1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животот во Македонија-казна од Господ или?

Дискусија во 'Канта' започната од janafilth, 13 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Да зборуваме отворено, реално и искрено.Секојдневно ситуацијата во Македонија се влошува.
    Со пасош, државјанство и потекло од друга земја, никогаш не сум била приврзана за Македонија.
    Иако се случило да живеам тука ( не уште за долго) сум била сведок на многу неправедни настани.
    Да не ја зголемувам тензијата од денешниот грозоморен убиствен настан, ќе ве распрашам за други работи.
    Дали вие сте среќни во оваа земја? Како сте задоволни од знаењето, наставата, испитите во вашите средни училишта и факултети? Дали сте задоволни од ЈСП? (тие што се од Скопје знаат за што зборам)
    Сигурно некогаш се имате качено во автобусот што поминува од кај заводот за вработување.Дали се гледате таму како очајно барате работа што на крајот ќе нема врска со вашиот факултет? Што мислите за менталитетот? Сте биле ли некогаш дискриминирани? Дали мислите дека сте безбедни овде? Можат уште многу прашања да се постават, па ајде да отвориме една тема секако без навреди.
    Прво јас да си одговорам: Никогаш не сум била среќна тука.Можеби имаше некој добри моменти но тие никогаш не беа на основа на Македонија.Срамот кога во друга земја те прашуваат од каде си е неопислив, чекањето на граница (замо овде се чека цел саат додека те пуштат) срамот кога даваш македонски пасош, намалените можности за работа со овие документи е само дел..Во врска со факултетот студирам тука додека да си отидам па ќе видиме како ќе биде..Иначе не ни даваат некое посебно знаење а се случува и да немаме настава и џабе да сме иделе тој ден..Досега немало проблеми со врски барем не во мојата генерација сите реално поминуваме или паѓаме.Но сепак друго е кога не си со Мк факултет.Бидејќи често се возам не сум била никогаш задоволна од нашиот ценет извор на болести-Јсп. За разлика од автобусите во другите земји Јсп е една дебилна тортура заедно со нивните контроли од кој што неколку пати сум била дискриминирана, неколку пати навредена, а сум била сведок на група деца од Македонска националност да платат, додека група од друга не.Сум поминала од кај заводот и жал ми е.Се надевам дека ќе се подобри или ќе успеат да се спасат од оваа земја.Овде не се осеќам безбедно од многу причини.Да сум била и дискриминирана.
    Во врска со менталитетот, е една од причините што сакам да си одам од овде.
    Ден на просечен македонец започнува (доколку е жена, но зборам за случаеви)Станува рано и работи по дома за соседите да речат дека е добра домаќинка, а тоа што сме 21 век не е битно, целта е да не се отвори лош муабет.Секако 99% се патријахално воспитани и опседнати да бидат како другите, да не се двојат и да им биде првенствено туѓото мислење.Ако незнаеш да работиш или ако се облакаш како што сакаш и слушаш различна музика си чудниот и си гледан чудно.Меѓутоа има и исклучоци.
    Секако во секој втор брак преовладува семејното насилство а социјалните служби не реагираат.
    Долга и широка е темава па ајде пишувајте коментари можеби ќе најдеме некое решение,
    И секако, дали мислите да останете тука?
     
  2. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    606
    Ме мрзи да го читам текстов, ќе поставам и јас прашање:

    Животот во Руанда, Гана..пола и повеќе од Африка, Кина, Тајван и друга 1/3 и повеќе од светов- казна од Господ или?

    Ај место да се бедирате погледнете како живеат други луѓе во светов и ценете што и тука сте родени. И ако сакате промена почнете од себе!
    И не зборам од памет, сум видела многу полошо од Македонија.

    Мислите дека рози цветаат и да си во Америка, Шведска или Германија. Епа не цветаат! И соочете се со тоа!
     
    На Aleks96, aerodrom, vaga95 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Темава е бедна, страшна, гнасна и секој погрден збор што сум го слушнала.

    Кој мисли дека му е казна од Господ, мрш да го нема.
     
