Кај има по 17 илјади евра станови? Некогаш можеби биле, јас еве кај мене во Прилеп неам слушнато за толку евтин, двособен стан стар.
Јас испод 40 ништо немам видено. Или не знам кај да гледам на пазар3, или у не знам во која година да барам. Да си ја пробам среќата по руски портали за недвижнини поарно, може ќе најдам поевтино, они ни во Нато не се
Ама Прилеп нема Албанци. Во Диво насеље во Куманово, Македонците продаваат за смешни пари, само да избегаат. Еве позади болницата Македонка на Македонец, моја соработничка продаде стан за 30.000 евра, двособен во мешано маало. А добра локација, на 2 минути од болницата пеш. И тие што се во некои мешани маала, ќе стави оглас со цена од 26.000 евра, ќе се врти една година, ќе уценуваат, ќе спуштаат, на крај за помалку ќе го даде. А старо треба да се реновира, ама поарно старо отколку никакво нели? Двособен знам се продаде за 17.000 евра, ама на поткровје, во населба која е на неколку км од центар и нормално новиот газда морал да замени дотраени врати, прозорци итн. И оттука до центар карта ти е 30 денари во еден правец, а тој што го купил, секој ден за одење на работа, ако е во центар, ќе има трошоци, ама тоа е, мора сите фактори да се земат предвид.
Се знајш бре тање ни службите не ти се рамни. Случајно да не знајш биткоин на 35000 дали че дојде да напрајме и ние обичните смртници некоа пара за стан
Добро Тање, еве сите ќе си купиме од ефтините станови во Куманово и пак наше ќе биде. Од Прилеп поарно во Куманово ќе им биде, башка братска прва пушка, значи топ. Значи, не се селиме во Русија, во Куманово другари, јуриш
Можам да ти кажам конкретно за живот во Москва: јавен превоз е ефтин,храната е нешто поевтино од тука, сметките за живеачка се поевтини, бензинот има смешна цена. Таксито им е ефтино. Всушност таму е скап само луксузот. Е сега доколку немаш место свое за живеачка мислам дека не се баш евтини кириите. За медицина и образование се поим. Колку сака и кој сака нека хејта. Интересен факт е дека таму сите скоро имаат најмалце по два факултети.Како народ се весељаци, многу пијат (дури и постарите) сакаат дружба, веселби сма стварно мене ми е мн чудно тоа што многу се пијанат на секскви прослави. Платата ако немаш некое по високо место не е нешто нај нај, ако добро памтам околу 1000/1200 евра (ама не е изгор како кај нас, основните работи за живот се мн поефтини). И мислам дека не може туку така да мигрираш, ќе ти треба работна виза а не е толку едноставно да извадиш освем ако не си во брак со руски државјанин. Имаше и на црно бело за еден друг град помал искуство од еден македонец што живее таму веќе години,можеш да пророшкаш и таму. Едит: поголемиот дел од народот се мнооогу побожни. Редовно одат на литургии,на исповеди, христијанството им е се.
Таа и таквите како неа ниту биле во Русија ниту сакаат да појдат, ама тука први се да треснат глупост и постираат хехенца, и као многу загрижени за оние кои би се заинтересирале да одат. Па како ќе најделе работа, стан, како ќе плаќале кирија, сѐ ова било сомнително оф мајко нашол кој да им мисли.
Очин инќересна... се надевам само не е со некоја задна намера за регрутација и слични бљатчики. Инаку Русија за шетање навистина има што да се види ако имате кој да ве шета и нагости за беспари или ако имате многу пари. п.с. оние кои имаат некоја романтизирана представа за Русија како заштитничка на славјанството и православието мислам дека би биле разочарани по година престој. Русија не е ништо или многу малку од тоа, но е моќна сила која со Кина ќе го предводи Истокот во времињата кои доаѓаат.
Ми текна дека еве Непалците бегаат од кај нас, туку ај што бегаат од кај нас, бегале и од Бугарија, Хрватска, земји на ЕУ, за да се догребат до Германија или некоја друга побогата земја. Значи дури и Непалец не сака да остане подолго во Хрватска, како истиот би останал во Русија на пример, иако овие се муслимани и не знам што бенефит би имала Русија од нив во поглед на демографија? Еве кој народ мислите дека со тој закон ќе прифати да живее во Русија? Срби на пример? Не верувам. Тие имаат агенции кои средуваат за работа во Словачка, Австрија, веќе е тоа разработено, а тоа е ем поблиску, ем поплатени ќе се таму. Со тој закон им нудат престој само, ама не и работа, сместување во Русија.
Na Rusija ne i ni treba takvi banditi nerabotnici so ke napraat nekolku deca i ke živeat od socijala t.e od grbot na rabotnicite, toa e politika so koja ke ja uništat Evropa ovie Evropjanite zatoa so gi pustija migrantite osobeno Merkel so Willkommen i kvičat sea od niv, so ne kažes neso za slikata so Dublin so ja postirav toa so ne ti odgovara ne go spomenuvas? Zapnala si Rusija ta Rusija loša. Bog da čuva i da brane.
Поблизок член од моето семејство живее во Русија, и никогаш не би се вратиле тука ни па живееле во еу. Од секој аспект е подобро таму отколку во еу а па да не споредам од кај нас. Ок можеби само за лгбт не би било сјајно во смисла не би можеле да стапат во брак,да посвојат дете и т.н.
Србија не дозволува геј бракови, па еве Ана Брнабиќ живее со жена, а нејзината партнерка има дете. Со сила не можеш тој што е геј да го направиш стрејт или не можеш со сила некого да натераш да има деца, може не може да има деца, а секое мешање на населението ја менува генезата на нацијата. Еве кој и е да се досели кај нив, дури и да понудат некои екстра услови, тие луѓе дури и христијани да се, и најчесни на свет да се, тие не се Руси и нема да бидат. Тоа ќе значи се помалку чисти Руси во иднина.