1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живот во Русија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Isaac, 4 декември 2020.

  1. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Здраво,


    Оваа тема на почетокот требаше да ја поставам на Кајгана форумот ама знам дека таму ќе ја исполитизираат и се зачленив тука.


    Некое време ме следи идеја за мигрирање во Русија и ме интересираат искуства од таа земја. Не би заминал од финансиски причини туку заради поголем душевен мир. Не ми се допаѓа менталитетот на народот тука и младина ни на каде се движи(ме) и за жива глава не би гледал деца овде.Западот не го земам в предвид, заинтересиран сум за општество кое се уште не е излезено од колосек било тоа Русија или некоја слична. Знам дека идеално нема,барем понормално.Споделете ваши искуства да ги споредам со моите впечатоци од Руси кои сум ги сретнал, Русија не ми е посетена. Поконкретно сакам да знам за народот каков нарав се но не е на одмет инфо за животните трошоци во различни градови, образование, здравство.


    Без држење лекции и без црни пропаганди од западните медиуми. Барам реални искуства.
     
    На Писана, anelchylola и mintyflowers им се допаѓа ова.
  2. mintyflowers

    mintyflowers Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2020
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Ме интересира и истото, многу би сакала да одам таму а плус веќе до одреден степен го знам и јазикот :D можам да разберам конверзација и да преведам нешто горе-доле. Чув за некоја стипендија за студирање во Русија која оди преку Руска амбасада. Ме инересира дали некој знае дали тоа е само за додипломски студии, и ако е, би било ли можно да го завршам факултетот таму (да одам во 3та година на пример)
     
    На Писана и Isaac им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    35.991
    Хаха , баш читав за Сергеј и Јулијњ Скрипал пред малку. Јок , јок , не би живеела. Знам Руси кои живеат НЛ и од нив имам слушано за Москва и Томск , и не ми е баш привлечно.
    Убаво но сурово. Cut throat атмпсфера.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Одбери си од тука
     
  5. anelchylola

    anelchylola Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2019
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    I mene me interesira za zivotot vo majka Rusija, odsekogas sum sakala da ja posetam Moskva. :inlove:
     
    На Писана и Isaac им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Голем број од луѓето во Македонија (и Србија) имаат до некаде погрешна претстава за Русија.

    Едните се под влијание на западна пропаганда, но другите (русофилите) се под влијание на некакви сопствени заблуди и митови но и некогашната советска пропаганда. Русија не е заостаната и непријателска земја, но не е ниту некоја многу православна и славјанска земја, ниту е нешто претерано братски наклонета кон другите словенски народи. Русија (како и другите големи сили) едноставно си има свои економски и политички интереси, и гајле им е за другите.

    Од луѓе кои биле во Русија, и самите руски државјани го имам слушнато следното:

    Русија е огромна и мооошне разновидна земја во поглед на јазици, народи и култури иако од историски и политички причини доминантен е рускиот јазик. Ако знаете руски, ќе се разберте низ цела Русија, па и пошироко (особено со повозрасните луѓе од просторите на поранешниот Советски Сојуз како Летонија, Естонија, Азербејџан, Казахстан и тн.).

    Но ширум Русија бројни милиони луѓе зборуваат јазици за кои можеби никогаш не сте слушнале: мари, чувашки, евенки, чукутски, мордвински, ханти, манси, удмуртски и тн.

    Во главниот град - Москва, велат попрво ќе најдете друштво и соседи кои би ви помогнале меѓу муслиманите (етнички чеченци, убихи, татари и тн.) отколку кај етничките руси кои неретко биле ладни и повлечени. Воопшто, Москва е една, Санкт Петербург друга а остатокот од Русија сосема трета, па и десетта приказна. Москва била мошне скапа, 1000 евра месечно се малку за нормален живот. Но во остатокот на Русија може релативно добро да се живее со толку пари.

    Во РФ многумина пофално се изразуваат за политиките на Путин, а многумина се прашуваат што откако тој еден ден ќе си замине, дали ќе има повторно способен човек да ја обедини и води земјата, или ќе имаат повторно некој како Елцин во чие време (1991-1999) цутеше демократија но и економска мизерија.

