Истанбул за шетање е преубав за тоа нема збор. Сум имала прилика и подолго време (бидејки имам пријатели кој ми се како фамилија таму) и да шетам преку агенцииве од кај нас. Турците како народ се ПРЕ гостопримливи и опасни за туризам,ценкање. Тоа што викате за ѓубре,прљаво и не знам што јас лично ништо немам никогаш видено.Толку туристи,толку народ и сепак чисто. За безбедност сметам дека прилично Турција е безбедна земја,посебно откако беа они терористички напади пред неколку години многу е се позаострено.Пример за влез ете во Капали чаршија мора да се помине на скенер(скоро и секаде е така). Нормално треба и да се внимава.Лично нас во Капали едни двајца почуднички цело време не пратеа,приметија дека збориме друг јазик,а на пријателче кај Таксим сакаа да му го земат новчаникот од џеб.Треба да се внимава,ама не се согласувам со тие некој мислења дека е Турција и одма асоцира на некој негативни ствари.Ова со џепарошиве може да се деси секаде и у сред Скопје недајбоже можеш да налеташ на такви. Има премногу места кој што вредат да се посетат и милион пати да одиш нема да се успее се да се доживее и види. Е сега што се однесува за живот таму,мислам дека би ама се додека имам трпение за гужвата таму Највеќе би ради луѓето таму што ги познавам и морето Се на се стварно вреди да се види таков град,да се напрај еден добар шопинг и едно турско кафе или чајче на Босфор Милина
Ги исчитав само последните 2 страни на темава, повеќе се дискутира за Истанбул како туристичко место, а не за живеење. Дека е преубав нема збор, дека е огромен и има огромна класна разлика која се гледа многу добро од населба во населба и тоа е друго. Не сум мивеела па од лично искуство да зборам, но од доста луѓе кои живееле таму знам дека е многу напорен за живеење. Треба да имаш среќа да живееш релативно близу до работно место, цел ден им поминува на работа и патот до и од работа дома. Имам слушнато приказни од жени што едвај успеваат децата да си ги видат преку недела. А да, и многу е скап за живеење. Јас не би живеела таму.
Истанбул имал подводен мост... Фарски факинг острови за брзо ќе имаат подводен кружен https://www.bbc.com/news/world-euro...TjQqU3-5u-MQDt3zpZQ6wqYIKqLkkpx1Rt571jM_NpnW8
И јас многу сакам да живеам во Истанбул,но го немам посетено. Баш затоа се консултирав со луѓе кои што биле. И јас сакам да бидам актер таму и ќе ти споделам со што сум запознаен за нивната филмска индустрија,дека имав можност да зборувам со многу луѓе кои работат во тој сектор таму. 1.Точно е дека Истанбул не е турска серија,но и од друга страна не е точно бидејќи во многу од турските серии темите се обработени со цел да не се случуваат такви работи таму,секако и се хиперболизирани на еден начин. 2.Доколку сакаш да работиш како актерка исто така е премногу напорно. Пример,според фотографијата можам да заклучам дека гледаш,, Забрането јаболко". Епа вака стојат работите. Нова епизода од таа серија се емитува секој понеделник. Тие снимаат 6 дена во неделата без престан (најмногу главните улоги).Пример за овој понеделник епизодата се снима од вторник до недела и во понеделник е веќе намонтирана и се пушта на тв. Сакам да кажам има многу сцени, и напорно снимаат,но главните улоги се многу убаво платени дури и 50.000-60.000 лири неделно. За ова што ти пишав беше конкретно за глумата,бидејќи не сакав да се повторувам со останатите за градот дали е убав или не е. Јас искрено сум одлучен дека таму ќе работам според сите коментари што ги слушам за него.
Здраво. Сакам да прашам дали има некој што живее во Турција, конкретно во Истанбул? Ме интересира ако има некој да каже искуства вака за време на пандемијава.
Може ако не ти е проблем да ми кажеш како нарачуваше? Бидејќи видов на страната дека не вршат достава надвор од Турција, а има преубави работи по пристапни цени.
Ама јас од Белград нарачував истава оваа марка, factcool се вика страната каде што имаа производи од trendyol увезени од Турција.
Trendyol не испорачуваат надвор од Турција. Trendyol е платформа на која разни марки продаваат. Ама за жал нема интернационално карго.
Во ЕУ испорачуваат. Пред неполн месец нарачав. Се изненадив позитивно од квалитетот со оглед на цената.