Треба виза и како турист ако одиш. Јас бев летото, туристичка агенција ми средија се за виза, јас не ни појдов во амбасада, ама си плаќаш туристички ваучер (мислам дека и тоа е обавезно) и нормално визата, сликите за виза. Летовите само сама си ги организирав. Со туристичка виза преку амбасада имаш право на престој 1 месец. Друг начин е да те покани некој оттаму, роднина или пријател. Ама за тоа немам многу информации. А од август 2023 се излезени новите електронски визи и граѓани од Македонија можат да аплицираат, за нив не е потребно одење преку амбасада. Повеќе инфо и пријавување за нив тука: https://macedonia.mid.ru/mk/konzula...nite_elektronski_vizi_za_stranski_drzhav_ani/ Со ваква виза имаш право на престој 16 дена. (Јас имав проблем со оваа виза бидејќи не ми го прифаќаше бројот на пасошот, поточно првата буква. Ама некој имаше пишано на фб дека им пишал нив за ова и му средиле, само јас тогаш немав време за чекање многу).
Од кај нас секако нема, но преку Турција на пример да. Две карти купував. Електронската виза беше мислам $40 или $45 и готова е за 4 дена.
Ајде и вие не си барајте проблеми да одите во држава која војува . Ќе чекате после овие нашиве да ве спасуваат со авиони
За Русија не можам да тврдам ништо , ниту сум била , ниту сум имала некој контакт со Руси . А за Русите , точно е дека пијат многу . Замислите колку е топло во Аланија - Турција , на таа температура они пиеја црно вино . И тоа во текот на целиот ден . Исто така , дека се љубезни , љубезни се . Повеќе пати ни помогнаа околу децата и стварите , едно детенце ме слушна како зборувам со син ми , и ме праша ( на руски ) од каде сте ? Велам од Македонија .. вели ( исто така на руски ) вие зборувате слично како на руски . Често си играа со моиве палавковци , нешто на руски , нешто на македонски а разменуваа и по некој збор на англиски .. Неговите беа баш среќни што малиот Илја си најде друштво . Не видов некоја невообичаена реакција ..
Supporters of ‘traditional values’ can soon apply for ‘Temporary Residence’ in Russia На 19 август 2024 година, Владимир Путин потпиша декрет според кој странците кои ги споделуваат „традиционалните руски духовни и морални вредности“ ќе можат да аплицираат за дозвола за привремен престој во Русија. Дозволата за привремен престој е документ со кој му се дозволува на странец да престојува и работи на територијата на Руската Федерација до 3 години. Без декретот, за да добиеш дозвола за привремен престој покрај документи треба да знаеш руски јазик и историја, но со декретот ова е олеснато и дозволата може да се добие без познавање на јазик и историја. На апликантите ќе им биде одобрена виза за еднократен влез за три месеци за да можат да добијат дозвола за привремен престој во Русија. На 1 септември ќе биде објавена листа на држави за чии граѓани ова ќе важи, многу е веројатно тука да спаѓаат западни и про западни држави за кои се смета дека им се наметнуваат нови вредности. Па ајде баш да видиме и Македонија дали ќе биде на листата.
Дај Боже да се молиме да важи и за нас. Можеби и некои наши граѓани со тврдокорни ставови ќе посакаат да ја видат Мадр Раша, кој знае. Човек се менува, ставовите се мењаат, времињата се мењаат. Никад не реци никад.
Имаме потенцијал за да сме на листата, така да да се надеваме. Бесплатно образование, па и олеснато добивање привремен престој за таму ќе е премија.
Историски гледано со Русија сме поврзани, прво културолошки, бидејќи се словенски народ а второ политички и идеолошки за време на втората светска војна.
Ќе важи, притоа ние како словенски народ и онака си ги споделуваме традиционалните, духовни, религиски и морални вредности со нашиот руски братски и сестрински народ . Русија нее лицемерната ЕУ. Москва, я верю, что однажды я увижу тебя и увижу красивые православные храмы Исто и Петроград денешен Санкт Петербург од каде што нашиот македонист Константин Миладинов пишувал за убавините на нашата Македонија
Камо да ги тргнат и глупавите санкции барем за летовите Скопје - Москва, да се олесни патувањето до таму да не е преку трети земји.
Во живо од скопскиот аеродром: масовни колони, редици и турканици на македонски граѓани откако Путин ја стави Северна Македонија на листата земји чиишто граѓани можат да добијат дозвола за привремен престој во Русија.
Toa се многу пари за виза за Русија 40-45 долари, дури ми е чудно и смешно. Да не е сега уште поскапо, дека зборите за лани? Да седам да жбарам по нет, па не прифаќало податоци од пасоши, па совети ќе барам, па да им давам толку пари само за виза, па ќе чекам, како не. Прашина ќе избришам по дома поарно, ич не се замарам.
Многу смешно. Небаре дојде некој сосила да ти ги земи парите и да те однеси, ко не ве интересира не знам што коментирате, или колку да се кажи нешто.
Нема објаснето кои се тоа „семејни вредности“? Многу дискутабилно е тоа и како би се докажало? Ако мислат на број на деца, ќе треба соседите да ги стават на листа и да им се доселат уште муслимани. Ако доселат христијани и католици, тие немаат повеќе од 2 деца, едвај 2, нема да имаат демографски ќар од нив. Еве нека ја стават Хрватска на пример, па кое хрватско семејство ќе се сели во Русија кога може да оди во шенген кај сака и во ЕУ? Еве и утре да ја стават Македонија на листата, кој е тој што ќе остави сигурна работа овде и да оди да прави експерименти во Русија, па дали ќе најде работа, па платата е мала, па кирија треба да плати, па може јазикот не го знае. Нема логика никаква. Се оди таму каде платите се 3-4 пати поголеми од нашите, па ем да живееш таму, ем овде сите си имаат имоти каде течат режиски сметки, кои исто треба да бидат подмирени. Ем треба и пари да ти останат, тоа е поентата на одењето во странство, да ќариш, не да пополниш нечија демографска дупка. Нашиве со бугарски пасоши ќе одат по Европа кај сакаат, ќе ти иде 3 месеци во Русија, па ако му дале престој 3 години. За што да фрли 3 години од животот, кога некои со работа во Германија после 3 години тука имаат купено имоти, во смисла станови, плацеви итн.