    Руската Федерација (РФ) денес е далеку поуспешна во однос на ЗНД(Заедница на Независни Држави) во која спаѓаше и Русија од 1990-те, но далеку од тоа дека е тоа некоја супер-развиена земја. Голем број луѓе емигрираат (особено од Виетнам, Кина, поранешните јужни републики на СССР) во големите градови низ Русија (Москва, Волгоград, Чита, Хабаровск, Владивосток...) но има и од западните земји, сепак тие се друга приказна, бидејќи доаѓаат честопати со некаков капитал кој го инвестираат на пр. во ресторани и сл. Истовремено голем е и бројот на руси кои емигрираат кон тнр. западни земји особено западниот дел на ЕУ, Канада и САД. Едно време (мислам околу 2005-2010) пазарот со недвижнини во Њујорк го држеле русите, не знам дали е сèуште така...


    И неколку видеа како илустрација на етничката, јазична и фолклорна (преубава) разновидност низ Руската Федерација, наспроти (и мојата некогашна) претставата дека таму живеат воглавно само руски словени:










     
    Последна измена: 5 март 2021
    На Писана, Peperutce1115, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Зборуваш за најголемата по површина држава на светот.Тамам работа да не се знае дека Руската Федерација е мултиетничка и мултикултурна ризница. Тоа е една од нејзините убавини. Ти неодамна дозна дека во Русија не живеат само православни Руси, или јас криво разбрав?

    Замолив да не се политизира темата. Сакав да прочитам лични искуства ама тука тешко се чини.


    Во меѓувреме распрашував луѓе чие престојувалиште било или е во Русија и впечатоците се позитивни. За Македонија Русија е бајка како и многу други земји.


    Не би сакал да пренесувам прераскажано а непроживеано. Наскоро планирам да отидам во посета и во некои работи ќе се уверам сам. Макар да има разлика помеѓу туристичка прошетка на некое место и преселба таму.
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Релативно неодамна. Голем број луѓе никогаш и не дознаваат туку веруваат во митот за братска славјанска православна Русија.
     
  9. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Чудна работа. Од општа култура тоа се знае. Другово ќе прескокнам да ти одговорам зашто се гледа дека си прозападен човек.
    Темата не ја почнав за пропаганди и ваков дискурс
    Доколку си живеела или престојувала во Русија, повели сподели. Доколку не си, што верувам дека е така, одмини ја темата и премини во форумот политика или започни нова тема русофили и русофоби.
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Повеќето во Македонија немаме општа култура, ти неодамна забележа? :D
    Исто така темата не беше започната со цинизам. Зошто го потегаш наеднаш?
    Не сум живеел, но запознав бројни руси и други руски државјани. Врз основа на тоа беше и напишано мислењето кое тебе ти беше чудно.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  11. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Машки
    Москва да видам, Ленинград да видам!

    Русија е земја која е исполнета со љубов. Народот нее премногу ладен, во големите градови нормално е поладен но е сепак дружељубив. Русија е стабилна и мирна земја. Јазикот се учи, некои зборови се исти како нашите. Ако го читаш писмото, 95% се разбира додека ти говори некој е потешко.
    Исто така нема премногу миграција како што е во ЕУ, што е во полза на безбедноста за слободен живот.
    Инаку, за живот е убава но економски неможеш многу да се развиваш, речиси како овде но сепак не исто, за разлика од ЕУ која нуди добри економски можности за живот.
     
    На anelchylola му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    Јас што имам слушнато од луѓе кои биле таму во посета е дека Москва е уредена како во бајките нормално главен град и се по ред,другите градови се разликуваат меѓу себе ,помалите градови не се толку развиени , народот таму пиел многу алкохол ,не било многу студено само во делот накај балтичките држави.
     
