1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животот на Пи (Life of Pi) [2012]

Дискусија во 'Филмови' започната од strawberry06, 24 декември 2012.

  1. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Мене лично ми се допадна. Филмот беше многу убаво снимен со прекрасна приказна за едно пријателство меѓу тигар и едно момче по име Пи кое по несреќата на брод станува заедничка борба за опстанок.Овој филм е еден од моите омилени :D
    http://www.imdb.com/title/tt0454876/
    [​IMG]
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. popins

    popins Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    245
    си купив карти за утре па ке видиме. Утре е последен ден на прикажување
    според ИМДБ има рејтинг 8,4 што е топ за еден филм.
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.963
    Прекрасен е! 2 часа поминати како 15 мин. ФИлмот има прекрасни 3Д ефекти од кои запира здивот и што е поважно, многу силна животна порака.
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    И мене ептен ми се допадна, не осетив кога поминаа два саати, а и нонстоп бев на штрек што ќе се случи следно :)
     
  5. popins

    popins Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    245

    филмот ме остави без здив. Навистина вреди да се одвојат два саата и да се изгледа. Многу чудно но вистинито е тоа дека цела сала беше понлна, до последно место и многу цивилизирано помина филмот. Нит моб збонеше нит збореа гласно нит нишо.
     
  6. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Може ли некој да ми каже од колку саат игра и каде и кои денови?
     
  7. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    @deedee0 Не знам дали уште го прикажуваат во Синеплекс, а сигурно е на репертоарот на Милениум.

    Филмов е нешто различно од веќе видените холивудски продукции - спој на борбата за опстанок, вербата во Бог и негубењето на надежта. Ме воодушеви како Пи ја пренесува приказната, неизвесноста (не знаете што ќе се случи следно, добро освен дека Пи ќе преживее), пријателството со Ричард Паркер, и сцените што буквално го одземаат здивот..

    [​IMG]
    Вреди да се погледне!
     
  8. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Игра во Милениум во 20 часот.
     
  9. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Колку може да се мисли за овој филм.
    Првиот дел ја даде насоката( приказната за малиот Пи) убедливо повпечатлива а борбата за опстанок и не/пријателството( всушност стравот од тигарот) ја заокружува приказната.

    Колку Пи е интелегентно дете, сепак нему му е даден избор. Во многубожни земји како Индија не е чудно прифаќањето на различна од изворната( стекна та по раѓање) вера да си го најде правецот. А тој толку убаво со очи на дете невино и искрено ја долови суштината на секоја религија.

    . Не е тешко да се сфати дек Пи е трагач.Љубопитството за да се разбере нешто поинакво од своето го одведе до таму да го прифаќа секој Бог кој побудил нешто во него. Не верува слепо, постојано прашува , бара и пронаоѓа одговори и како по некое непишано правило убедувањата што ги стекналкако дете успева да ги одржи и како повозрасен( инстиктивно кога реагира на очите не тигарот инеговата определеносткако инду католик кој подучува кабала) Можеби Пи е одговор на некои наши дилеми, ги сакаме истите нешта но не секој оди по истиот пат и на истиот начин. Тој ја запознава верата во Кришна,љубовта преку Исус и чувството на заедништво преку Алах. Неговата будност и способност на проникливост го прават посебно дете се до моментот кога ја губи смислата, откако ќе ја добие највреднта лекција од таткото: дека тигарот не му е пријател. Подоцна тоанешто ќе му го спаси животот но и ќе го потврди неговото инстиктивно спознание.
    Колкава е верата на Пи во тие бурниводи кога ќе мубиде одземена фамилијата,дали и како Бог ќе му помогне, има ли смисла да продолжи, се става натест верата но и сомнежот во такви тешки ситуации.
    За секоја пофалба што филмот е толку комлетно направен што не штрчи одникаде, разбирлив, гледан од позиција на дете а истовремено дава јасен и длабок увид на религијата што решава некоидилеми и на крај ти дава да одлучиш во која од приказните ќе веруваш.
    Во што верувате е ваш избор.
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Моето воодушевување од филмов е обратно пропорционално од минималните очекувања и скептичноста која ја имав пред да го пуштам. :)
    А зошто бев скептик, немам поим.

    Како и да е, филмов прикажува една несекојдневна приказна.
    Пи има страшна судбина со која треба да се соочи, а згора на тоа и да се погрижи за тигарот, Рирард Паркер.

