Форумџика на годината

Живот без семејство, потомство, работа и пријатели

Дискусија во 'Психологија' започната од bobooh, 20 јануари 2022.

  1. bobooh

    bobooh Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите, нов сум на форумот, доаѓам од Охрид и имам 32 години.
    Морам да си олеснам некаде бидејќи целиот мој живот од раѓање ми е уништен,дел заради моите родители,дел заради душтвото,дел заради општеството.
    Мојата мајка пред месец дена почина, на 15ти јануари го имав мојот 32 роденден, без никој сам, прв роденден без неа.
    Ме имаше родено во нејзините 40, инаку имам поголем брат, кој што и тој како мене, не може да има потомсво, со години е во брак,работеше во авганистан, бидејќи моите родители не работеа а имавме стан што државата требаше да ни го одземе.
    Јас сум роден во многу голема немаштија и сиромаштија, татко ми е бездомник, а мајка ми е од охридско село каде што е растена без писменост, немат училиште одено,мажена за татко ми, сум бил сведок како се тепаат, како немале, и се осеќам виновно бидејќи уште толку сум ги уназадил,плус несакана бременост сум бил.
    На мои 32 немам видено море, имам отидено само до Скопје,Куманово,Струга, по болници, имам деформитет на лицето и многу килограми иако не јадам.
    Детството го поминав гледајќи како татко ми проси, како мајка ми седи дома, како сите деца едвај чкаат лето, како уживаат во зима додека ние немавме струја, додека сите одеа на училиште нас ни беше тешко, јас едвај завршив основно и продолжив во угостителско каде што секој ден бев предмет за потсмев, не ме сакаа децата, истото го минував и во основно, сите ме исмејуваа, ме викаа дебел,грд, мизерен,квазимодо,ментален, заостанат, и едвај чекав да завршам.
    Многу мои пријатели отидоа на факултет додека јас седев дома и плачев секој ден.
    За сите овие години во љубовта ми е ужас, никоја не ме сака, освен тоа мојата мајка со која што бев многу приврзан ме учеше да барам девојка што е како нејзе, домакинка, да станува рано, да готви, да знае се, да не оди на работа но не успеав да најдам ниедна.
    Седев без работа до 2013, тогаш бев со вмро и ме вработија да бидам хигиеничар во болницата во Охрид кј нас.После неколку години и тоа пропадна,и еве пак сум дома.На пракса не ме сакаат,за готвач не ме сакаат, и сега живеам многу тешко, правев видеа на тик ток за да мислат барем дека сум среќен, но сите металци од Мк и не металци ме исмејуваат и ме нарекуваат ментален секој ден, кај мене имаат налето спиено истите тие што после тоа ми викаа дека сум ментален, дознав дека многу пријатели само сеир си терале со мене.
    Сега немам семество, немам потомство заради стерилитет, немам пријатели, сите се по свој пат а јас сум сам во стан со малку храна од соседите, и струјата ми ја плаќа брат ми.
    Не знам како да излезам од ова но многу ми е тешко, сакам метал музика, сакам да се дружам и да живеам среќно.
    Совет?
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.820
    Ослободи се од сите пријатели, кои во суштина не ти биле пријатели. Прекини контакт со нив. Биди упорен, барај работа секаде. Нешто ќе се најде. Не мисли на минатото. Гледај да бидеш психички силен. Од каде знаеш дека си стерилен, не ми е јасно? Немаш објаснето. Ако мајка ти те родила на 40, а дочекала да наполниш 32 години, имала среќа, дочекала да пораснеш. Има мајки кои млади се омажиле. млади родиле, па починале и го оставиле децата на 2,3,5 години. Црните мисли само ќе те кочат. Биди си приоритет сам на себеси. Не гледај кој што прави и што мисли, што кажува, и ако се споредуваме само ќе бидеме несреќни, затоа што секогаш некој ќе биде посреќен, ќе има повеќе пари итн,. Имаше тука едно момче кое беше очајно и кажуваше дека ако не му тргне во животот, ќе се самоубие. Му пишував, не врати во порака, се надевам дека не си направил нешто на себеси. Главата горе, барај работа, ако најдеш, вредно работи, и не се предавај.
     