    На Aleks96 и vitomir им се допаѓа ова.
  4. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
     
  5. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Зошто казна од Господ??? Божееее какви се теми не отварате.
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Најлесно е да избегаш,треба да си ги решаваме проблемите,ајде сега сите да избегаме,и кои ке живее во Мк.
     
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    само што го прочитав насловот си велам О Боже помогни им, не знаат што прават :x
    Па зар само животот во Македонија е тежок? Последнава година живот стана тежок за цел Балкан, а да не зборувам за Африка, Индонезија итн. што да речат пак тие??? :swear:
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе да е само Македонија. И не не станува збор за никаква казна од Господ. Туку за самиот општествен систем, за не убаво изработена стратегија, конкретно за Макеоднијава наша.. од самото отцепување до самото нејзино обединување, не доволно јаки кадри започнаа да ја кројат иднината на државава.

    Така да ... Малку е жално да се каже дека е Божја казна, изглеа немаш отидено нит слушнато а најмалку прочитано како се живее во други држави ...
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Бог вели дека никого и никогаш не казнува. Тој меѓутоа не се ни вмешува во последиците кои произлегуваат од однас создадените причини. Лесниот или тешкиот живот самите си го кроиме.

    Тоа што нашите души се отелотвориле во ова време на ова место воопшто не е случајно туку е резултат на еден или збир од повеќе наши избори иако на истите привремено не се сеќаваме дека доброволно сме го направиле. Може да се работи за отплата или за мисија или комбинација од тие двете.

    Клучното што треба да го знаеме е дека ние денес преку нашите мисли, зборови и постапки кои се еден вид енергија го одредуваме нашето утре.
     
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Бреј, насловов не да звучи глупаво. Божја казна, ахам да. |(
    Оние во Афганистан, Иран, Ирак и тако даље, и тие се од некого ''казнети''?
    Што вика Елл, мислите на други места/во други држави дека ружи цветаат?
    Епа не - не цветаат никаде ружи, па ни кај нас. Соочете се веќе еднаш со тоа!
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    :rofl:
    Абе немој да ме јебеш.
     
    На bittersweet, cveke123 и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Teмава само насловот што и го видов се згрозив.Дајте малку чукнете си ги главите....мислите дека ов е земја со извор на проблеми,сиромаштија....сеуште верувате во бајките за земјата каде што куќите се од чиколадо а водата мед и млеко....ма дајте ви се молаааааааам.
    Ако толку не ви чини, отидете прошетајте па ако го најдете рајот на планетава,пишете ни тука.
     
  13. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Грев е вака да се збори. Како може и вакво нешто да се помисли...
    Кај се случиле најубавите мемории?
    Оваа е нашата татковина, да не ја критикуваме...
    Нормално е секоја земја да има негативни и позитивни точки, денешното 5кратно е
    грев од тој човек кој го направил.
    Мислам дека текстот кој го напиша е грев! На таквов песимистички начин!
    Секако дека има позитивни нешта во Македонија!
    На пат сме за да добиеме голема поддршка од Холандија!
    Во Холандскиот Суд ние победивме, место грците!
    Имаме такви ибави маала во сите градови!
    Па и центарот ни е убав, без тие СКУЛПТУРИ, но
    тоа е живот, и убаво и не до толку!
    Важно е да сме многу задоволни и среќни!
     
  14. Mer4e

    Mer4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    30
    од темава ми дојде да се пукам само не знаев каде дали в ГЛА или в КОЛЕНА ..... тешко вас
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Лилит да не пукнеш :D У цела нервоза и напнатост успеав да се насмеам
    Темава е веќе крај на крајот :|
     
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Убаво си напишала Lilit :clap:
    Туку болдираните реченици ти се сосема контрадикторни :^)
    Ако имаш државјанство и пасош од друга држава тогаш зошто патуваш со македонскиот???????
    Па уште мешање на Господ во работава ти е.... :x

    Ти девојче очигледно немаш никаде патувано.........секаде се чека на граници, треба време да се проверат документи итн, не е тоа само во Македонија.
    А државата како држава не ти е крива ако си ти неуспешна во животот, за тоа самата си виновна.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.