Животот е кафе и журка во одреден период. Е сега тој период некој го мине на 15, некој на 20 а некој подоцна но освен кафињата и журкањето до рано утро гледајте да си ги вршите и другите обврски.
Учи, биди школована, па времето ќе доаѓа за журки и кафиња, но без претерување како што остаруваш ќе имаѓ помала желба за журки и кафиња после 45 некаде отприлика.
Животот воопшто не е кафе и журка. Животот е да работиш, да си имаш пари, средства за егзистенција за себе и за семејството. И да створиш децата, да се продолжи лозата. Ете тоа е животот.
Фина тема за дискусија само пошто сега немам многу време (ќе излегувам на кафе за 1-2 часа ) ќе одговорам пократко. Како прво се согласувам со насловот на темата, така е! Не е животот само кафе и журки, ама не е ни само работа, значи најубаво е 50:50. Јас последниве 2-3 години сум повеќе посветен на работата што мислам дека е и ок за тип на мои години кој е сега во тој период кога ствара капитал и застанува на цврсти финансиски нозе, но... само работа знае и да дојде преку глава, така што издувен вентил е неопходен без разлика дали е прошетка, кафе, журки, секс итн. Во секој случај тие што работат знаат како е кога работиш и се заморуваш, па и не ти е многу до кафе и журки сакаш само да се одмориш и изнауживаш. Порано и јас бев бадијалџија кога бев без работа, но тоа е сосема разбирливо со оглед дека бев студентарија и мизерија. Е тогаш повеќе сакав да одам на кафе и журки и покрај тоа што имав помалку пари отколку сега, види иронија. Веројатно времето и годините си го прават своето па некои работи не ти се толку интересни кога ќе “подостареш“. Од друга страна не ги сфаќам тие што се по цел ден на кафе, од сабајле па до вечер од едни кај други гости и секој ден така прават “турнеи“. Тоа е можеби интересно еден ден, ама не секој или секој втор ден во неделата. Или е нова мода или некој има премногу слободно време.
Животот е таков каков што ќе го осмислиме. Журка, кафе или обврски... Балансот е најдоброто можно решение за да не почувствуваме дека приоритетот си има своја цена која порано или подоцна се одразува на секојдневниот ритам.
Јас не сум човек што многу оди на журки и по кафичи иако сега ми е времето што се вика ама не ми смета ниту пак мислам нешто лошо за оние кои почесто одат. Многу сум против она кога луѓето го сведат животот на тоа без разлика на која возраст се ама сепак секој си знае што сака никој не одговара за туѓ живот, а јас сметам дека времето во младоста треба да се помине повеќе во личен развој и градење идентитет, а помалку во забави што не значи дека воопшто не треба да се забавуваме
Јас пак , сакам и работа и журки и кафиња , али секако не претерано . Би излегла еднаш во месецот на журка на пример , не повеќе . Кафехолик сум , така да не ме чепкајте таму . Работата е неопходна да се има . Не само поради пари , туку и за здравје е малку корисна . Јас ќе полудам во ѕидовиве , да имав работа сега , ќе имав и пријатели , и ќе сменев прострор .
Нормално дека не е само кафе и журка. Стопати го имам слушано изразов и никогаш не пробав да ги сфатам луѓето што лабаво си го живеат животот. Не мислам дека постојано треба да сме во некоја трка по нешто или сами да си наметнуваме стрес, но дефинитивно е потребно вложување за понатаму животот да добие еден облик и значење.
Тој што го бива за кафе и журка го бива и за работа и/или учење. Тие што се флегми, ги мрзи да одат по журки, да бараат пријатели, да научат нешто ново. Ретко ама баш ретко постојат луѓе што само за кафе и журки ги бива и само тоа ги интересира. Тие на Факултет што бевме повеќе по забави, но сепак солидни студенти, најдовме подобра работа од штреберите што само учеа. Тие пола асоцијални, ќе влезе на работа ама не знае ни со колеги да се понаша, сите му сметаат или му се смеат. Од лично искуство луѓето што најмногу ми помогнаа да влезам во светот на бизнисот и да водам проекти ги запознав како студентка работејќи на шанк. Сега сум бремена и не се откажувам од забави, а 32 години сум. Дури не ми дојде стомакот до заби, ако дозволува Короната ќе шетам.
Не е. Ама не е ни 24/7 учење и никогаш не би и се восхитувала на такви персони. Животот е разноликост, баланс и се во свое време. Работи кои ќе се паметат до последниот ден. Така да, колку и да не е САМО кафе, не е ни САМО учење.
Темава од нафталин сте ја извадиле За мене животот е сѐ и кафиња и журки и работа, зависи кој прашува… Многу често ја користам работата како изговор кога не ми се оди некаде или со некого, но всушност во душата сум “кафе и журки” но само со одбрани луѓе.
Животот Е кафе и журка. Хедонизам на најјако. Пратете тука една виртуелна пура да покажеме како се гувее.
Некои денови е кафе и журка, други нешто сосема различно. Зависи од околностите, зависи од периодот, зависи и од нас самите. Но дефинитивно сите имаме потреба од забава и опуштање и тоа не треба да го сфаќаме како нешто излишно или дури лошо.
Ми фалат деновите кога животот беше кафе , журка и работа , со коронава се смени на работа и дремење пред компјутер или тв . Сега тешко е , и небезбедно да се собираме на кафе како порано . Пред короната имавме навика , работиме до 3-4 па околу 7 ќе се собереме во маало во некој кафич , ќе пиеме кафе , муабет ќе си направиме и се релаксираме сите ќе се опуштиме и многу полесно се поминуваше работната недела