    На poi, sunshinebabe, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  3. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Вака-така, верувај дека животот нема никого поштедено. Ако нешто со сигурност знам, тоа е дека животот е суров. Најискрено ти посакувам да си среќен, најпрво од самиот себе. Секогаш се има опции. Не се откажувај. Биди храбар толку, што ќе те фати инает и нема да дигаш раце. И најбитното е да веруваш дека замислата и убавото ќе те снајде.
     
    На bobooh и Касија им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    1.Изгубени битки не се изгубена војна.
    2.Колку и да ти бил лош животот досега, стави една голема точка и продолжи понатаму.
    3.Верувај не си само ти, не знам колку е ова утешително, али не си само ти од сиромашно семејство, не си само ти човек кој не може да нема деца, кој нема работа, кој изгубил некој.Ти бар го имаш брат ти, јас на пример немам никој.Кога ќе ги снема моиве, ќе бидам сама.И мене не ми иде љубовта веруј, а ништо не ми фали да знаеш.Не е само до физичкиот изглед, јја сум и убава и паметна и згодна и пак неам дечко.Љубовта ќе си дојде, тоа што е твое ќе си дое.
    4.Тоа што тие ти се смееле, не те праи тебе погрд, или посиромашен, нити нив поубави, него немале мозок, плус тинејџерски денови, лупаат хормони, сите сме мислеле дека сме нешто.
    5.Зашто не одиш кај брат ти во Авганистан, доколку имаш средства.Мада сеа таму е..
    6.Животот не ти е завршен, допрва ти почнува.
    најди работа за почеток било каква, келнер било шо, електричар, било што
    не е срамота ништо.
     
    На Oneo, poi, sunshinebabe и 6 други им се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.080
    Пол:
    Женски
    Имаш многу опции,меѓу кои нешто ќе се промени сигурно . Охрид е град на туризам цел живот на езеро богами море не би ми требало .Сите страдаме ,но мора и излез да се бара .Упорен биди ,барај за почеток било што да работиш после ќе ти биде полесно.Имаш брат,тој сигурно те сака а ако може да ти помогне ,тоа би било уште подобро.Тешко ти е и што си сам и се тоа со сиромаштијата ,но мора да се бориш.
     
    На prashinka, Tanjamm и Касија им се допаѓа ова.
  6. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    8.241
    Пол:
    Женски
    Ништо не е уништено и покрај сите потешкотии што си ги имал. Имаш кров над глава, имаш брат кој се труди да ти помогне и ти е поддршка. За почеток потруди се да најдеш работа, било каква, макар пак и како хигиеничар, од чесна работа нема срам, ќе заработуваш за себе плус ќе ти биди исполнет денот и ќе имаш прилика да запознаеш нови луѓе.

    Во врска со другарите дистанцирај се од такви лицемерни пријатели и социјални мрежи што прават да се чувствуваш лошо, исполни си го времето со позитивни мисли и работи што те прават среќен, спомна музика, серии, книги, живееш во убав град, пешачи, шетај во природа макар и сам, има многу активности за кои не требаат ниту финансии ниту друштво.

    Во врска со пронаоѓање девојка и тоа што те советувала мајка ти да најдеш некоја што седи дома и знае се по дома да работи, тоа е погрешно, цели кон тоа да можеш да пронајдеш девојка со која ќе си имате разбирање, љубов и заедно ќе се трудите да заработувате и придонесувате и на работа и во врска со домашните обврски.
    Битно е да не паѓаш со духот, и работа се наоѓа и нови луѓе се запознаваат, а секој еден човек има проблеми што го мачат и со кои се бори.
     
