Нема нес овде, е затоа највеќе жалам што нема. Другите кафиња ги прават. За кока-колата зборував за во рестораните. Јас во Скопје платив 500 денари во Гет за три кафиња, тука платив 5 евра за истите кафиња. Многу е поскапена Мкд. Супер за тебе мило ми е си се снашла и убаво ти е. Да и во другите маркети е поскапо исто тука, на пример веганските кашкавали,сојата итн.
Не си ме сфатила. Немам врски ниту во Македонија ниту тука. Не сакам да живеам како глушец и да купувам од најевтината тоалетна хартија, најевтиното овошје, најевтиното месо, најевтиното се' а сум учела и работам. Можеби и јас ќе заштедев повеќе ако не купував облека, шминка , ако не патував, ако не одев по ресторани и театри, ако не се возев со убер кога ќе се успијам..ииии...и што? Веројатно ќе имав поголема куќа.. батали тоа ако јас не си ги истерам ќефовите. Работам за да живеам, не живеам за да работам.
А сакаш да кажеш дека во Мк или било каде на светов, нема да одиш да побараш поефтино ако знаеш дека го има? Демек овде одиш и во Веро пазариш нешто што во Кам е 50ден а таму 75? Алал ако можеш така, јас си одам си барам во Кам што ми е поефтино, во Стокомак, во Тинекс, ловам акции, зошто да ги дадам парите за џабе? Млекото без лактоза во Кам е 64, во Веро 75, зошто да ги дадам 11ден за млеко повеќе? Грчкиот јогурт е 35 во Кам, во Веро е 41, зошто да ги дадам плус. Ако собереш на сметка ќе излезат и 1000ден. Мм имаше сајт за споредба на цени и имаше баш колку заштедуваш на одредени производи во одредени маркети. Тоа не е ништо срамно или страшно, тоа е нормално, особено што цените моментално се астрономски.
Дентина те разбирам, само ако пазариш во Лидл не значи дека не живееш идеално. Храната е иста секаде. Само секој маркет си пумпа цени,нормално е. Додуше, не дека ме праша некој јас сум голем трошач и уопште не марам колку трошам,оти мене ми е убаво.
Исто. 80 евра неделно само ручекот што го готвам се фаќа. Често и повеќе од тоа. А кај се другите оброци во денот. Пресметката ми е иста. Исто трошев за храна и во Грција дур живеев, исто сега во Германија, со тоа што овде е дури и поефтино. За некои работи гледам да поминам поефтино, за некои поквалитетно. Приоритети. И живот треба да се тера, се сложувам.
Ако треба со кола да одиш до поевтиното место, хмм не знам колку е поевтино. Добро можеби тебе ти се сите до задникот блиску. Ако пешачам еден час до таму, подобро еден час ќе работам и ќе ја заработам разликата многу пати повеќе...
Ама си калкулираш, ако потрошам за гориво 100ден, пример, а ќе заштедам 1000ка на големо пазарење, епа ќе одам. Не пазарам секој ден, пазарам 1 месечно, одам со кола и ги проаѓам сите маркети и сум приметила дека ми се исплати. Сирењето што го купувам во голем маркет е 315, во маалското дуќанче ми е 380, разлика голема, истото сирење. Омекнувачот е со разлика од 60ден. Кашкавалот е и со поголема разлика, мислам дека повеќе од 100ден. Кога купуваш на големо, за цел месец, богами ти се исплати.
Јас купувам некои ствари на акција, детергенти конкретно ариел подс се упола на попуст , или ако видам нешто што го користам а е на акција , ќе купам. Шминка дрогериска исто. Облека прво гледам што има на sale но ако ми се допадне нешто што не е , и те како ќе си го купам. Се е компромис. Еве порадо сега си седам на фемина, него ли да талкам до Лидл, макар со метро. Пазарам во блискиот најскап супермаркет . Мож' затоа не можам да јадам за 80 евра месечно. Батали евро заштеда. Мене 1000 денари не ми менуваат ништо, ама сега зборуваме за странство. Ако сум уморна од талкање, не уживам. Радије би да работам еден час повеќе и да заработам место да се стискам. Секој со своето.
Секој со своето нормално, мене 1000ка ми е 5 посто од платата. Во странство може да ја праиме приказнава, ама во Мк тешко, 1000ка значат многу во Мк.
Јас мислам цените секаде се заминати до небо. Колку е во Скопје ќирија за грасоњера и за 2 освен стан. Во Љубљана грасоњера е 600 евра, двособен стан 1000+
Храната секогаш била со слични цени како кај нас. Дури и во ебаниот Париз, скопски беа цените. Тука наместена гарсоњера е најмалку 200 евра. 600 евра на 1200 евра, не е исто со 200 евра на 300 евра плата.
Мислам ако беа исти соодносите плата/потрошувачка кошничка тука и во странство ваљда немаше да ни бегаат толку млади странство? Толку се наивни или да?
Со таа разлика што во Западна Европа, потрошувачката кошница опфаќа и карти за кино, карти за театар, јутилитис. А кај нас е само храна. ... добро и средства за чистење и ТОАЛЕТНА!
Да, ако беа добри условите за работа и ако се почитуваа законските прописи за секој работник. А не да забушаат да им се крати од плата и да ги тераат к15 да враќаат.
Ете! Со ова го сумира целиот проблем во државата. Почитување и спроведување на закони и процедури. Не врски Не мито Не кинење казни. Почитување и спроведување на закони и процедури
Зависи. Колку млади со добри плати во Македонија си заминаа во странство ехаа. Али да, мнозинството бегаат ради стандардот.
Јас еве гледам по мене и моите. Пред некои си 10-15 години и сега. Со една плата, така ни превисока ни прениска, за јадење и одмори сме имале и плус заштеда и плус кредит се исплаќаше. Ова за фамилија од 4 души. Сега сите придонесуваме кој со плата, кој со стипендија и помалку имаме од тоа некогаш. Процентот на "рипање" на цени ни приближно не го следи оној на покачување на плата. Ама уште некој ќе ти збори да се снајдеш, да се бориш и што ти знам. Се надевам ќе имам и јас прилика да киднам. Да поминам цел живот во борба и преживување за да се тешам дека ете преживеав и јака сум, не планирам.
Погрешна перцепција имаш. Општо животот е борба, и тоа што дишиш е борба. Во Македонија се преживува,во странство се ужива.