За работа во ИТ сектор Русија многу лесно издава визи на странци и не само на тие што ќе работат туку и на нивните семејства. Имаш на официјалната страна на амбасадата кај нас. Имам познаник што живее таму. Европскиот дел на Русија е многу добар за живот и има доста можности и за бизнис и работа да се најде. Иначе тоа семејни вредности не може да биде дискутабилно ако не си човек кој дели западни морални тоест неморални вредности. Се знае што се подразбира под тоа, христијанство, брачна заедница помеѓу маж и жена и секако пар кој сака да има деца а не кутриња и мачки во раце да шета низ град.
Семејни вредности, тоа ти е жената од кујна да не излезе, да му служе на мажот цел ден. Јадење да праве и деца да раѓа.
Значи нив им фали население и сега бараат како да компензираат? По твојот опис за семејни вредности, Македонија никако ќе спаѓа во тие семејни вредности, затоа што има многу самци кои се задоволуваат да имаат секс пријатели и забава, многу разведени, тие во брак со по 1 дете, многу има дисфункционални семејства, а за вера да не зборувам, не е само да се нарекуваш христијанин, впрочем тој што е вистински верник е нешто сосема друго. Еве имам пријател што е баш верник, не пие, не пуши, нема тетоважи, тоа е унаказување на телото, нема неверства, чесен е, итн, ама тоа е еден во неколку илјади луѓе. Па многу народ шета миленици по град, имаше вчера податок колку трошат Македонците за храна за миленции, така што ние сме тотална спротивност од некои семејни вредности.
Онакви семејни вредности Тање, ко у Бугарија што забранија со закон, ЛГБТ пропаганда у школи. Шокантно.
Kaко ќе утврдиш дали некој кој сака да се досели е бисексуалец на пример? Некој млад студент може сака да студира таму и како ќе знаат дека не е геј? Што ако е атеист, а не христијанин, оти гледам и по руските градови, многу има на попис се пишале атеисти. Пример во еден град имаш 82% Руси, ама христијани се 55%, Воронеж е нешто така, сега карикирам да не копирам податоци точни.
Која будала од оваа горештина ќе оди во оној неорганизиран сибирски студ??? Па таму кола не можеш да запалиш да се повозиш ко нормален човек... Видете карта на Русија, пола е мраз, пола е муслиманскиот дел со кој крвнички војуваа едно време, на Исток проблеми со Кинезите што ги преплавија и им се населуваат нелегално на територијата... Москва, Ленинград и Владивосток останаа само да се покажат од Русија.
Не знам кој би одел да живее во Русија, (освен Сноуден и бившата министерка на Австрија). Ти прашуваше за семејни вредности. Што има врска тоа со христијани или будисти, не знам.
Парите на дрво растат у Германија. Дај не се лажете веќе еднаш. Од миграцијата вкупна од нашите македонци во последните 50 години околу 10-15 посто имаат убав живот и се средени другите само животарат.
Поентата биљо ми е дека без работа нема никаде, треба убаво да се запотиш и да се стегнеш и ќе има пари. Не дека Германија нe ја бива, тој шо неќе да работи и на месечината качи го џабе е, ама не е и дека во Германија парите растат на дрво а во Русија например ги нема.Не сум бил во Русија ама статистички гледам дека растат економски последниве 20 години. Дали е тоа така во пракса неможам да кажам оти не сум бил оти и кај нас просечна плата е 60 000 ама џабе ретко кој ја зема. За Германија после приливот на азиланти голем дел од германците летнаа по Швајцарија. Тоа шо можев да го видам е дека со една работа за јадење и основни потреби нема да умреш никогаш а тоа дека ќе набереш милиони ко тањето шо кажува ќе биде некогаш кога ќе си ги вратат работите ко шо беа а сега тешко со чест на исклучоци. Иначе ти добричка ли си внимавај на кравите заладува таму сега веќе
Aj сметај, 36 месеци, по 1.000 евра чисти нека им остануваат, тоа ти се 36.000 евра, а за тие пари во провинција имаш стан, додуша во мојот град има двособни станови за 17.000 евра, на старо, не на ново. Имот не мора да е стан, може да е плац на кој утре ќе градиш куќа итн. Знам неколку млади што купија станови, некои градат куќи итн. Овде купуваат имоти, не во Германија, ти да не помисли во Германија купиле.
Во провинција има, на старо станови за тие пари. Зошто да нема? Не строг центар, во населба на периферија има. Друго, Македонците што се во албанските гета, продаваат за смешни пари. Еве моја колешка во строг центар двособен стан даде за 20.000 евра, оти беше во албанско маало. Да не ја шириме темата не е за станови, ама знам луѓе што баш од работа во Германија си купија имоти и не е зезање, а и не е убаво да работиш надвор од државата и после години да немаш ништо стекнато.
Многу лесно е од страна да се збора. Очигледно не е така, сите мои блиски се таму можи и скоро 10 години па сеуште не сум чула таква работа... не им остануваат 1000 чисти најверојатно и тие таму се отидени да живеат не да умираат.. прашај да не е кредит во прашање
Изгледа ти подалеку од Скопје немаш излезено чим користиш провинција и мислиш ние живееме во магацини или мудбаци, па мислиш се е евтино.
Знам по колку се само ова што игра ментална гиманстика со нас на форум, неам попаметно шо да прам и си пишувам.
Jaс не сум од Скопје, од провинција сум, и не ми е навредлив тој збор. Во Велес цените на становите се на пример поевтини од тие во Битола, Куманово, Штип. Крајно и гарсоњера е имот, и плац е имот, и куќа на село е имот. Другарка ми во строг центар старо куќиче на Албанец го продаде за 15.000 евра. Старо, мал двор, од сокак во двор, ама строг центар, или реновирај, досреди или сруши, па изгради ново. Во село знам се продаде куќа со убав двор за 20.000 евра, солидна куќа, покрај пат, друга карабина во село за 20.000 евра, куќа со три соби и бања. @Realist1 епа ете, тие пари гастарбајтер ги има, тоест би требало да ги има. Мене заварувачите ми кажуваа дека во Германија земаат по 2.000 евра плата, а работат по 12 часа. Па сега ако ме лажеле, ама гледам купуваат луѓето, значи имаат. Тоест моиве дома во Хрватска пред короната да земе залет, земаа 1.200 евра сосе прекувремени часови, така што Германија е поплатена.
Па не дека не е во право, во мојот град знам за станови шо се продаваат за толку. За 30.000 - 40.000 евра се продаваат големи станови со по 2, 3 спални. Куќи има шо се продаваат за 30.000евра.