    На Oneo, sunshinebabe, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.820
    Ако веќе си материјално необезеден, има опција за социјална помош. Ти кажа дека имаш и здравствени проблеми. Добро провери на интернет кои се критериумите, за минимална месечна парична помош тоест социјално, не треба да имаш прилив на пари на трансакциска, а ако имаш здравствени проблеми, можно е да ти следува и некоја друга помош од државата, финансиска. Провери на интернет, документите под мишка и правец во Центар за социјални работи Охрид. Прашај си, па ако земаш по 3.000 денари месечно, знам дека е толку социјалното за самец, барем сметка струја ќе си платиш. Во меѓувреме барај си работа, и ако најдеш, додека не те пријават тоест додека работиш на црно, а немаш прилив на трансакциска, можеш да земаш и социјално. Гледај да средиш тоа што е најважно, езгистенција и здравјето гледај си. За другари, и кој каде бил, ич не ги гледај. Велиш не си видел море, ништо посебно не е. Кога ќе имаш стабилни приходи, со тури до Солун можеш да отидеш за евтини пари и да видиш море. И јас не се капам во море, а сум се шетала на море, напротив се одморам на нашиве езера по своја волја. Не сум се капела во море, сум се капела во Атлантскиот океан во средно на размена, ама тоа е само спомен, море, шетања, не носи трајна среќа, тоа е само моментално задоволство.

    Види и во АВРМ, ако си лице со инвалидитет, не знам до кој степен се твоите здравствени проблеми, има компании кои примаат вакви лица, а државата дава олеснувања, тоест дава плати и придонеси, а потоа мораат да те држат уште година дена.

    Не се грижи за изгледот и кој како ќе те коментира. Спушти ги на земја скотовите. Со љубезност укажи им дека немаат култура, дека се нечовечни, а ако на работа некој така си дозволи, можеш да реагираш. тоа е веќе мобинг. Па и за лични навреди за збор „курва“ знам едни што се тужеа. Биди силен и стабилен психички, тоа е најважно.
     
    Последна измена: 21 јануари 2022
    На Oneo, poi, sunshinebabe и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.719
    Пол:
    Женски
    Сакам да те замолам да не го вреднуваш својот живот, кој добар дел допрва треба да го проживееш, врз база на минатото. Имаш многу нешта на кои можеш да се пожалиш, ама имаш и многу нешта за кои треба да си благодарен: си бил несакана бременост, ама си бил и многу сакано дете и си ја осетил мајчината љубов. Имаш и братска љубов. Имаш физички деформитет ама имаш и добар ментален капацитет. Пописмено си напишал овде за своите маки од многу луѓе што штракаат на форумов а као би требало да се со повеќе образование од тебе. Без разлика на изгледот и физичките проблеми сепак можеш да се грижиш самиот за себе. Имаш само средно училиште ама тоа е угоститлско и живееш во туристичко место. Имаш многу врати на кои можеш да тропнеш и да побараш работа, но мораш да почнеш од негде и тоа подготвено, не стихијно. Немој да се споредуваш со другите и што е тоа што ти имаш повеќе или помалку од останатите, зошто секогаш ќе постои некој кој ќе има помалку од тебе и повеќе од тебе. Кој бил без приход знае какви се ефектите од безработицата, не се само финансиските туку и психичките проблеми кои ги носи. Да седиш во најпродуктивните години дома и да немаш работа те убива психички, ти влијае и на самодоверба, на мотивацијата, на погледот за себе. Социјалните контакти се намалени и зошто седиш дома и зошто немаш пари да излегуваш. Тешко е во таква состојба да веруваш дека имаш моќ да ги поткренеш сам работите и да направиш нешто, се чуствуваш беспомошен. Ама ако дозволиш да потонеш и да се предадеш на таа состојба, ќе престанеш да се обидуваш да најдеш работа и ќе чекаш пасивно, вечно кривејќи ги факторите надвор од себе. Смени го аголот на перцепција за почеток, и после фати се за работа. Барањето работа е работа, да знаеш.
    Прво значи решавај го проблемот со работата. Убави совети ти дадоа погоре. Другото понатаму. И пријатели ќе си дојдат и девојки, вистински а не лажни. Дури и за породот не треба да те фаќа депресија. Има и други начини како да ја реализираш таа потреба. Многу луѓе си ја реализираа таа потреба да се грижат за друг со тоа што станаа нечии старатели, очуви, кумови, негователи, волонтери во институции со деца, пријатели. Но тоа понатаму, прво застани на две нозе, погрижи се за себе, за да можеш да се погрижиш за друг.
     
