Животот е краток

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baba Rada, 5 февруари 2019.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Многупати ја слушате оваа добро позната изрека "Животот е краток".... па сакам да видам како размислувате, дали навистина е животот краток, колку тој би требал да трае за да биде долг......
    -или животот не е краток, туку ние касно сме се сетиле да живееме...:?:

    -или пак не треба да се сфати буквално тоа краток..вероватно се мисли на краток = не е бескраен:(


    :?:
     
    На La.loca, honest girl, Mari* и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
     
    На PaLaVa, Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Кој ли ја измислил оваа изрека, која ли е поентата...Дали да не предупреди дека само една секунда може да биде крај за животот...дали за младоста која многу брзо се "троши"??

    Не ми текнува друга мисла:?:
     
    На Rama и gjoker4e им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.897
    Допаѓања:
    45.844
    Пол:
    Женски
    Да.Искрено животот е краток.
    Т.е не е краток, но може кога-тогаш да заврши, а ние да не бидеме однапред свесни за тоа.
    Не дај Боже може се да бидне од нигде никаде.Затоа се водам по девизата
    ,,живеј го денот како да ти е последен”.Многу пати сум размислувала:
    -што ако ме мавне кола или бус и починам на лице место?
    -што ако добијам инфаркт?
    -што ако сум колатерална штета во престрелка?
    -што ако еве на одмор се удавам и ме снема?
    И на крај сфаќам дека тоа се претпоставки само, кои можат да се исполнат а можеби и нема.И на крај краева не се замарам.Си живеам по личен кејф, си правам јас што сакам и јас како сакам.Млада сум, си го живеам животот во полн ек.Па и да умрам утре нема да жалам ич, само за моите ќе ми е криво бидејќи се повозрасни и само за мене живеат и работат сега.Ама буквално за никој не ми е гајле, ни за другарки/другари роднини.
    Секогаш на сите им викам дека животот треба да го живееме во полн ек.Ние како што сакаме, по наши правила и замисли, без кочници и без туѓи наредби и желби.
    Живот имаме само еден, два пати човек не се раѓа.Искористете ја таа шанса добро драги мои.
     
    На coldbaby, Mari*, fina erika и 7 други им се допаѓа ова.
  5. mamaorhidea

    mamaorhidea Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    415
    Пол:
    Женски
    Zivej ,,denes,, bidejki ,,vcera,, pomina a ,,utre,, moze i da ne dojde....da, ima vistina vo toa deka kasno sme se setile da ziveeme nazalost losite raboti koga ke ni se slucat ne potsetuvaat deka poveke treba da ja cenime dadenata shansa
     
    На Mari*, fina erika, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @baba Rada интересна тема :)

    Животот не е нешто кое подлежува на стриктна стандардна должина, и покрај тоа што е карактеристично човекот да проценува во просек колку трае еден животен век; Смртта не бира возраст;

    Од биолошки аспект, животот претставува само правилно функционирање на органите по раѓање на одредено суштество и главните карактеристики за тоа суштество да биде одржано во живот е да преживува врз основа на своите инстинкти, и под влијание на хемиската реакција на хормоните, да се размножува со цел да не изумре како вид.

    Ова го кажувам од биолошки аспект, каде во буквална смисла ја објаснувам изреката "Животот е краток"

    Но, претпоставувам дека ако ја разгледуваме таа реченица како популарна изрека, би рекла дека реферира на фактот дека за човековата перцепција е тешко да го согледа неговиот статус како жив, во комбинација со времето кое важи за функционирањето на планетата Земја, поделено во соодветни временски интервали (денови, недели, месеци, години).

    Со други зборови, оваа изрека потекнува од искривената перцепција која човекот ја има во врска со времето, а причината поради тоа е рутината, односно новите искуства;

    Рутината дава впечаток дека времето се забрзува, додека новите и уникатни животни искуства даваат впечаток дека времето се успорува;

    Меѓутоа, начинот на живеењето на луѓето зависи од многу фактори и околности, врз некои имаме влијание, додека врз други немаме.
     
    На ranetasrna, Mari*, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.337
    Допаѓања:
    20.891
    Пол:
    Женски
    Обично ова го слушаме/кажуваме кога се наоѓаме во некоја стресна ситуација од која што мислиме дека нема излез (барем во скоро време). Сите сме доживеале некој таков момент каде што целото постоење ни се базира на решавање на конкретниот проблем, а сите останати битни и помалку битни работи ги запоставуваме и можам да кажам дека доста пропуштаме во животот во тие моменти.
    [​IMG]
    Мислам дека целта на животот не е да направиш којзнае какви лудории кои што ќе ги памтиш, не е емоцинално исклучување поврзано со други луѓе (да не ти е 'гајле' за другите) туку само за себе да гледаш. Мислам дека сите емоции треба да ги доживееме на своја кожа за да знаеме понатаму како да живееме во мир и спокој со самите себе. Животот од биолошки аспект може и многу кратко да трае но ако ние сме го искористиле правилно тоа време нема за што да жалиме. Точно и дека голем дел од нас многу доцна се освестуваме и почнуваме да 'живееме', односно полесно се сносуваме со одредени ситуации на кои што веќе знаеме како да реагираме и не ни претставува некоја пречка во секојдневието.
     
    На Mari*, Peperutce1115, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.433
    Допаѓања:
    54.789
    Пол:
    Женски
    И тоа како е краток животот, држи вода и тоа дека ние касно се "освестуваме" да живееме како што треба...барем лично јас.
    Не ги сакам оние "узречици" живеј го секој ден како да ти е последен, и сличните на нив...иако од една страна даваат мал поттик и мотивација да се живее животот со полни гради.
    Точно е дека нашето живеење не се состои само од адреналин, авантури и лудории, сето тоа ми е доживеано во голема мера, но по сплет на околности сега сум претворена во пензионер, и знам дека еден ден стварно ќе жалам по овие денови, ќе жалам што така сум ги трошела деновите...
    А од друга страна верувам дека овој живот е лажен, верувам во тоа што не чека после овој земски живот, верувам дека таму секој ќе го жнее тоа што тука го сеел, и којзнае, можеби таму нема да биде краток животот, можеби таму нема да жалиме за сето она што сме го направиле, или не сме стигнале да го направиме :D
     
    На P.S.love, buba4e89, Mari* и 10 други им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Животот е краток..дури и пократок одколку што го замислувате...:(

    дали дека младоста е најкратка, времето кога не знаеш многу а можеш премногу:?:

    Повеќе време од животот го минуваме во калкулирање, правиме математики, проценки, колку сме дале, колку сме вложиле а колку сме добиле...само мериме, вагаме, споредуваме....И..И..ојде животот...не успеваме да живееме со полни плуќа...немаме време да ги прочитаме сите книги, да ги посетиме сите места....да го изживееме светот....
    :?::(
     
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.679
    Допаѓања:
    172.497
    Пол:
    Женски
    Не е животот краток туку ние не знаеме како да го живееме..
    Си кратиме на се и сешто, наместо да правиме тоа што прави да сме среќни ние механички живееме..
    Затоа е краток..
    Краток е за убавите моменти
    Краток е за насмевката на нашите деца додека се мали... толку малку ги гледаме во текот на денот што некои велат - лелее детето преку ноќ ми порасна.. Не ти пораснало преку ноќ, туку толку време си му посветила..
    Краток е за авантурите што ги сакаме ама или финансиски не можеме да си ги дозволиме или премногу работиме и немаме време..
    Кога ќе имаме и пари и време, авантуристички дух нема да имаме..