    На anelchylola му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Лично искуство немам, оти не сум живеела таму.
    А и не би се отселила никогаш во земја, во која демократијата е со знак прашалник.
    Доволна ми е Македонија за тоа.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Имам запознаено Руси и од искуство можам да кажам дека не се воопшто ладни.
    Повеќе се патријархно воспитани и не е точно дека пијат многу вотка, поголем дел дури и не ја сакаат. Така да тоа е повеќе стреотип создаден од Западот.

    Стандардот за живеење е скап во Москва и поголемите градови, додека помалите се неразвиени и има сиромаштија.
    Ама тие се многу горд народ и на својата историја и на државата, и не им е во сржта да плукаат по државата. Премногу си го почитуваат своето, па затоа многу е тешко како странец да успееш, треба три пати повеќе да се потрудиш и докажеш. Бидејќи Русинот секогаш ќе има предност пред тебе, што не е случај кај нас.

    Знам дека за да заминеш таму. т.е да добиеш дозвола за влез макар туристички треба да приложиш доказ каде ќе престојуваш и одредена сума на пари.
    Додека за шетање е прекрасна, има толку многу што да се води. Музеи, театри, споменици, цркви, баш како од бајките.

    Во однос на студирањето за Македонци, точно е дека има одреден број на стипендии кои ги дава Руската Амбасада секоја година.
    Потребно е некое основно ниво на знаење на јазикот, па така поголемиот дел ги примаат.
    Нема никакви приемни испити.
    Првата година учиш како станец, го учиш и усовршуваш рускот јазик, потоа продолжуваш со другите.
    Инаку во Русија има толку многу олеснителни околности и привилегии за студентите.
     
    На Peperutce1115, Rama, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  15. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Многу ми е смешно твоево како Марс туку што го откри.
    Во 21век дозна дека таму не живееле само православни словени.
    Се разбира дека на толкава површина ќе живеат различни групи народи. Незнам колкав дел од популацијата е муслимански, воглавном се на јужните и средишните делови.
    Само за разлика од нашиве браќа, тие секогаш прво кажуваат дека се Руси, а дури потоа ако ги прашаш ќе кажат дека се Дагестанци, Чеченци итн.

    И во однос на Елцин и неговата демократија, најголемиот дел се срамат од него и периодот од неговото владеење.

    Останатото е се точно.
    Има многу олигарси и корупција.

    Морам да кажам дури кога запознав Руси, ја сфатив нивната политика на владење. А тоа е не чепкам по твоето/туѓото, ама не го дирај моето, тоа е свето.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Можат да се кажат дека се од Русија или дека се московјани и тн. Не можат да се кажуваат руси ако се чеченци или дагестанци, тоа е исто како македонците да се кажат грци или бугари.
    Да, освен ако е грузијско, украинско, транснистриско, чеченско и тн. тогаш може. :rofl:
     
  17. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Изгледа погрешно имаш сфатено, бидејќи нели дури сега разбра дека Русија е мултиетничка.

    Прост пример еве Тимур Дибиров е од Дагестан, ама сигурна сум дека поголемиот дел незнаат, зошто тој секогаш прво кажува дека е Русин, а потоа од кој дел е.
    Исто и другите познати и непознати Руси што ги знам.
    Едноставно така се воспитани.
     
    На Rama и Billy Idol им се допаѓа ова.
  18. SugarHoney

    SugarHoney Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Учев руски во средно. За луѓето таму постои два збора. Русский и россиянин. Русский значи русин, тоест државјанин на Русија од словенска етничка група. А россиянин е државјанин на Русија кој не е словен. Тоа може да биде и африканец кој стекнал руско државјанство.
     
    На Tanjamm, Ugly Duckling, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Така е. Исто како што кај нас се нарекуваат Торбеши, дел од мк.

    Додека членов тврди дека Дагестанците, Чеченците и др. неможеле да се нарекуваат Руси.
    Кога, сите кога ќе излезат надвор од границите, едноставно само се декларираат како Русин.
    Тоа ми беше зборот.
     
    На Billy Idol и SugarHoney им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Исто како што прават и македонските државјани, без разлика дали се македонци, турци, албанци, срби... Државјанство и етничка припадност не е исто.