Па, има доста поделеност во српското општество последниве години. Едните се насочени кон запад, посебно ЕУ, додека другите строго кон Русија. И владата им играше до сега таква игра седејќи на две столици и балансирајќи. Какви им се сегашните односи, не знам. Може им се нешто намалени после случката со Косово, каде русите ги оставија на цедило... Ама еве сега со пандемијава се гледа колку се блиски. Цело време добиваа руска помош, лекови, докторски тим, а сега и ќе ја произведуваат Спутник В.
Бугарија е стара колонија, Србија е во перспектива нова Многу лош имиџ, затоа каде замина Мира Марковиќ и каде е син му на Милошевиќ? Ова исто има врска со погорната историска лекција- било нешто на времето, се викало Источен блок. Спојлер: Vaka
А-ха. Русите мразат Бугари скоро колку Македонците. Јас нагласив настрана политика, а кој како чита е друго и нема врска со мене. Не ми треба лекција. Знам дека Бугарија била под советска капа долго, додека Југославија во тоа време била сончоглед.
Би ја шетал долж и попреку. Ептен ми е привлечна. Мислам дека иаме лошо мислење наметнато поради западна пропаганда под која признале или не, сепак изложени сме. Познавам Руси, од сите краишта на Русија. Многу фин народ, и многу вредни и снаодливи. И реално не можам да направам разлика меѓу нив и некој од "запад". Нормално дека во секоја земја си има црни дамки во општеството, ама повеќето луѓе од средна класа се како и во секоја друга земја.
Кул, настрана политика. А како мислиш дека иде ,,поврзаноста,, на народите освен преку заедничко минато, кое замисли е политички условено. Како ти изгледа, во глобала македонците за поблиски ги имаат оние од Албанија или оние од Хрватска и зошто?
Ко рускиот народ на референдум да изгласа азил за синот на Милошевиќ, па оваа дискусија да има смисла. Како што сигурно ти имаш гледано холивудски филмови за српски воени злосторства, така гледал и рандом Русин. Сега се надевам разбра што имав да кажам за имиџот. Спојлер камо да беше тоа само фикција од филм....но сите светски медиуми ги покривале тие грозотии во 90-те А штом веќе спомна Албанци, Албанија била во кинеско крило за време на комунизмот, па гледај колку близок народ се со Кинезите, невероВатно, зборувај ми за политика.
Мислам дека рандом русин не гледал холивудски филмови, сигурно не колку нас. Во холивудски филм се знае, лошите се или срби, или руси, или нешто поретко албанска мафија. Туку стварно никој нема што живее во Русија, да ни каже дали сега ќе ја спукаат русите и со кого најпрво?
Не сум сигурен дека е тоа причината, бидејќи такви руски шопови има и во Лондон, Њу Јорк... Исправете ме ако грешам но мислам дека за време на источниот блок немало такви продавнички (освен секако СССР) бидејќи извозот и увозот биле строго ограничени вклучувајќи ги меѓусебно и членките мна тој блок. Во секој случај тоа се за мене многу интересни продавнички и жал ми е што во Софија не си купив повеќе работи од истите.
Гледаат секакви филмови, слушаат секаква музика, јадат секаква храна, конзумираат секаква култура, патуваат секаде, но убедливо пратат нивна култура.
Една година предлагаа квоти за холивудски филмови зашто им беа погледани од домашните, но мислам дека тоа не го спроведоа. Мек Доналдс во муабетот е шега, и во Бургер Кинг јадат Русите, инаку. лол.
Започнала во 9 часот по Московско време. Така да останува снимка. За тие што се од Скопје, во 11 часот ќе биде прикажувана снимката на Плоштад Македонија организирано од Руската Амбасада.
Да ја заживеам темата. Грузија и Ерменија се христијански земји и се политички и културни Европски, иако се трансконтинентални. Не би се согласил дека лошо се држат, односно во некои работи се многу понапред и во подобра состојба од Балканот. Посебно Грузија, Тбилиси и Батуми се толку постмодернистички изградени метрополи со облакодери што во Македонија немаме ни приближно такво нешто. Познаничка ја посети Грузија пред неколку години и се засрамила кога видела колку е средено и чисто, за разлика од Македонија каде владеат насекаде депонии и општ хаос. Е сега Грузија е во лоша состојба заради нападот на Русија во 2008, но сепак добро се држи. Со грузиски пасош можеш да патуваш без виза низ Шенген зоната. За Ерменија немам толку познавања, но политичката блискост со Русија ја штити од можни понатамошни војувања, има полоша местоположжба и не можеш да патуваш во Шенген со Ерменски пасош.
И јас гледав видеа од Грузија. Преубави градови, чисто, урбанизирано. Многу ми се допадна, се изненадив. Многу понапред од нас. Е сега, парализирани се политички поради окупираните региони Абхазија и Јужна Осетија. Имам пријателка од Ерменија. Сиромашни се. Колку е убава земјата, не знам, но ми кажа дека ако некогаш пат ме носи во Ерменија, да се видиме, добредојдена ќе сум, но да имам на ум дека таксистите за жал мамат туристи како и секаде. Ерменкава е патриотиште невидено. И ја знае историјата на Македонија, знае за 5 века турско ропство, оти и нив Турците им извршиле геноцид. Не се толку лоши како што ги мислиме. Во лошо опкружување се, инаку би напредувале. И Грузијците се страшни патриотишта.
Здраво на сите сакав да прашам , тие што неодамна беа во Русија , дали се бара виза за влез ? Затоа што негде пиши дека може да се влези во државата на 30 дена , а негде исто така пишува дека треба да се прави виза во меѓувреме со тековната ситуција има онлајн начин .Затоа сакав да прашам за сигурно , дали треба или не ?