1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живот во Русија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Isaac, 4 декември 2020.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.613
    Допаѓања:
    36.909
    Пол:
    Машки
    Донекаде си во право, ама донекаде и не. Има во Русија што живеат и доста Грузијци, Ерменци, Белоруси, Украинци и си се именуваат како такви прво. Горди си се на својот етникум, нација и држава.
    Е сега, западниве држави не прaват дистинкција меѓу овие народи и за нив сите се Руси.

    Иначе Дагестан и Чеченија добија некоја подобра автономија после толкаво војување, ама останаа во составот на Русија. Тогаш се сметаше како лоша одлука, ама еве долгорочно излезе сепак како добро нешто ако се споредат со останатите азиски земји, Грузија, Ерменија, или пак Стан земјите каде владее тотален хаос, распад на системот, немаштија. Цела индустрија им е пропадната, цел извоз им е пропаднат, а пак Руси се тие кои им ги откупуваат индустриите, им раководат со ресурсите, буквално им ги цицаат државите, а не вложуваат ништо за возврат. Москва е полна со евтина работна рака од овие држави кои одат во Русија на печалба, за корка леб и аргатат.
    Во СССР порано државата воглавно ги финансирала овие државички и краеви. Ги субвенционирала индустриите, туристичките места и отворала работни места.
    Доволно е да се споредат Тбилиси и Махачкала или Грозни да се види реалната слика.
    Единствено од овие земји Азербејџан се држи добро затоа што извезува нафта, ама па цел тој крај е нестабилен поради војна со Ерменците.

    Инаку има и други републики и далеку понепознати народи во Русија.
    Една од поинтересните е Калмикија, каде живеат Азијати, будисти, на Европско тло.
    Интересна е Русија за истражување. Има многу што да се учи, посети, види.
    За живот... Зависи. Москва е огромна метропола на рамниште со најголемите градови. Или ќе успееш, или ќе те изеде градот.
    Санкт Петербург е подобро решение. Културна престолнина. Авангарден град. Ама климата е посурова.
    Градовите близу Црно Море се исто добар избор. Ростов на Дон, Краснодар посебно.
    Оние кај Урал како Челјабинск, Казањ, Перм, Екатеринбург, Самара и Тољати се индустриски градови. Воглавно тешка металуршка индустрија. Загадени, сиви...
    Новосибирск е... well... ако некој може да живее на -40, -50, нека повели.
    Оние на даљни исток како Владивосток и Кабаровск се скроз друг свет. Интересни, необични, ама некако и подзаборавени.
    Оние на север не би ги ни коментирал. Таму одат најчесто луѓе за работа или во рударска, дрвена индустрија, или пак на нафтени платформи.

    Инаку ептен тешко е да се добие руски пасош или решение за подолг престој таму. Ќе наидете на бирократски лавиринти, а и не се баш блaгонаклонети кон нас Македонците. И тоа до толку не се наклонети кон нас, што за нас важат построги правила за добивање на виза од Американци.
    Буквално непостоечки сме за нив. Ниту знаат кои сме, ниту што сме.
    Едноставно Русија води анти политика кон странци, освен кон земји бивши СССР, други не им се баш потребни.
     
    На Doozy, Tanjamm, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Русите не се патријахално воспитани. Тоа е илузија која нам ни се продава тука за “ неморалниот“ Запад и „православна“ Русија. Нема никаква разлика да живееш во Берлин, Париз или Москва. Исти е менталитетот и културните навики.
     
  3. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Така е.
    Баш убаво имаш објаснето се.

    Големите градови, се интересни за живеење, ама во останатите делови воопшто не е лесно живеењето .
    Многу е погрешно да се мисли дека насекаде е исто како во големите градови.

    Воглавно Русија не е земја каде можеш да одиш да заработиш и како странец на просперираш.

    Инаку не мислев на Белорусите, Грузијците и другите, кои си имаат самостојни држави (а живеат во Русија) дека се декларираат како Руси. Мислев на оние од федералните држави.
    Нешто што беше случај и во Југославија, каде најпрво сите беа Југословени.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Интересни факти за Русија. Руските основци и средношколци се на 4то место во светот по тестовите за математика, физика и хемија.

    Русите во просек се народ кој највеќе се тушира во светот.
     