    На Neptun's fog, Oneo, poi и 15 други им се допаѓа ова.
  9. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Најди работа, макар и во комунално нема срам од чесна работа и чесно заработени пари.
    Не се споредувај со другите, гледај си за себе.
    Секој е убав на свој начин.
    Добро е што имаш некакви планови за у иднина некој не се замара со ништо.
    Сѐ ќе си дојде на свое место, само треба време.
     
    На cresa-jagoda и @ceci11 им се допаѓа ова.
  10. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Прво нешто што би ти рекла да бараш активно работа. Работата често е лек за се. Ама од Охрид сум и јас, и знам дека најтешко во Охрид е да најдеш среде зима работа. Опширно ти пишале погоре за тоа ,така да пробај се што ти кажале.

    Во делот со деформитетот, секое несовршенство,знае да биде симпатично. Немој да допираат до тебе туѓи зборови. На овој свет прво секогаш сме си доволни сами на себе а потоа и да делиме нешта со другите. Сакај се, дај си љубов ! Верувам дека е претешко ова кога човек е депресивен. Ама од некаде мораш да почниш. Спомна дека си гојазен. Не седи дома, пешачи, вежби прави дома, пијај многу вода, јади тоа што ти е на софрата и се умерено. Ако имаш други потешкотии пиши на групите ако треба и акција ќе направиме за храна.

    Делот со булингот што си го трпел навистина ме трогна, какви се тие родители одвратни што прават уште поодвратни деца и ги исмеваат своите врсници и сите околу нив.
     
    На buba4e89, sunshinebabe, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  11. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Машки
    Не смееш никако да губиш надеж, постави си цели и труди се да ги оствариш. Минатото остави го во минатото и продолжи напред, почни нова книга старата запали ја.
    Најпрво најди си работа било што, колку за себе да имаш за свој живот и од чесна работа немај срам.
    Додека работиш 100% ќе запознаеш нови луѓе, пријатели и пријателки па и девојка.
    Рече дека си стерилирен, не се замарај. По домовите има многу деца што едвај чекаат некој да ги вдоми, зошто да не бидеш причината за нечија среќа?

    Ако нешто не ти се допаѓа на себе, потруди се да го смениш.
    Рече дека си гојазен, работи на себе. Вежби, пешачење, трчање, одење по скали, било што.

    Како што кажа некој погоре, дај си време и се ќе биде океј.
     
    На cresa-jagoda, lovely91 и NewMama им се допаѓа ова.
  12. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    12.758
    Пол:
    Машки
    Ако не се лажам, истиов пост кружеше на фб и се испостави дека е ЛАЖЕН. Доколку грешам нека ме поправи некој.
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Кај?
     
  14. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Што:o
     
  15. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    12.758
    Пол:
    Машки
    Во групата асоцијација на македонски атеисти. Профилот шо го напиша постот беше лажен, со исто име и презиме и слика како и еден друг профил кој беше контактиран и се испостави дека некој креирал лажен профил користејќи негови лични информации.

    Постот е сега веќе избришан.
     
    На nevermet18, cresa-jagoda, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Верувам.
    Членов дојде само да ја истресе душата и си замина, од вчера не е уклучен.
     
    На cresa-jagoda, Feminka22 и prashinka им се допаѓа ова.
  17. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Некој со вишок време. Не знам само до кое ниво се падна да се крадат лични податоци од човек што си ја пишал маката.
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Постот не е лажен, мислам дека го познавам дечково поради тоа што беше поранешен дечко на моја познаничка. Има и порано пишувано на форумот, значи запознаени сме со неговиот проблем, дечкото си има мака.
    Помогнете ако можете, ако не здравје.
     
    На prashinka, LovelyGirl3 и elimkd им се допаѓа ова.
  19. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Не треба многу за да се сфати дека е лажен. Тој нема леб да јаде, нема девојка ама битно се испитал и знае дека е стерилен. Вмро го вработило ама го избркале… Ене му го вмро пак е на власт во Охрид, нека го вработат.
    Од вакви со вишок време и измислени приказни ќе дојде утре некој стварно со мака и никој нема да го верува.
     
    На sino.o.oka, Waverly Raven и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. bobooh

    bobooh Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Пиши ми ЛП