Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животот не е само кафе и журка

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од mirror1, 6 март 2015.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Како што напишала форумџиката што ја отворила темата Животот не е само кафе и журка
    ама оти видов дека уште оди на училиште ќе и кажам - додека сте мали а посебно средношколци животот баш е тоа, кафе и журка.
    Најубавите времиња ми беа тие кога пред училиште и после училиште ќе се соберевме на кафе па лупавме глупости па се зезавме, па некогаш ке избегавме од час. И секако единствена преокупација ни беше каде ќе излегуваме викендот и што ќе облечеме.
    Тоа беа времиња кога единствена обврска ни беше да ја научиме лекцијата за утре. Ни работа ни сабота.
    Инаку кога ќе почнете со работа нема време за кафиња, некогаш ни по едно а не по два пати. Обврските и годините си го прават своето, затоа дечки уживајте дури можете.
     
    На karak, T.e.d.d.y, anina и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Животот најмалку е кафе и журка. За жал. Исто така за жал, најголем дел од оние кои напишале на темава, дале осврт на друг проблем, не на оној за кој пишува воведниот пост, ама добро.

    Значи, животот се состои од мачна и напорна работа, од трпење шефови и газди, од штитење од сопки од колеги, „пријатели“ и непријатели, од работење нешта за кои апсолутно не ни е гајле само за да обезбедиме профит, од погазување на сопствените правила и принципи зашто мораме така пред истите правила и приниципи на другите да нè прегазат нас, од секојдневна борба со болести, проблеми, ужаси, сешто.

    Оние кои на тато и мама ги трошат парите, тато и мама ги чуваат и пазат, им даваат за кафе и журка, нека причекаат кога тато и мама ќе умрат. Освен ако немаат среќа да фатат дечко или девојка која ќе ги третира како да им е родител и да продолжи принципот, ќе видат како наеднаш животот ќе ги удри со пегла по лице и ќе им остави флека како оние малите булдози. Исто како нив и ќе се лигават во неверување кога ќе сфатат колку животот не е само кафе и журка.

    Сепак, во целиот тој хаос, ако човек не најде уживање и среќа, ќе полуди. Повремено тоа кафе и журка или дружба на форум во најмала рака, е неопходно и секој мора да најде начин и пат до забавата во животот.

    п.с. @mackica1 - секоја чест за постот. Совршено напишано и целосно се сложувам со кажаното.
     
    На Tanjamm, SnowWhite8, WarriorAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Во прашање е да го живееш животот на начин што според тебе е прифатлив и исполнителен. Ако тоа е пиење кафе и журки додека можеш, тоа е животот за тебе, ништо лошо во тоа.

    Другиот фактор е степен на интелигенција. Ако после средно и факултет си доволно надпросечен, можеш цел живот да го поминеш без поголеми проблеми, шефови, газди, стресови. Околу 1% од луѓето во светот го живеат тоа, зошто да не се надеваме и ние ;)
     
    На eliesaab и tessie им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.626
    Пол:
    Женски
    Да, реалноста секако е далеку од тоа дека животот е исполнет само со уживање, но... не гледам никаков проблем во одвојувањето време за моменти кои не` оттргнуваат од сето тоа сивило од проблеми на секојдневието со кое се соочуваме. :)

    Посебно за средношколскиот период (во кој гледам дека се наоѓа и девојката што ја отворила темава), не велам дека не треба да бидеме свесни за суштината на животот и да размислуваме за иднината, но нормално е што повеќе да се искористи во активности кои лично не` исполнуваат. Тука секако не мислам само на кафе и журки, туку и на книги, филмови... се` зависи од индивидуален карактер на личноста и расположение во конкретниот период.
    И мислам дека во никој случај, без разлика на возраста, никој нема право да оквалификува некого како несериозен или површен поради начинот на кој го исполнува своето слободно време, ниту пак да суди за нечија личност според истото (секако, освен ако тука не се подразбира кршење на некои основни морални норми).

    Така да - ваш живот, ваше време на располагање, исполнете го колку што можете со она што ве прави среќни и исполнети... it's just as simple as that :)
     
    На sparklie, zalosna, LaraSolare и 4 други им се допаѓа ова.
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Mozebi na nekoj zivotot mu e kafe i zurka, no pazite da ne preterate pa na kraj da premine vo prikaskata so sturecot i mravkite.
    PS Obavezno na kraj ke vi bide krivo koga ke vidite deka nisto ne postignavte dodeka ostanatite rabotea na sebe; obrazovanie, rabotno iskustvo, nacitanos.......
    Good Luck
     
