Човекот мисли дека реалноста е таа што ќе треба да се прилагоди на неговите потреби,желби,амбиции,очекувања...А всушност човекот е тој што треба да се прилагоди на реалноста. Во таква ситуација,за неостварувањето на потребите често знаеме да кажеме 'Животот не е фер'. Која е причината за размислувањата дека животот не е фер? И според кои критериуми се одредува дали истиот е фер или не?
Па секој човек треба да се прилагоди на реалноста, тоа е точно, но некои и баш не се прилагодуваат. Да не одолговлекувам за ова. Секој човек некогаш посакал да е мртов, бил во криза, бил сведок на загуба на драга личност, ги загубил “најдобрите“ пријатели и мислам дека од овие, а и безброј други причини, човекот се пожалува на тоа колку животот не е фер. Тоа се само минливи ситуации кои времето ги лечи (да напоменам некои ситуации не се забораваат и лечат целосно). Некогаш и самиот човек како да ја тера среќата да му сврти грб. Тоа е моето мислење.
Животот никогаш не е фер. Факт, колку и да се трудиме и да се бориме секогаш добиваме по некоја шлаканица. Нема тоа да се смени. Колку и да се жалиме, колку и да размислуваме, тоа е тоа, некој избор подобар немаме. Сето тоа треба само да не научи следната шлаканица храбро да ја издржиме.
Па, сама си напишала, не знам зошто прашањава. Животот не е фер зашто човекот го крои светот и „фер системот“ според неговите погледи на свет, потреби, карактер и воспитување од дете. Животот е многу фер за оние деца кои не биле израснати со морални, културни и општествени вредности, тие не ни знаат што значи тоа фер, тие само знаат убиј пред да те убијат. Нема критериум за fairness во животот, бидејќи не постои такво нешто како глобален фер-систем. Постои само личниот критериум за фер однос кој редовно ќе биде срушен од некој кој поинаку го сфатил фер односот. Инаку „животот не е фер“ е повеќе идиом, кој укажува на тоа дека човек треба да се мачи во животот, што нема никаква врска со самиот збор фер, кој означува мило за драго.
Па не е фер ни најмалку. На каков одговор вие навестувате, демек сами сме си криви за се? Пфф.... некои луѓе се криви и за она што им се случува на другите, а не сме сите самите криви за нашата несреќа. Јас не живеам во реалноста што сама сакам да ја живеам, ама затоа живеам во реалноста што друг сака да ја живее, што има тука фер?
Ништо нема фер.. потполно се согласувам, дали сте се запрашале после секоја насмевка што се крие? Јас колку и да се смејам неможам да си замислам полош живот од мојот. И како е можно секогаш да страдаат добрите?
Зошто не би бил фер? Животот е фер според своите правила... П.С Мајка ми секогаш зборува за тоа колку животот не е фер. Навистина, претерува веќе...
Животот никогаш не е фер. Секому му се случува да изгуби некоја сакана личност, да му се случи нешто што не треба. Таа личност секогаш си вели - зошто мораше баш на мене да ми се случи ова? Што и да се случи, треба да се продолжи со животот.
Живот. Хм... многу мразам кога некој ќе рече-судбина, така требало да биде. НЕ! Животот е партија карти. Тој ни ги дели картите, а дали ќе си победник или губитник се зависи од тебе. Секогаш имаш избор по кој пат ќе тргнеш, дури и тогаш кога немаш избор-значи не си размислил доволно, или пак, не си се потрудил доволно да створиш повеќе опции. Ако ти си убеден-а дека можеш да си хирург-тогаш можеш да си. Ако појдеш со став-еј не знам дали ке успеам..тогаш твојата несигурност само ќе те јаде и ќе те уништи. Стравот е најлошиот термит и секој човек е прав домаќин на него. Колку си похрабар-толку си поуспешен. Животот не е фер само кога ќе ни земе некој пред време. Млад. Кога не оди по ред, сите да дочекаат длабока старост и да си видат внучиња...да знаат за кого створиле се. Само тогаш-животот не е фер. Но во никој случај не можеш да речеш кровот ми падна ако темелите не ти се стабилни. За тоа си само ти виновен.
