Ми остана непосетен дека мајка ми викаше многу ќе те болат нозете од возење во бус. Кога сум била мала тие често патувале со татко ми и како го опиша мајка ми бил прекрасен старовременски град. Здравје некогаш би идела,не за друго туку ради баклавата.
За работа да, исто како членката што пиша, доколку имам работа како Freelancer би живеела некое време таму и би работела што уствари ќе ми подразбира исто дали од дома работам или од таму ама тоа на краток период, за повеќе од 6 месеци или да се преселам таму и да бркам' државјанство не би сакала и немам такви предиспозиции.. Но, повеќе би пееферирала одреден период од животот да бидам во Тајланд, Сен Тропе, Мадрид, Тел Авив, Агра, Дубровник, Сао Паоло или Москва некој од овие градови него Истанбул бидејќи многу од нашата храна и обичаи се исти со тие на Турците а мене ич не ми се допаѓаат повеќето работи од тие што се и нивни и наши.
Како ја направивте Турција и Истанбул, како да живеат во 15 век. Да, сеуште постојат такви традиционални и да не речам-заостанати фамилии. Ама поголем дел од населението веќе живее модерен живот. Тоа можете дури и во филмовите да го видите. Во поновите серии како 2015/2018 веќе живеат нормален живот, нормално се облекуваат. Веќе кажав дека за секогаш не би живеела таму, едно бидејќи е огромен град со гужви, чекања на кои ние не сме навикнати. Би одела на одмор и на шетање цело време. За јазик нема да ми претставува проблем, ќе се вклопиме многу брзо со либето, благодарение на него Сеуште ми е криво што ја пропуштив шансата, ама се надевам ќе има нова @mssuniquee те молам стави слики од Истанбул, уживам и мислам дека сум таму додека ги гледам тие убавини
Истанбул е огромен град со многу дивоградби, нечисти улици, тесни улици, збиени куќи, згради. Градот изобилува со многу населби, кои наликуваат на Чаир или Шутка. Никаде зеленило. Квалитет на воздух катастрофа. Никогаш не би живеел во оваа џунгла
Јас многу би сакала да ја посетам Турција односно Истанбул. Ама за да живеам таму не. Сакам помирни места. Што се однесува до јазикот мислам дека не е многу тежок, јас гледам многу турски серии со превод и од таму имам многу зборови научено.
Да.. Истанбул, метропола која месечно дочекува и по 5 милиони туристи кои се воодушевени, битно лепотициве од Фемина не го бендисаат Од влезот во Истанбул насекаде се големи палми, јас незнам од каде ги извади сликите просветли ме. 1000 пати сум била вакво нешто не сум видела. Сликиве кој знае и од каде се, но еве баш слики од таму;
Се чудам со лугево Шокирана сум кога читам што пишуваат навистина Се гледа дека не го ни посетиле градот,од памет зборат. Некои па дека таму имале заостанати мислења. Хах, заостанати сме ние за нив верувајте. Ама ок, не се ни замарам да се убедувам со луѓе кои едвај до Грчка стигнале И не, не зборам за животот таму туку за неговата убавина, за живот и јас се изјаснив дека тешко и ние би се вклопиле најмногу заради гужвите, но да ја оспорувате неговата убавина? Не до толку Овој доручек ме чинеше скоро наши 1000 ден, тука за тие пари ќе го гледам само прљавиот Вардар и ќе јадам хамбургер
Не си видела, затоа што си се шетала само во централното градско подрачје. Како и секој турист. Секој главен град во светот е нашминкан. Тоа не е показател за квалитетот на животот во еден град. Огромни површини населени со збиени куќи, тесни улици, незавршени фасади, ѓубре по улици.
А не, јас не идам само како турист. Ѓубре по улиците на Истанбул? Дали си реален? Сега проаѓаа со некакви машини и вршеа дезинфекции на улиците. Немој, кога не знаеш не пишувај подобро!
А ти се вреѓаш оти маж ти е Турчин или? Еве јас не би живеела таму. Го посетив Истанбул, ама за живеење НЕ. Секој си има свое мислење нели?Мене ми остави лош впечаток кога шетав низ центарот, се затепаа двајца и извадија ножеви. Сите почнавме да бегаме. Жени вриштеа.Исто ко на Бит Пазар да бев. А за храната да не зборувам. Не ја сакам воопшто.
Да Турчин но не е од таму, роден е во Скопје а и тоа нема никаква врска. Што па има да се вреѓам? Само ете не ми е логично што зборувате За вкусови за храна и останато не се дискутира. За живеење незнам,но да ја оспорувате неговата убавина??
Па ми се сруши се кога ја видов таа сцена тогаш, како во мафијашки филм. Не би отишла пак. Има и поубави места. И тоа е ствар на вкус нели?