речат дека зимаат плата 1300€ ееее супер а има + трошоци. Исто како во Швајцарија 4500 плата, а само станот е 2000
     
    На Ajla11, Nena Jovanova и Indiegurl им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Има доволно пари да покриеш трошоци?
    Има.
    Е ај овде .. и 18.000 да се, плаќај 200 евра кирија и со другите 6000 се' да покриеш.
    Пробај.

    И то, прашање е дали ќе зема 18
     
    На Ahoy, anggell, La-loca и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.976
    Пол:
    Женски
    Ама зошто ме цитираш, јас не и се обратив на девојката која е на Медицински факултет. За нејзе неколку страни наназад и пишав дека може да оде во студентски бидејќи е студентка и таму има и храна ќе нема трошоци.

    Ова се обратив на жената која пиша дека на девојчето дечко и бил како луѓето од Запад кои биле "ладни" и егоистични, и кажав дека може и се бидејќи од мали се научени сами да си печалат, немаат обврска на некој да му плаќаат одмори и викенди... не спомнав никаде за минималната плата во Мк дека е доволна за живот, што не е.

    едит: и баш ја цитирав жената бидејќи што кажа за Запдните луѓе, потоа излезе дека мисле за Скандинавците кои не се ни на запад
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    80€ месечно оди по човек за јадење,кај ги ископавте овие 200€ јас не знам. :?:

    По ресторани ли секој викенд одите?
    Кафе 10€ :rofl:

    (facepalm) Шта речи… груба неточна пресметка.
     
  12. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.585
    Пол:
    Женски
    Со 18.000 кај нас може да се сликаме само...
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.976
    Пол:
    Женски
    Ако се живее во странство не значи дека не треба да излезиш ниту еднаш ако е скапо, а има и такви стиснати. Ако јадиш само фаст фуд нормално дека ќе поминиш со 80€, но ако си вегетеријанец или веган нема шанси, бидејќи само 1 краставица - парче е 1.5€. Млеко од бадем или кокос е 4€ па нагоре. Нека се преиспита некој друг овде. Кафе и сок под 5-6€ не е.
     
    На Nena Jovanova и Indiegurl им се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    19.039
    Пол:
    Женски
    Абе Вајлд, и во странство не можеш сам кирија да си платиш, особено студент, затоа со цимери живеат. Мали ни се платите, факт е тоа за жал, ама па 200 евра кирија да плаќаш, при можност да делиш стан со уште 2 пример, дури да застанеш на нозе. Еве искрено за Америка, Англија и Германија знам... за друго место не знам, нема шанси дека пример келнерка ќе си плаќа сама кирија со платата, па што да е.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    35.758
    Од каде ова? Дај напишете некој прирачник за трошоци..
    80 да ама неделно. Минимум. Ко ке размислам и повеќе.
    Не ми се бара НАЈевтиниот маркет, НАЈевтиното ова, НАЈевтиното она..
    И да, излегувам по ресторани. Живеам во странство, не дојдов како гастарбајтер за куќа да градам во јужно свирипично
     
    На Ahoy, Bella •••, Emy867 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Што зборуваш жити Бога? Врска си немаш…
    Полнам количка во Лидл за 40€ не се стискам,пазарам два пати месечно тоа се 80€. Купувам и пица и сендвичи, пијам кафе секој ден и го плаќам 2,50€. Сок 6€ ма нема шанси. Кока-колата е 1,50-2€.
    Веганското млеко е 2,79€. Обичното млеко е 99центи.
    Што треба да се преиспитувам? Секоја втора недела идам на шопинг и пак ми остануваат пари и на страна.

    Не знам дали си свесна дека сите овие работи се невозможни во Мкд.
     
    На gjoker4e, Kbr, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.078
    Пол:
    Женски
    Еее баш така, колку убаво го срочи нашиот менталитет во една реченица. Затоа кај нас нормалните луѓе што си ја гледаат својата работа и си имаат граници во односите се перцепирани како "чудни".
     
    На Ahoy, Mantub, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.976
    Пол:
    Женски
    Ти живееш во една држава јас бев во друга? Јасно ли ти е тебе тоа? Очигледно не знаеш да читаш реков кафе и сок 5-6€ ама ајде чим не ти се гледа. Сигурно нема да го барам лидл на крајот на градот ќе си пазарам од најблискиот маркет што ми е до дома па колку сака нека биде поскапо. И како што кажа членката таму сум била за да живеам не на печалба за на село куќа да градам. Не знам што не ти е јасно? Пак си бараш пријави и ми дишиш во врат секаде. Што ми е гајле што миниш месец за 80€ јас за мене си кажав. Ти кај што живееш можеби е евтино, оди најди кока кола за 1,5€ во Словенија во кафич и јави ми:call:
     
    Последна измена: 31 мај 2022
    На Ajla11, JoyJoy, butterfly6223 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ова е форум и престани да се брецаш. Ќе те цитирам колку сакам,за да разменам мислења.
    Никаде не е ефтино, Лидл е ист во сите земји оти сум била во тој во Ниш и сум си направила споредба.
    Ако си отишла зошто се врати?

    @Dentina Фала Богу немам намера да се враќам баш од такви глупи изрази. Немаме сите “богата”елита и врски за да работиме на високи функции во Мкд и да продаваме приказни колку се лоши гастербајстерите.
     
  20. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.976
    Пол:
    Женски
    Затоа што сега ја земам скоро истата плата овде а не плаќам кирија и паркинг место. :) Инаку провери Меркатор и Туш колку се поскапи од Лидл што го има на крајот од Љубљана само. Млекото ми во Македонија не е 99центи веќе, ама ако во Малата е 99 центи а кока колата 1.5€ не значи дела секаде е така. Барем во мојот град во Македонија (држава со низок стандард) сега нес матено 120.

    а инаку бев на студии, потоа останав 1 година но видов дека можам да просперирам и во Македонија.
     
    На JoyJoy, Milkiway и buba4e89 им се допаѓа ова.