Животот не е фер, понекогаш знае да ти удри еден добар шамар. Не е фер губењето на сакани личности, проблемите и тн.
Наместо само да седиш и размислуваш за тоа колку си го мразиш животот, обиди се да го направиш животот подобар.
фер ли е волкот да го раскине јагненцето? Нема фер во ивотот, има закон на опстанок, само некои се понеснаодливи , понаивни, емотивни, така воспитани со етички правила, а други се перфидни, снаодливи и едноставно знаат како да одиграат за да добијат се што сакаат.
Животот понекогаш стварно знае да биде "гаден".. Чист пример , мојата школска која стварно не заслужува таков живот.Нејзините се разведени,мајка и има друг маж,брат и прави проблеми по училиште,татко и е во болница.Целиот товар ни јас самата не знам како го носи,ниту пак како се справува со тоа.Доста и издржува ,фала богу што јас имам прекрасни родители,брат итд. Никој не заслужува такво нешто да му се деси.Ја сакам и ја почитувам и многу и се восхитувам.Сите ние треба да научиме дека животот е таков.Постојат и падови и успеси.Најдобро е да се прифати реалноста и да се продолжи понатаму.
Животот знае да биде и тежок и суров, се случуваат и добри и лоши работи, понекогаш толку лоши, што неможеме да поминеме преку нив. Но ние не би биле луѓе, издржливи, силни и добри доколку животот не не' научи на тоа. Штета што го добиваме прво тестот, а потоа лекцијата, но тоа е тоа, треба да се научиме да живееме и да гледаме само на светлата страна и само така ќе успееме да го постигнеме она посакуваното. И запомнете кругот СЕКОГАШ се врти и Кармата секогаш е праведна. Кој успеал да ве усреќи, ќе биде среќен, кој ве расплакал, ќе плаче !
Ние сме тие кои сме најмногу одговорни за сње што ни се случува,секако дека нешто е и дел од судбината ама сигурна сум дека не е се запишано во судбината,некои работи сами си ги правиме свесно или несвесно и полесно ни е да речеме тоа требало да биде ако беше животот лесен немаше да започне со плачење,обврска ни е да живееме и да се избориме за местото во овај свет,од нас зависи дали ќе сме среќни или ќе бидеме несреќни.Сами си ја кроиме животната патека,некој не има сто раце и нозе,или 5 ума за да биде повреден и посреќен од нас.Си седиме со скрстени раце и полесно ни е да речеме животот не е фер
Да сосем се сложувам со ова мислење со тоа што за мене животот е партија шах. Ако од мал те учат на правилата на играта , многу ќе ти биде полесно да ги одиграш правилните потези и ќе го добиваш најдоброто од она што ти се нуди.Но ако не ги знаеш правилата, треба сам да ги учиш, МОЖЕБИ ЦЕЛИОТ ЖИВОТ и кога ќе се свртиш наназад ќе видиш дека за некоја голема среќа што си ја изгубил, требало само едноставно поинаку да одиграш и дека не било тешко, а тогаш било, така си мислел. Одамна читав една книга „Шах-симбол на космосот“, но бев многу мала за таа претешка филозофска книга за мене и ја подарив во училишната библиотека, а потоа и се изгуби трагот. Беше на српски јазик.После многу години видов дека се во таа книга требало да се сфати озбилно и да се примени.Ако некој ја има оваа книга или знае каде може да се најде нека напише на форумов. Фасцинантно е како и зожто ги губиме најсаканите. И во шахот губиме фигури, некогаш по наша вина, некогаш по нечија друга вина или едноставно така играта треба да тече, според законитостите. Еда знаев многу работи кои сега ги знам животот ќе ми беше скроз поинаков. Многу работи согледав многу доцна за да ги вратам и поправам истите. А уште, уште многу треба да учам. И чувствувам потреба дека ми треба искусен учител, а него го нема. Кога го имав , не се консултирав со него за ништо, криев се од него и згрешив и тој си отиде длабоко под земјата, мојот мил татко, кој беше голем човек...
ЕЕЕЕЕеее да знаеше мила моја-животот немаше да ти биде живот. Сите да знаеле тоа што требало да знаат исти ќее бевме,немаше да се разликуваме