    На Tanjamm и Аргентина * им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.613
    Допаѓања:
    36.909
    Пол:
    Машки
    Да, за тоа се сложувам дека се како Југославија по тоа прашање, дури и повеќе поврзани можеби би рекол од Југославија затоа што Русија е огромна и гравитира тоа локално население кон нив, не само од федералните држави, туку и од бившиве советски републики има доста државјани кои се изјаснуваат како етнички Руси, или пак имаат руски корени, а дури и да немаат, многу од тие држави до скоро немаа некој свој висок национален порив. Тек последниве години малку од малку почнуваат да се оддалечуваат од Русија, да створаат свои национални вредности, иако повторно се доста тесно врзани со Русија. Овде мислам на држави како Белорусија кои си имаат свој јазик, своја националност, а сепак секаде руски зборуваат. Во Украина беше слична состојбата иако тие одамна се имаат замерено со Русија уште од Холодоморот, ама пак рускиот јазик секаде се користи.

    Ова со националната и етничка свест на овие држави сакав да ја споредам со таа со Албанците кај нас што ја спомнавте, кои и сега, и во Југославија си се изјаснувале како етнички албанци и си биле приврзани кон себството, што е донекаде и океј да си имаш своја култура, националност, јазик, посебно што е толку поразлична од нашата (пак ќе ги споменам овде Грузија и Ерменија кои се тотално поразлични од Русија, со свои обележја), ама лошо е кога ти всушност имаш национални претензии кон таа земја. Ама такво нешто ни се случува нас затоа што сме мали, слаби и ништожни.
    За Русија не важи истото затоа што всушност таму е обратна ситуацијата и они се тие кои земаат територии и ги присвојуваат од овие државички, како Крим во Украина, иако таму е спорно затоа што отсекогаш бил руски полуостровот. Да не навлагаме во политика...
    Но, пример има делови во Грузија, каде што Русите преку ноќ ја поместуваат границата јужно и земаат територии, затоа што, ете, им се може. Чудно дури е вака кога ќе го видиш сето тоа, помалку и смешно, трагикомично како си ја померуваат границата. :D

    Сакав да кажам дека Русија не е таква како што ние си ја замислуваме овде, поготово од луѓе кои се Русофили и ја сметаат за братска земја. Во реалноста Русија секогаш историски била против нашето постоење, била главен поддржувач на Санстефанска Бугарија, секогаш била братски настроена кон Србија, а со Грција отсекогаш имаат блиски врски.
    Уште побитно е да се знае дека Русија воопшто не е благонаклонета кон народите од бивша СССР, и кон сите има направено ужасни злосторства низ историјата. Пр во балтичките земји, Естонија, Летонија, Литванија, населиле 30% руско население, а локалното население го раселиле по Азија. Слично нешто имаат правено и со Украина, па затоа во источниот дел имаме доминантно руско население. На овој начин се асимилирале овие држави, со размена на населението.
    Слично правеле и во Стан државите, ама потоа и овие народи во 90-тите извршиле страшни злосторства кон руското малцинство, каде брутално ги убивале, стрелале, колеле, беселе. Русија не направила многу за нив. Буквално ништо не направила. Повеќето од нив морале да се раселат, да бегаат, па се населувале по Русија, по Украина. И ова е доказ колку уствари на Русија и е "гајле" за своето население.
    Иако денес е променето тоа, донекаде, сепак животот во Русија гледано како поединец, и оној во Америка е многу поразличен. Ако си Русин, ти си мал човек, небитен, државата не се грижи за тебе, твојот живот вреди далеку помалку од оној на просечен Американец. Така функционира. Ти како единка немаш никакво право, не си ценет, ниту вреднуван, ниту пак центар на збиднувањата. Таму владее колективизам, каде што нема ЈАС, туку има НИЕ. За нас малку тежок поим за сфаќање денес, посебно што ги имаме ние восприемено западните вредности и сме насочени кон тој себе-центризам, па затоа може овој менталитет да биде проблем за секој оној што сака да живее во Русија, кога ќе се соочи со нивниот систем, со начин на размислување и со тоа всушност колку е небитен тој како единка.
    Друга работа е што денес Русија е насочена кон тоа да своите граѓани ги става на прво место, а како што реков, тие граѓани како единки воопшто не се ценети, тогаш што да се зборува за малцинства, за групи кои не се совпаѓаат во тоа мнозинство, во тој систем. Таквите, не се посакувани баш таму. Мнозинството нема никогаш да се смени за да ги задоволи барањата на малцинството. Ставот им е: "Kај нас е овака, или асимилирај се, следи ги нашите правила, и може ќе бидеш добредојден."
    И како што реков, тоа е држава каде што ти не си им потребен, затоа што не им е потребен човечки кадар од никоја област, од сите се покриени. Тие те одбираат тебе, а не ти нив.
    Тешко е со ваква политика за странци да живееш во Русија. Посекако, не треба никому да е прв избор.
    А, доколку е, секој треба да е спремен да се прилагоди и асимилира во тоа општество за да биде прифатен.
     