    Иако Ричард Паркер е прикажан како доста страшен, тој ги симболизира животинските инстинкти на Пи. Надвор од чамецот тој мора да прави некои работи за да остане жив кои би биле незамисливи во неговиот нормален живот. Иронијата се состои во тоа што токму присуството на Рирард Паркер му помага на Пи да остане жив.
    Реално, поголем процент од луѓето доколку би се нашле во иста ситуација би си помислиле дека нивниот опстанок е далеку поважен од оној на тигарот. Во оваа приказна тоа не беше случај.
    Всушност човечноста на Пи не само кон ова животно, туку и кон зебрата и хиенаста, најпрво стравот, потоа потребата и на крајот можеби љубовта јасно го покажува неговиот карактер и тоа е она коа ве тера толку да се соживеете со ликов и да сакате да дознаете како ќе заврши неговата несреќа.

    Изобилството на метафори е неизбежно во дискусијава.
    Според мене, чамецот на Пи ја симболизира надежта, а сонцето и морето се метафора за суровата реалност во нашите животи која ја тестира нашата надеж. Островот на некој начин е религијата. Затоа често се користи репликата - ти самиот бираш во што ќе веруваш.
    Иако религијата е таа која може да ни помогне да застанеме на здрави нозе, да се стабилизираме духовно и внатрешно на краток рок, не може да се смета како остварлив долгорочен одговор на нашоте ,,спиритуални, духовни, религиски‘‘ прашања. Таа е онаа која ќе не убие ментално и духовно.
     
  11. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Ретко кој би преживеал во таква ситуација. Мене ме изненади што му падна на памет да го храни тигарот кога остана без храна. Секако дека Пи ќе беше следен ако не му даваше риба. Филмот на крајот ме потсети на Sutter Island кога приказната излезе сосема различна од таа што ја раскажуваше Пи. Воопшто не очекував така да се извртат работите.
     
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Убаво изработен филм. Но мене некако не ме задоволи. Ми немаше некоја голема и реална приказна. Знам дека ќе ме нападнете, дека на сите ви се допаѓа ама мене не ми беше ништо посебно.
     
  13. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Мене ми се допаднаа и приказната и ефектите. :)
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас малку поинаку го разбрав филмов, барем поинаку од коментарите што ги прочитав овде...

    На целата ситуација не гледав како на љубов и пријателство помеѓу Пи и тигарот, туку гледано од моја перспектива тигарот е всушност борбата за живот на Пи.
    Пи е тигарот.
    Затоа на крајната сцена вели дека кога морето го фрлило на брегот и кога успеал да се спаси, тигарот заминал во џунглата и никогаш повеќе не го видел.
    Всушност, тигарот (и сето она што немилосрдно го направи) ја симболизира нашата борба за живот и сето она кое сме спремни да го направиме за да преживееме.
    Ми отвори многу филозофски и морални прашања целата приказна и не знам кој како го разбрал, ама филмов дефинитивно не е само една обична приказна за преживување на момче и неколку животни.
     
    На Name, Edie.S и 1209 им се допаѓа ова.
  15. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Многу здодевен филм (барем за мене) :) и не можев да го догледам, па така го исклучив и немам идеја што се случило понатаму. :?:
     
  16. Sandokan123

    Sandokan123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    7
    WHY ARE YOU SCARING HIM???? :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас се чудам кога некој ќе каже дека филмов бил нерален. Па да де, како може да е реален? Која ви е таа реална ситуација? Како прво некој да се најде во таква ситуација ќе умре од топлина и дехидрација или можда од паника, па нема ни да му текне да се спасува или да живее со тигар, мајмун, зебра и што уште не на чамец. Нема врска, тоа не е тема на муабетот овде.
    Мене ми се допадна многу. Најпрво ме воодушеви приказната и идејата за едно вакво дело, а потоа и симболиката.
    Филмов има одлични ефекти како и пејсажи од кои застанува здивот.
    Љубовта кон животот и инстинктот на преживување ќе ги научи Пи и Паркер да се обидат да научат да живеат заедно. Можеше едноставно да го убие или да го натера да скокне од чамецот и да не му дозволи да се качи, а сепак останаа заедно до крајот. Односно додека Пи не стапна на земја и не си отиде по повикот на дивината.
    Јас цело време си мислев дека ќе ги начека некој брод па ќе го спасат Паркер, а тигарот ќе сакаат да го остават... Цело време сакав да стекнат доверба и љубов меѓусебно и тигарот да го засака Паркер и баш ми е жал што тоа не се случи туку се изчезна во мигот кога стапнаа на копно.
    Несекојдневна приказна.