    И така...
    Додека се свртиш ќе направиш 40год.. после 60 ... и да ја проживееш староста...
    Да краток е.. да го живееме со стварање на спомени нема да ни е толку краток
     
    На LiliBoz, Milan93, Mari* и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    8.969
    Пол:
    Женски
    Нема старосна граница со која се одредува дали животот е долг или краток, живот како живот на секого му е мил. Но ние луѓето сме преоптоварени со милион небитни работи и проблеми, често забораваме дека овој живот ни е еден и никој не знаеме кога ќе ни заврши, дали денес, дали утре но кога и да е битно е да живееме така како што сметаме дека е исправно, да ги правиме работите што не исполнуваат, бидејќи тоа останува. Џабе да трчаш и работиш целиот живот, да створиш кариера, да направиш пари, да имаш имот се се врти околу материјалното (коешто никој не го однел со себе во гроб), наместо да се посветиме на луѓето кои ги сакаме, бидејќи никој немаме вечен живот.
    Можеби и касно се освестуваме колку залудно сме го трошеле времето кое сме го имале на располагање, но како и да е животот навистина е краток за да можеш да ги направиш и исполниш сите работи.

    Јас оваа фраза 'животот е краток' и буквално за една секунда ти згаснува пред очи ја сфатив пред 2 месеци кога го изгубив татко ми, знаете ако некој човек е болен и лежи на т.н. смртна постела, сите очекуваат да умре, или доколку е стар што е логично и нормален дел од животот, но татко ми беше 50 години, не беше болен, не лежеше напротив трчаше како да има 20 и работеше, не се жалеше на болки, и еден ден како гром од ведро небо се се случи наеднаш, доживеа мозочен удар, беше во болница во кома 12 дена и толку, заврши.

    За крај не можам а да не го спомнам тоа, живеј го секој ден како да ти е последен. (Што за жал сите ја користиме оваа реченица, но никој не ја практикува)
     
    На fina erika, Dust, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    [QUOTE="Snowflake97,

    сите ја користиме оваа реченица, но никој не ја практикува)[/QUOTE]


    Е навистина е тоа чудно и неможам да сфатам зошто сме такви...на сите ни е краток животот а упорно го трошиме бадијала седејќи пред тв или висејќи на интернет:?:
     
    На fina erika и Rama им се допаѓа ова.
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    8.969
    Пол:
    Женски

    Е навистина е тоа чудно и неможам да сфатам зошто сме такви...на сите ни е краток животот а упорно го трошиме бадијала седејќи пред тв или висејќи на интернет:?:[/QUOTE]
    Не знам ни јас често сум се прашувала тоа, зошто сега додека лежам така без везе не направам нешто корисно, но после си викам ај бе има време за тоа. И така живееме во надеж и утеха дека имаме време за 'тоа' но еден ден ќе немаме ...
    Навистина сме чудни ние луѓето, доста работи ги знаеме како дефиниција за животот, но од тоа ништо не применуване. Чест на исклучоци.
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Реченицава ја сметам како мотивација и силна порака да го живееме животот без непотребни грижи и нервози. Мислам дека животот е навистина краток ако не знаеш да уживаш во него и ако секој ден си смуртен. Живот е таман за секој човек само што сами си го бираме начинот на живеење. Шо би се реко 'се сами си правиме'.
     
    На honest girl, baba Rada, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    53.999
    Пол:
    Женски
    Да, животот е краток кога сфаќаме дека секој ден може да ни е последен и секој ден се "движиме" поблиску до смртта, она кое е неизбежно. Колку што е краток толку е и непредвидлив.

    Мислам дека има голема вистина и големо значење во сите оние мотивациони пораки колку и клише да ни звучат. Еден е животот, краток е и е овде и сега. Фактот што е краток не треба да не' заплашува туку да не' мотивира да го искористиме најубаво што можеме. Треба да се стремиме да додадеме живот во годините, наместо години во животот. Дури кога ќе можеме да си речиме "Среќен/на сум со ваков живот" ама искрено, дури тогаш може да се речи дека живееме во вистинска смисла. :)
     
    На baba Rada и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Краток е.
    И 1000 години да живееме, пак малку ќе ни биде.
    Се' додека има крај... ќе биде краток.
    Затоа што не плаши смртта.
    Никој не сака да умре.
     
