Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животот е краток

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baba Rada, 5 февруари 2019.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Е арно де. Сите некогаш некако мораме да умреме. Умирањето во сон според мене е најдобрата варијанта. :D
     
    На P.S.love, violetblue, Snowflake97 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...јас поинаку го гледам животот во сооднос со природата, а не според карактер, емоции и менталната склопка на човекот, порано животот бил пократок, поради побрза мутација која го терала организмот да даде подобро и поздраво потомство, затоа во дивина има ретко стари животни тие обично се јадат или погинуваат од природни несреќи, за разлика кај човекот кој често се носи со генетски варијаци кои не носат никаква корист и затоа тука на сцена стапува природна селекција со брзо старење,
    порано беше фантазија некој човек да доживее до 100 години, ама денес тоа е веќе реална горна граница на животен тек сметајќи дека човекот најдолго живеел во тек на 1980 година како најоптимални услови на живеење според напредок на технологијата и медицината, животот на тие што живеаат до/ во зелени површини е многу подолг, ефекти кон ментално здравје, навики, чист воздух, тоа е тој витамин што денес ни недостасува, Витамин П (природа)!

    [​IMG]

    но ако се гледа како просек на живот сепак е во горна линија и тоа во интерес на жената како подолговечна!
    ...но, се додека се грижиме за нешто што не можеме да смениме, се грижиме за тоа што не можеме да постигнеме, се грижиме за другите, а не за себе, претеруваме во храна, пијалок, пушење, сексуални хомо нагони и други пороци, тогаш се уклучува „тој чип“ во човекот кој со векови се пренесува за да се усоврши човекот за да би можел да даде идеален потомок и настанува остранување на ваква индивидуа со природна селекција, дали ќе биде поради нагло откажување на функциите во телото, дали ќе биде од невнимание што ќе привлече несреќа, важно тука имаме исчезнување, брзо стареење или краток живот!

    [​IMG] [​IMG]

    ...денес се смета дека човечкото тело е создаденo од природата да живее 115 години како нормален век на животот, секое скратување е според некоја причина, ако ја спознаеме на време и делуваме ќе ја доживееме оваа граница на долговечност, па макар било чудно на стогодишна возраст да се даде ново и здраво потомство што природата ќе го цени со поклонувајќи подолг живот на тие!
     
    Последна измена: 9 февруари 2019
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Поважно е дали тој живот е квалитетен отколку дали е краток или долг.
    Помеѓу интересен но краток живот или долг ама досаден што би избрале?
     
  4. sanji4444

    sanji4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Според мене животот е краток за тој што му се живее, на 90 години има луѓе што им се живее а има и на 20 што им е долг животот и не им се живее.
     
    На hermosa, Peperutce1115 и baba Rada им се допаѓа ова.
  5. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Златна е онаа: "Не е важно колку години си живеел, туку колку живот имало во тие години."
    Воедно ќе додадам дека животот е убав, но понекогаш околностите како што е меѓу другото и сиромаштијата, знаат да го направат и долг.
    Како и кога еден филм ќе заврши, сепак бил краток за оние што живееле со полн здив т.е гледале бајка или комедија, а долг за оние што гледале трагедија. Должината воопшто не се мери во годините, туку е повеќе метафорично :)
     
    На eliesaab, Snowflake97 и baba Rada им се допаѓа ова.
  6. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ..на тие 90 годишни што уште им се живее е виталност и ведар дух и здравје, а тие 20 годишни што им е долг животот и не им се живи кај нив е во пршање патолошка ситуација, психолошки проблем т.е. индивидуата не е во рамки на здраво размислување и не може да се спореди со виталноста и ведар дух на 90 годишници како размислуваат, но не се сите така има и 90 годишни што не им се живее што велат „заборавени се од Бога“ !
    ...човек кој е здрав и здраво резонира сака долго да живее, све друго е во група на здравствени проблеми со психолошка депресивна димензија!
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Некогаш е краток, некогаш долг и најинтересно е што никој не те прашува како ти се чини. Секој со своето.
     
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Се согласувам од збор до збор со ова.
    Не се плашам од краток живот (временски) туку од неисполнет живот.
     
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    12.392
    Пол:
    Женски
    Зависи од многу работи, моментална ситуација и околности. За мене е доста краток, ја ценам секоја минута и гледам да дадам значење на денот. Не дека до лани ми бил краток, ама сум мислела дека имам доволно време за сè. Е па сега не мислам така, се "цедам" буквално секој ден и максимално се посветувам на она што сакам да го правам.