    На Tanjamm, Rama и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Ако вонземјани слетаат овде во некоја пустина и најдат таму некоја вилушка, можеби ќе помислат дека тоа е еден вид оружје. Може да помислат дека тоа е антена или средство за цртање по песокот во пустината и сл. Но кој може да им ја каже вистинската цел и смисла на вилушката? Се разбира, тоа сме ние луѓето кои сме ја создале таа вилушка и знаеме зошто сме ја создале и можеме да им објасниме и како се користи нели? :)

    Епа слично, сите ние можеме да си имаме различни сфаќања за и околу целта заради која постоиме и за смислата на нашиот живот и за тоа ако и зошто треба да живееме. Но мислам дека целта и смислата на животот ја одредува оној кој го создал животот, а тоа е Создателот - Бог.
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Samo ti ostaj gi rabotite na gospod, pa da vidis kade ke stignes.
    Cao nie otidovme.
     
  8. Arwen15

    Arwen15 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Секој различно си го осмислува денот,а со тоа и животот.Има два типа на луѓе:
    Првите пијат секој ден кафе и секој ден си го прават да им биде журка и не чекаат со душа да дојде викенд...тие ги нарекувам безделничари.Целата таа монотонија еден ден ќе им се смачи и ќе сфатат дека многу пропуштиле.Ова го зборувам затоа што сите сме свесни за фактот дека има девојчина кои на 15-16 години одат во ноќни клубови опкружени со двојно постари од нив и остануваат до раните утрински часови.Секогаш се запрашувам што ќе прават кога ќе бидат студенти и кога сето тоа ќе им биде досадно.
    Другите знаат како да си го исполнат денот на корисен начин си имаат обврски и не се "кафосват" секој божји ден,a на журките си поминуваат убаво затоа што не им се толку чести.
    Сосема се согласувам со темата дека животот не е само кафе и журка затоа што има многу побитни работи на кои треба да се посветиме,но не треба и во целост да се изолираме туку можиме да си дозволиме и кафе и забава но тоа да биде ограничено,ни премалку ни премногу затоа што така би се одразило негативно.:)
     
    На Sunshine.Sunshine и toogood им се допаѓа ова.
  9. bussines-woman

    bussines-woman Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Животот и годините самите по себе си носат одредени обврски, навики, рутини, журки, непреспиени ноќи, жртвувања...се во свое време :)
    Нормално е во средношколските денови многу повеќе да се журкаме, да си посветуваме повеќе време на себе и на пријателите, затоа што и обврските ни се помали, но затоа во подоцнежните години треба да се посветиме на семејството. Меѓутоа убаво е се да биде во границите на нормалното - не оправдувам излегувања 5 денови во неделата и „даска“ пијан во 4 од нив (доколку мислевте на тоа со самиот наслов на темата)...тоа пред се не е хумано за самиот себе, а потоа и за родителите кои знаат само да ги отворат паричниците и толку. Во врска со последното, секој со можностите, како што велат „Пушти си ги нозете колку што ти е долга чергата“...значи познавам деца-адолесцентни чии родители врзуваат крај со крај а они трошат пари како да заработуваат 1000 евра месечно, но и обратно - родителите се со одлични примања но децата се скромни. Тука сакав да се надоврзам на еден мој став што сакав да го споделам на самиот почеток. Секој е слика на својот родител или влијаел многу додека го градел својот живот. Ако родителот го сфати животот како „журка и кафе“, детето има од кого да учи.
    Јас сега сум во фаза на градење на сопствен дом и оформување семејство. Јас и мојот вереник, со ОГРОМНА помош на нашите родители, го средуваме нашиот дом. Само пред 2 години ние секој втор ден одевме на кафенце и пица, но денес, при сите тие обврски и трошоци, и 3 пати месечно да излеземе сме задоволни. Но ние не сме помалу среќни од тогаш кога постојано го вртевме лажичето во кафето, сега сме уште посреќни затоа што за некој месец ние ќе имаме свое катче, топол дом.
    Да сме живи и здрави, ќе дојде ден кога 90% од денот ќе треба да го посветиме на некое детенце кое постојано ќе прави неред по дома :) Тогаш тешко дека ќе има време и простор за журки како во младите години. Затоа совет од мене: уживајте во моментот со тоа што го имате, искористете го своето време најдобор што можете и правете ги работите што ве усреќуваат, но се да биде во нормалното. Не се живее само денес, ќе се живее и утре и наредниот ден, и денот потоа.. ;)
     
    На Sunshine.Sunshine, toogood, Arwen15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Јас немам ништо против луѓето што сакаат кафе и журки. Реално тоа се млади луѓе што имаат време, и баш тоа време посебно средношколските денови се за забава.Тогаш се слават родендени на големо, матури, седенки, кафиња секој ден...

    Јас кога бев средношколка се сеќавам излегував секој ден на кафе а за вечерни излегувања кај нас почнуваа од среда имаше свирка во еден кафич до 1, а после од четврток до недела си работеа и дискотеките до 4-5. И еден ден не сум испуштила, некогаш ќе дојдев 5 саат дома не спиев се спремав за во школо ако сум од сабајле.Вежбав редовно, бев дел од театарски претстави, баш правев се што ме исполнува во животот и драго ми е што немам за што да жалам пошто сега како немам време кога би го направила тоа со тој интензитет повторно? И нормално дека трошев пари на мама и тато.Што има лошо тука нивно дете сум на комшијата ли да му ги дадат? Не ми е јасно како може некој да си дозволи да се грижи за туѓ џеб.

    И еве ме сега на факултет кој патем не знаев дали воопшто тоа да студирам па супер ми е, не ми е лош ни просекот,си полагам на време, па тоа што сум била збунета на 18 години ме прави ли нешто полош студент од другите? Одлична ученичка бев и нормално беше дека ќе запишам факултет, ај сега сите што не сме знаеле што да запишеме да застанеме тука, нормално дека ќе се истражува човек себе си, да не ми одеше ова ќе прекинев и ќе запишев нешто друго.Нормално дека има сега милион факултети приватни кои секој може да ги заврши и имаме презаситеност од факултетски образовани кадри ама тоа е друг проблем.

    Како созревав осетив и потреба сама во животот да заработам нешто, да се осамостојам работев некој период и пак би работела кога ќе дозволат обврските да можам. Значи ништо не треба да се фаќа здраво за готово и одма да се генерализира,не сме ние Америка со милион можности за пола работно време за средношколци и студенти па сите у средно да може да работиме, реално у средно со секој ден што треба да одиш на школо ретко ретко кој работи кај нас.Како и што разбирам дека некој со магистратура или докторат нема да сака да работи за 8000-10000. Некој може би некој не,не е ни моја работа.Кој сака журкање и кафе и на сето тоа е млад и имам време од мене има зелено светло,после со факултет, работа, па фамилија, деца сигурно нема да шета секој ден.:D
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Super, super sve, samo da dodadam deka treba i da se uci. Ako nemas dobri oceni vo sredno, zavrsuvas vo bezdna.
    Sto znaci denes covek bez kariera, nenacitan...Toa se gradi od mladi godini. Ednas ispuste voz e ispuste, nazad nedoaga.
    Ne bi trebalo da se cudat zasto ne pripagaat vo toj opstestven sloj.
    Obicno; zosto tamu se tie so kariera, poznavanje na jazici, nacitani...Ne e ova nesto sto ke reces, nema problem od denes ucam, citam, ucam jazici. Dali mislat decata (srednoskolci ili...) deka tuku taka toa se postignuva. Ne. Ostanatite ne spiat tie sekogas ke bidat dva cekora ponapred.
    Kaskajki pozadi na kraj mnogu mladi se otkazuvaat.
    Zivotni Golovi mora da ima sekoj i da raboti na nivno ostvaruvanje.
    Umiraat vreminjata koga roditelite ke mozat da pomagaat, rabotodavcite barat kvalitet.
    Kvaliteten zivot e samo balansiran zivot.
     
    На Tanjamm, bussines-woman, Bridget и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Животот не е само кафе и журка, може да биде и пливање, тенис, било кој спорт, свирење гитара, клавир, учење што повеќе странски јазици, читање стручна литература, патувања... Не значи ако не е кафе и журки тогаш треба да е дремење дома на нет по цел ден. Јас барем така ја сфаќам темава, од толку многу работи со кои еден млад човек може да се преокупира, да најде задоволство, лично да се надгради, тој да одбере 2, 3 или повеќе часа во денот редовно да пие кафе со пријатели. Било која работа да ја почнеш, нешто ново да научиш, толку време да посветуваш колку што ти оди на висење бесцелно со друштво (затоа што "се нема" попаметна работа и млади сме, што друго би правеле???) би било многу покорисно ама ете, кој да ги пропушти најновите озборувања. Сега имам желба за многу работи, жал ми е зошто не научив пример да свирам на гитара, зошто наместо квалитетни ствари сум минала време во читање на романтични срања и сличнo. Сега немам многу време ама малку да ми потпорасне детето ќе си најдам некое хоби, нешто што ќе го работам со страст, ми фали тоа искрено.
     
    Последна измена: 11 март 2015
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Никој никогаш не рекол дека е лошо одењето на кафе и сл.
    Туку дека има и други работи..!!!

    Најжалосно ми е што многу млади луѓе секој ден се преокупираат дали имаат со кого да појдат на кафе, што да облечат и да се видени, а не им текнува да бараат работа, да читаат огласи. За второво немаат време.

    Потоа, дел од младите кои се вработени после работа одат директно на кафе (кај многумина владее оваа пракса), а кога одат дома чекаат наготово да ручаат што им спремила мајка им (или свекрвата) и потоа се оптегнуваат пред тв да се одморат, а друг сеуште им ги плаќа сметките и им чисти по нив.

    Трета група се над 30год. претежно мажени и женати кои направиле деца ради реда и друг им ги чува и воспитува, а тие се однесуваат како тинејџери.

    За вечерните журки, жално ми е што многу млади наместо да гледаат малку да спортуваат, да одат во природа, тие се растегнати како гума (од екстремна физичка неактивност) и главна преокупација им е да облечат минич и да излезат навечер, а другиот ден цел да го преспијат.
    Оние стари ергени кои висат по шанкови и само зјапаат се друга категорија.

    ~~

    Значи, не велам дека кафе муабетот е лош, напротив човек треба да се релаксира и да се одмори, но во нашава држава ем се нема пари, ем сите мора да појдат на кафе, во спротивно болни ќе легнат дома.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.768
    Сите сме поминале низ КАФЕ И ЖУРКА да не се правиме мудри.
    Период од живот е тоа, тинејџерство кое сме го вкусиле сите.
    Доага наеднаш, еуфорично е и кратко трае, се на се, 2-3 години...после проблемите си го нисат своето
    Е сега..
    ..постојат и луге што и после се однесуваат како да животот постои за кафосуење и журкање, ама се бројат на прсти и меѓу народот се познати под име ПАРАСПУРИ.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Зависи од самиот човек.Журка?Јас сум од стар тип ,журка во мое време се организираше по куќи и станови,овие журки во денешно време не се ни налик на оние топли,искрени.Журките по кафиќиве без личен печат каде што се гледа се низ призмата на облеката и парите за мене не се забави,туку длабоко себични и егоистични собиранки.Можеби и сум вон времето ,кој знае.

    Кафенисувањето сме го имале сите,во мое време беше дремењето во слаткарници,сега по кафиќи.Тоа е одреден период од животот кога немаш некои големи проблеми.Со годините тоа се губи,барем кај сите нормални.Е сега има некои кои остануваат заглавени во некое минато време и секојдневно по неколку пати ги вртат пластичните лажички од кафе во уста.Ќе платат една тура ама гледаат да се изгребат за уште 3.
    За нив тоа е живот,за мене не е .И тоа е таа различност.
    Кога размислам овие поубаво си поминуваат во животот.
     
    На zalosna и mackica1 им се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    За мене кафето и забавите се само награда. Поголем дел од времето за жал моментално го посветувам на учење работи што нема да ми требаат во животот, ама мора да се учат. Луѓето што секој ден си излегуваат на кафе и што не се занимаваат толку со учење се посреќни. Ако може да се најде некој баланс мегу учење и одење на кафе како награда за успехот така според мене е најдобро. :)
     
  17. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Јас тука не гледам проблем,па вие сте во тие години,зивотот воопсто не е само кафе и зурки,али се во свој период...enjoy girl;)
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bussines-woman

    bussines-woman Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со кажаното! Особено за јазиците. Учете, учете и учете странски јазици, знајте најмалку 2. Доаѓа време кога познавањето на странските јазици претставува отскочна даска во кариерата. Немора да посетувате курсеви и да плаќате по 1000 денари месечно, туку искористете го продуктивно времето додека седите на интернет - има многу добри страни за учење странски јазици :)
     
    На toogood и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Значи, петок е, киднаа другарките од часови и отидоа на кафе без да ја викнат. Стравот дека и за викенд ќе излезат без да ја викнат, и седнува момето, се зачленува на фемина да ги оговара малку, макар можела само да се „испука„ ама ајде нова тема. Па филозофии па паднале. Не е кафе животот, нели компот беше?
    :drunk:
     
    На tessie, Captain-Omni, LaraSolare и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Бидете активни и паметно искористете го времето. Учете затоа што тоа ќе ви се врати со успех. Блиска другарка со која секој викенд по 2 пати пиевме кафе по дома заедно, велеше дека добри оценки не се потребни затоа што родителите ја разгалуваа. Сега е мажена со дете, сопругот никаде не работи , а таа со мизерни 7000-8000 кои и доцнат издржува куќа и ќути. Работи во фабрика и многу и е мачно. А како девојче беше главна типка во друштво затоа што се фарбаше, шатираше, пеглаше често, пушеше цигари. Успехот се гради постојано. Исполнете го времето со корисни работи.