    На daylight и темјанушка им се допаѓа ова.
  6. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Има некои работи, кои се точни, но повеќето е невистина.

    Русија има многу несловенски малцинства, најголем дел турко-монголски народи со доминантно исламска вероисповед, а мал дел православна, но сите тие се многу во многу мала бројка без никаква политичка и економска моќ. Освен Чеченци и Дагестанци. Затоа и Русите имаат толкава културолошка и јазична надмоќ над нив, затоа што се преку 85% од популацијата во Русија. Од останатите 15% огромен дел се Украинци, Белоруси, Волга Германци, кои се лојални на руската држава и кауза.

    Крим секогаш бил руски, а бил неправедно доделен на Украина за времето на Сталин. Сега е таму каде што припаѓа, а руската држава многу пари вложува во развивање на туризмот, инфраструктурата, економијата, здравството на Крим, затоа што свесно беше маргинализиран тој дел од страна на украинската држава баш поради проруското население таму.

    Украина е комплицирана тема.

    Латвија, Естонија, Литванија имаат големо руско малцинство, но сите Руси таму се со ЕУ пасоши, стојат економски подобро и не прават никакви проблеми на матичните држави.

    За крај, Русите не се колективистички народ. Напротив, нивниот менталитет драстично е променет последните 50 години. Нема никаква разлика помеѓу просечен Британец или Русин. И, не се толкави “патриоти“ како што некој ги замислува.
     
  7. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Зошто Русија, а не Полска на пример?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Хрушчов го доделил Крим на Украина, не Сталин.
     
    На daylight и Abracadaver им се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.613
    Допаѓања:
    36.909
    Пол:
    Машки
    Имаш една голема грешка, не беше Сталин тој кој го поклони Крим, туку Хрушчов.
    Да, во последно време многу се вложува во тој Црноморскиот дел, не само на Крим, затоа и посочив дека тие градови се одлични за живот, и нудат доста опортунизам.
    Сочи горе не го споменав, кој е дел со Ростов на Дон, и Краснодар.

    Инаку под колективизам, не мислев на оној како што го имаат Кина, Кореја... Туку како државно уредување каде што државата и нејзините интереси се ставени пред самата единка.
    Низ историјата да бидеш Русин не значело многу, не си имал ТИ како единка бенифити, напротив, големи биле шансите да те пратат како топовско месо во војна, во природна катастрофа... Животот на обичниот човек има помала цена во Русија, наспрема секаде во светот. Или, подобро кажано, државата очекува да се жртвуваш за неа.
    Така било, и сеуште е така, иако некои работи се променети.

    Русите во балтичките држави се друга тема. Сега, за сега се мирни, ги уживаат сите права таму, имаат двојазичност, бенифити... А чекаат на готовс само кога ќе дојде време да си ги повратат овие земји. Нешто слично како со Албанците кај нас.

    Пак ќе кажам, животот во централна Европа, посебно Полска, Чешка по мене е далеку подобар избор од Русија, и економски, и како менталитет сме поблиски со овие земји.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Русите се во голема мера индивидуалистички народ. Нема таму толкав изразен колективистички менталитет како што некои мислат, затоа што руската дијаспора никаде не се гетоизира, туку, напротив, многу лесно се асимилира.

    Русите во балтичките држави не чекаат на никаква готовност. Тоа е завршена работа. Нема никаков сепаратистички дух таму, а и самиот процент на мешани бракови помеѓу Руси и Балтиди ти го потврдуваат тоа.

    Се на се, голема заблуда е дека Русите се нешто многу поразлични од Скандинавци, Германци или Французи. Самата клима ги прави такви какви што се, но културолошката разлика е минимална.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Ова случајно го прочитав пред извесен период :) Мислам дека се вклопува во темата околу рускиот ментален склоп и чувството на припадност.

