Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Животот е премногу краток за читање лоши книги"

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Cinderfakinrella, 1 август 2018.

?

Дали се сложувате со оваа констатација?

  1. Да

    34 глас(а)
    61,8%
  2. Не

    5 глас(а)
    9,1%
  3. Секој труд вреди да биде прочитан

    12 глас(а)
    21,8%
  4. Сѐ уште не сум сретнал/а лоша книга

    4 глас(а)
    7,3%
  1. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ваквата генерализација е премногу остра.Не може да се затворат во рамка сите добри книги,или сите лоши.Некогаш се случувало на почеток да ми биде досадна книгата,а после да не можам да ја оставам.Сум имала и обратни случаи.Нормално,не секоја книга ми се допаднала и ми останала во сеќавање,или ми предизикала длабоки емоции.Денес,на светско ниво,во ова нечитачко општество,подобро е да се чита лоша книга,весник,списание,отколку ништо.Јас не ги следам тие трендови со нова книга,па мора да ја читаш.Повеќе сакам да најдам сама некоја книга и да ја прочитам до крај.Се држам до класиците,ама и чик литературата не ја одбегнувам.Во мојот опус има се,сум прочитала и добри книги,и лоши.Критериумот е индивидуален.Сепак,јас би рекла: Животот е премногу краток за да не читаш ништо.
     
    На Anomis11, Annath и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Како би знаеле дали е лоша книгата се додека не ја прочитаме? :wasntme:
     
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    O, за книги од Таневски, Лајла Грејс и Сузана Турунџиева, колку само да... :D Неквалитетна т.е. кич литература постои, за жал и доста е популарна кај нас - и да, не би трошела воопшто ниту пари, ниту време на таква.
    А книги што веќе сум почнала да ги читам - не оставам скоро никогаш, ги дочитувам колку и да не ми ги исполнува очекувањата развојот на дејството. Имало книги кај кои и покрај длабокото значење, содржината ми била до крај монотона - ама често и во доста познати дела воопшто не важи тоа правило за првите 30-40 страници, туку баш понатаму книгата сè повеќе импресионира.
     
    На Tanjamm, Natural91, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Јас попрво би рекол „Животот е прекраток за да правиме работи кои не ги сакаме“, а тука би го ставил и читањето на лоши книги. Дефинитивно би баталил книга ако оценам дека е лоша – можеби секој труд вреди да биде прочитан, но мене лично моето време ми е повредно. :D

    Од друга страна, со години наназад не ми се десило да не дочитам книга, ама тоа е затоа правам некаква селекција у старт – бирам книга на тема која знам дека ќе ме интересира или читам нешто ново од автор кој веќе ме бендисал – никогаш не се одлучувам да читам нешто целосно на рандом, без да знам ништо за писателот или содржината. Книжевни трендови не следам, појма немам што е на бестселер листите и искрено, не ме ни интересира. :)

    Инаку, кога веќе го спомна @Annath, да прокоментирам нешто и за Умберто Еко, еден од моите омилени писатели. Тој е ваљда единствениот бестселер автор кој активно се трудел да го обесхрабри оној тип на луѓе кои читаат само бестселери од читање на неговите дела – оттаму и неговиот фамозен „филтер“ до 30-тата страница. Филтерот инаку е тотално субјективен – мене на пример не ми била досадна ниту една негова книга, без разлика дали е пред или после 30-тата страница, но тоа е затоа што ми се свиѓа стилот на пишување и темите кои ги обработува. Ама сепак ќе речам, дефинитивно не е за сечиј вкус. :)

    На крај ќе речам дека „добра“ и „лоша“ книга се целосно субјективни ствари – у прашање е вкус и лични преференци, ништо повеќе од тоа. Ќе се сложам и со @toogood дека класиците не треба да ги подигаме на некаков си пиедестал – нема ништо лошо во тоа човек да прочита некој класик и отворено да рече дека не му се свиѓа, и класиците, како и сите други книги, не би требало да бидат имуни на критика.

    Ама за да човек знае што сака и што не сака да чита, што за него е добра, а што лоша книга, прво треба да прочита доволно за да оформи сопствен вкус.
     
    На Annath, sonuvana, Cinderfakinrella и 6 други им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски

    Ти си навистина премногу умно створење...браво.. Морав да го пишам надојденото воодушевување откако те прочитав...стварно алал да ти е.
     
    На Cinderfakinrella и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Немам навика да оставам книги на пола, па дури и ако се "лоши" ги читам до крај.
    Нема лоши книги, се зависи од тоа што преферираме ние. Затоа не слушам многу туѓи препораки, сакам сама да се уверам дали се многу лоши. :D Така да делумно се согласувам со ова ама и не толку многу, лоша книга е до некаде индивидуално.
     
    На Snowflake99 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Да не должам многу и одолговлекувам на темава штиклирав секој труд вреди да биде прочитан.
     
    На Snowflake99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    12.627
    Порано читав и лоши книги. Сега сум решена да читам квалитетни дела. Ако зајмувате од библиотека, знајте дека индиректно билдате рејтинг и читаност на неквалитетот ако земате било што.
     
    На Snowflake99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.444
    Допаѓања:
    24.942
    Порано водев инает и ги дочитував и тие што не ми задржуваа внимание и на крајот, секогаш се покајував што си го потрошив времето на книга што од старт сум забележала дека не ми се допаѓа. Одамна веќе престанав да го правам тоа, ми нема логика, поарно ќе се обидам со друга книга, која е поентата упорно да читам нешто што не ме интересира?
     
    На Tanjamm и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  10. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    7.546
    Пол:
    Женски
    Ако некоја книга ептен ептен не ми се свиѓа, ја баталувам. Вака ги дочитувам обично.
     
  11. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Женски
    И да се лоши пак ги читам,зашто никогаш не знам што ќе се најде на крајот.
     
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Пребирлива сум, не читам се и сешто. Се познава неквалитетна книга по стилот на пишување, таквите никогаш не сум ги задржувала во раце.
     
    На Aнонимус_ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.259
    Така е.Доколку некоја книга не ми се допаѓа(здодевна ми е,не е мој стил,премногу е клише приказната)вообичаено ја прекинувам и преминувам на следна.Зашто би се измачувала? Книгата треба да се голта,да се чита со полна пареа,внесено...Да те одведе во друг свет..Да те натера да заборавиш на се останато и да се почуствуваш како да си на место на настанот каде што се случува дејството во неа.:hai: