Порано животот бил катастрофа,тие што викаат дека било убаво,лажат.Ништо немале.Можеби било поевтино ама па немале избор многу
Порано немало луксуз, услови и можности како денес, се живеело поограничено и посиромашно, не знам дали луѓето биле посреќни, но во денешно време многу нешта се изменети благодарение на интернет експанзијата, преку која веќе целиот свет функционира. Постои преголема достапност на информации, стока и услуги, буквално има се’, само ако може човек да си приушти. Квалитетот на производите е дискутабилен, од причина што има и многу фејк производи, но затоа треба да се внимава што и од кај се купува.
Модернава технологија предизвикува повеќе стресови, 24/7 си достапна, сите се онлајн, залепени за телефоните и не знаеш кога ќе врисне/искочи повик или пишана порака. Порано беше поубаво и поспокојно, мило ми е што и јас фатив мал дел од тоа време.
Минатото има предности,но исто и недостатоци. Сегашноста има предности, но има и недостатоци... Минатото, освен од носталгични причини (што се забележуваат кај луѓето претежно над 20 па натаму...што не мора да значи кај секого!) има некој шмек од самото непознавање на светот... во смисла ограничен си со дружбата, не емитуваш во “живо“ 24/7, имаш приватност, имаш свој круг составен од неколку луѓе...барем ние просечните...што не сме пејачи, глумци и сл. и некако цел свет ти е помал, иако кога ти е помирна главата имаш спротивен впечаток. Сегашноста е таква каква што треба да биде... барем јас така мислам. Мене ми одговараат социјалните мрежи (што не значи дека никогаш не ми е преку глава од нив!баш напротив, но зборувам глобала за моето време...) затоа што живеам повлечено и барем вака имам некаков “прозорец“ кон светот, настрана литература и сл.хобија кои ти отвараат видик, тука спаѓаат и патувањата. Инаку сите работи кои од традиционалните луѓе се сметаат за непристојни... отсекогаш ги имало, само сега се посекојдневни и поНЕнеобични. Претпоставувам дека сите треба да ја видиме реалноста, без разлика на тоа дали ни се допаѓа лично нам или не... зборувам за она кое би сакала јас да видам, моите зборови не мора да имаат влијание врз трета личност. Сегашноста отвара видици, додека затвора други. Кога ќе видиш, кај минатото беше спротивно. Идеално би било мешавина од двете, предностите на двете, но ние не живееме во идеален свет...ок... јас наоѓам некако средина,или ...баланс измеѓу двете.