    На P.S.love, ane.bella, Cinnamon Bun и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.428
    Допаѓања:
    78.052
    Пол:
    Женски
    Јас па не мислам дека животот е краток. Имаме 24 часа на ден, 7 дена во неделата, 365 дена во годината, а животот трае во просек 70-80 години, во најдобар случај и до или над 100. Не мислам дека тоа е малку. Животот е краток можеби за оние кои не проживеале како што би сакале па на постари години мислат дека младоста им прошла брзо само затоа што не направиле повеќе, а можеле. А она што поминало не се враќа. Не е до времето, до човекот е. Важен е квалитетот а не квантитетот, за да биде човек задоволен. Има млади кои живеат со полна пареа и велат дека не им е гајле за смртта.
    На некои животот им завршил и порано, поради несреќи и болести, би можеле и во тој случај да кажеме дека животот бил краток за таа личност. Затоа, на нас останува само да не се сетиме прекасно дека треба да живееме.
     
    На Cinnamon Bun и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    [QUOTE="Bitter-Sweet, post: 4313872, member: 17054"Има млади кои живеат со полна пареа и велат дека не им е гајле за смртта.
    .[/QUOTE]


    Не се сложувам со тебе дека младите живеат со полна пареа, всушност незнам точно на што мислиш и што е за тебе ""под пареа"":?:

    цела младост ти поминува во учење и само учење, физичко, ментално...учиш за да можеш да се запослиш, да имаш свое парче леб, егзистенција, да створиш дом, семејство...само трчаш, брзаш и на крај...немаш сила веќе..немаш желба, немаш мерак, душата не издржува веќе..и сфаќаш дека животот отишол.:?:
     
    На Snowflake97 и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.428
    Допаѓања:
    78.052
    Пол:
    Женски
    Таква е узречицата @baba Rada :D Живот со полна пареа значи да се искористи времето максимално, во исполнување на своите желби, да го правиме она што го сакаме и што нѐ прави среќни, со други зборови, тоа е да се живее сонот, а не само да се сонува. Има млади кои си ја сакаат својата работа и уживаат во неа, имаат хоби, патуваат, постојано доживуваат нешто ново и така растат, во духовна смисла. Времето минува подеднакво и за нив, но барем тие зграбиле повеќе од животот па на крајот, во нивната старост, ќе речат дека не им бил животот баш толку краток, затоа што постигнале (речиси) сѐ што сакале, проживеале доволно. Ние сме научени на поинаква реалност, голем процент (да не вадам бројки од ракав) работат само за егзистенција и се жалат од работата, не си ја сакаат, не знаат да го исполнат времето и да го искористат на најдобар начин, часовите и деновите ги трошат во непродуктивни работи, живеат во рутина, не излегуваат од комфор зоната, самите се ограничуваат, времето е тоа што нив ги истрошува. Можеби има и некои авантуристи што сметаат дека животот е краток, дека им е малку времето, сакаат уште.
    Не сум јас од таквите кои проживеле дотолку многу, но сепак сум задоволна за овие 24 години. Не мислам дека ми летнале брзо, а притоа нешто да сум пропуштила. Таман ми е. :D За понатака ќе видиме. :D
     
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Знам јас убаво што значи работа под полна пареа Битерче, но знај дека не секогаш таа работа е со уживање, повеќе би рекла дека работиме под полна пареа во смисол на турбо, без одмор.

    Ограничена е младоста од сите страни за да може да живее така како што мислиш, само кратки моменти на среќа и опуштања од секојдневието не го прави ниту подолг и ниту пократок животот..
    Животот е краток затоа што сме врзани со време, секојдневно гледаме колку е часот за да не закасниме.....нели....обврски...:?:
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.