А дали некој од нас се запрашал дали ние секогаш сме фер? Не сме. Нешто што е фер за мене, не е фер за друг. Сами сме тие што еден на друг правиме ситуација која е или не е фер. Според мене, животот си е на место, не треба секогаш некој друг да се окривува за сопствените избори и нивните исходи. -------------------------------------------------------------------------------------------------- Темата е одлична. Вакви теми поттикнуваат дискусија! Не знам зошто некои ги сфаќаат темите исклучиво како место за прашања и одговори?
Животот не е фер... ние не сме фер. Душата ми се распарчува кога дома се карам со моите затоа што "немам" што да носам па ми треба нова блуза од 800 ден. пошто нели таа е квалитетна и убава, а на некои тие 800 му значат живот, со нив би преживеал 1 недела... не сме фер зашто незнаеме да го цениме животот и да го живееме нормално.. Се се врти околу парите, секој гледа да има подобра иднина, да се издигне на врвувот туркајки ги другите надолу. Животот никогаш нема да биде фер се додека не се освестиме дека љубовта, пријателството и добрината треба да се ценат. Најскапите работи не се купуваат со пари. Стварно сум многу револтирана и од самата себе и од целиот свет околу мене. Се додека се држиме до тоа дека во денешно време не вреди да се биде добар нема да се смени светот !
Животот не е фер, е фраза која ја користам.. да не се разбереме лошо, не во случаи кога сум завидлива. Познавам луѓе, кои во животот со прст не мрднале, а имале се. Значи во животот не се труделе воопшто за ништо, ќе ги искусат убавините на животот, како пари, моќ, сроден партнер, влијателно друштво итн. А познавам и луѓе, кои во животот го поминале и најлошото, и сеуште поминуваат низ некои неволји. И тоа константно, се така во круг. И вообичаено, потешкотиите ги потиснувам/потиснуваат со оваа фраза. Всушност, можеби треба прашањето да се проформулира во 'Дали животот е суров и дали таков го прават само луѓето/(не)луѓето'..
Понекогаш животот не е фер,понекогаш ние луѓето.Животот се состои од околности ,дадени моменти на среќа и секако нашите разумни или неразумни постапки и одлуки!
Имам пријател Б. Јокиќ чиј татко Пеја Јокиќ работел за српската тајна служба и бил поврзан со убиството на славната српска новинарка .. тие мислат дека можат да имаат сè бесплатно и воопшто да не работат бидејќи системот ги штити за жал ...криминалци и сомнителни ликови кои имаат врски со полицијата и војската ... ме заболува ...
Не е и за тоа нема решение, бидејќи она што било, не се враќа, а се е како маѓепсан круг, еднаш некој ќе погреши, ќе стори нешто лошо, и последиците се чувствуваат долго потоа. Бадијала ќе пишуваме.
Животот не е фер ми ги зема родителите толку мала, да не бев сама да ги имав уште малку сега морам се сама
Животот никогаш не бил фер за сите. Едноставно сам/а се бориш за местото во општеството, освен ако не си роден со сребрена лажица во уста.