    Russians are as much Asiatics as European. The mistake of our policy for the past two centuries has been to make the people of Europe believe that we are true Europeans. We have served Europe too well, we have taken too great a part in her domestic quarrels (…) We have bowed ourselves like slaves before the Europeans and have only gained their hatred and contempt. It is time to turn away from ungrateful Europe. Our future is in Asia.
    - Fyodor Dostoevsky
     
    На MeowMeow и daylight им се допаѓа ова.
  12. laurus nobilis

    laurus nobilis Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Сум била и во Москва и Киев. Генерално од она што го видов во Москва бев воодушевена, огромен град, прекрасен, премногу луѓе и разни националности има таму. Не разбираат англиски, можеш на руски да се разбереш.
    Киев е обратно од Москва, запуштен град, сиромаштија и беда, луѓе се мачат да заработат некоја пара за живот. Се осеќа класната разлика, буквално град на богати и сиромашни. За разлика од Москва во која ефтина кола тешко можеш да видиш. Русите се неверојатно убави и средени, тоа е е нешто што исто ми остави впечаток.

    Имам слушнато дека за живот во Москва конкретно е многу скапо, за странци е тешко да извадат работни дозволи и најчесто работат на црно. Има еден канал на YouTube: Born in SFRJ. Типката е босанка и има живеено и работено во Москва и дава баш реална слика како и бил животот таму. Од она што го кажува не е позитивно.
    За Украина не знам, но платите се помали и од нашите, има многу украинци кои емигрираат низ Европа и светот и се крајно разочарани од политиката и состојбата таму.

    Имам запознаено и руси и украинци и генерално се кул луѓе, но украинците ми се многу подраги и пофини од русите. Русите се однесуваат надмено и горделиво, а украинците се нешто ко нас. Во Киев знаеа англиски повеќето, но се снајдовме и со руски
     
    На daylight и Billy Idol им се допаѓа ова.
  13. laurus nobilis

    laurus nobilis Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Да се корегирам, каналот е : Made in SFRJ. Има видеа во кои го споредува животот во Москва со други места каде живеела.

    Многу реална слика за бивши СССР можеш да добиеш и од видеата на: bald and bankrupt. Кај него не е ништо нашминкано и фејк претставено туку баш како што е. И он самиот во едно видео спомна дека многу подраги му се Украинците како народ
     
    На Doozy, daylight и Billy Idol им се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Ne, ne e spored mojot vkus, ima sekap prestrogi zakoni i diktatura..
     
  15. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Не би живеела само сакам да посетам еден град што ми фати око, се вика Владивосток се наоѓа во најисточниот крај и се смета за "прозорот на Русија кон Азија".
    208663531.jpg
    b160927054.jpg
    vladivostok-1.jpg
     
    На daylight и Billy Idol им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.613
    Допаѓања:
    36.909
    Пол:
    Машки
    Да споделам еден Влог баш за овој град, каде не е прикажана само таа, туристичката страна, туку и онаа, која ја гледаат жителите таму, и како живеат всушност.
    Воодушевувачки беше да се гледа. Уште повеќе за мене што влогот е онака, raw, прав руски. :D

     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  17. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    И ги изгледав сите видеа на девојкава едвај чекам ново да објави. (fingers)
    Многу интересно ми е како градов изгледа, ме потсеќа малку на Белград. А и песната што е во видеото ми е заглавена во глава.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Низ коментарите на српскиот дневен весник „Политика„ забележав дека извесен број срби сметаат дека тоа е мит. Русија не е заинтересирана многу за нив во некаква смисла на сериозна подршка во последните децении.

    https://www.slobodnaevropa.org/a/milivoj-besin-mit-o-rusiji-kao-zastitnici-srbije/27873609.html
     
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Настрана политичките интереси, обичните Руси за поблизок народ ги сметаат Бугарите од Србите. Србија знаеме дека од 90-те има лош имиџ насекаде, па и во Русија.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Е кога ја спомнавте Бугарија, ми текна дека низ Софија имам видено многу руски продавници, продавачките знаат и руски и продаваат интересна руска роба, шоколади, руски квас (напивка до некаде слична на пиво но за мене поинтересна). Слично имам видено и во Чешка но немам забележано низ Србија такви руски продавници со руска роба... а имаат интересни работи.
     
    На Billy Idol и Аргентина * им се допаѓа ова.