Сум имала периоди кога сериозно ми биле потребни повеќе од 24 часа на ден, тогаш денот ми бил краток. Е сега, интересно прашање е зошто тогаш денот ми бил краток и тие 24 часа малку, а другпат не. Еве и според одговориве погоре, интересно е зошто на некој животот му е краток, а на некој друг не, кога сите располагаме со истото време. Има нешто тука повеќе од само влијанието на времето, се работи и за некои други фактори.
Луѓето знаат да бидат доста контрадикторни. Кукаат како животот е прекраток, а по цел ден се излежаваат, гледаат серии или пак на некој друг начин си го губат времето. Животот е краток за оние на кои не им е досадно. Кој нема желба за живот, животот му е долг. Ретки се оние на кој му е таман.
Пријателе денеска од оваа генерација ако некој доживее 70-90 год алал да му е. Секој ден сме сведоци колку млади луѓе за жал прерано го напуштаат светов.
Јебига ..затоа викам треба да се живее максимално и со полна плуќа! Нема време за губење за небитни работи ... ионака пола живот го преспиваме.
Незнам како тоа мислиш дека луѓето се плашат да живеат..а и што има тоа врска со изреката - Животот е краток??
@baba Rada бидејќи луѓето немаат храброст и се плашат да живеат како што сакаат, цел живот така ќе им помине и ќе добијат впечаток дека животот е краток. Сигурна сум дека се сеќаваш како во мојот првичен коментар напишав дека рутината дава впечаток дека времето се забрзува, додека новите и уникатни животни искуства даваат впечаток дека времето се успорува; А што се однесува до стравот од смртта, иако тоа скоро кај сите луѓе е присутно, во овој случај, и покрај тоа што тие знаат дека водат неисполнет и монотон живот, сепак не сакаат нивниот живот да престане. И бидејќи имаат впечаток дека нивниот живот е краток и брзо поминува, тоа дополнително им ја нагласува вознемиреноста од смртта која ја чувствуваат, мислејќи дека истата е се поблиску и поблиску.
Животот е краток бидејќи живееме брзо, без одмор, многу ретко уживаме во убавината и ретко на душата му го даваме она што го сака, живееме по туѓи правила.Факт е дека никој не знае кога ќе му заврши животот ама треба да сме храбри понекогаш да ризикуваме, да живееме со полни гради бидејќи некои нешта се случуваат само еднаш и ништо не е погрешно ако тоа не прави среќни.
Како прво, животот не знаеме колкав би ни бил, па затоа не би можеле да речиме дека е краток па ни долг... Имено да, животот е толку многу краток, за да успееме целосно се да оствариме и дочекаме што сме замислиле/посакале и слично... но и животот некогаш ни изгледа толку многу долг, бидејки некои проблеми, чиниш, вечно како полжав се влечкаат по тебе. Прочитав, едно мислење „24 часа ми поминаа како една минута“ да секогаш е така, и тоа за чудење, но зошто? бидејќи во тој момент, едноставно секоја измината секунда е исполнета, умот ти е сосема на друго место, губиш ориентација за време, па така јас на пример лично, сум изгубил ориентација за време, што дури 3тиот ден, сум прашувал колку е саатот и кој ден сме што дури и кога ми го кажуваа времето не верував.. ама сепак тие моменти, ми беа пре исполнети, активни.. А пак за разлика, седиш дома, ништо не правиш една минута ти се чини 2 часа или она гледаш 15 и 30 е часот гледаш во часовникот после еден час, дошло 15 и 31 Сепак ке се задржам на еден мој закон... Животот е сепак краток, за оној кој многу добро знае да го живее A многу долг, за оној кој не знае да го живее...
Да бев паметен, може ќе кажев нешто ама @baba Rada, во право си. Животот краток, долг, изборот е илузија. Слободата за која што сите ние, а и јас, се бориме, е секогаш привидна. Ама ако, така треба и само напред. Луѓето обично се разочаруваат и се повлекуваат со сознанието, но не, напротив! Се сеќаваш на Форест Гамп - пердувот на ветрот... И така одиме некаде и истовремено всушност ветрот не носи некаде, каде и да е и колку ќе трае не знаеме, можеби.
Бабе, чичко Сенека рекол „Не е дека имаме малце време за живеење, него тоа што голем дел од него го трошиме на глупости“. Животот трае колку трае, а на нас е како ќе го искористиме времето што го имаме.
Остави го ти него што рекол, туку ти кажи што мислиш, зошто велиме дека животот ни е краток...или тебе можеби не ти делува така!??
Библиски гледано, Адам и Ева, живееле накај 900 години и умреле од цревобол и очобол, ако добро памтам. Потоа животниот век на нивните потомци се намалувал на 500 и надолу...
Оваа слика ја направив на Јадранско море пред месец дена. Баш прееска ја постирав на фб, а сега гледам дека имало и ваква тема Интересно. Животот е краток и затоа треба да го живееме мудро, бидејќи нема да имаме многу „втори шанси“. Подобро е да се поучуваме од туѓите грешки, за да не мора на своја кожа да учиме како не треба. Тоа од мене.
Животот е краток само за оној што не знае да живее - тоа е моето мислење. Должината на животот не е нешто што зависи од нас или нешто кое можеме да го смениме и нема поента да кукаме и да се жалиме за тоа. Од друга страна, како го живееме и на што го трошиме времето кое го имаме - тоа апсолутно зависи од нас и е нешто за што вреди да се размислува.
На голема жалост, познавав луѓе кои знаеа да живеат, но не знаеа и нема да дознаат дека умреле на спиење
Да секогаш го слушаме ова учи на туѓите грешки, но јас не се согласувам со тоа. Можеби одредени ситуации се слични, но не секогаш мора да значи дека таа ситуација ќе има ист 'крај'. А некогаш е подобро сам да се изгориш од огнот, за утре да знаеш каде не треба да пипаш.
Краток? Јас имам чувство дека веќе 100 години живеам. И дека децата ги имам 100 години. Краток не е, само колку и да трае, сакаме уште повеќе.